Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 76  Интервју

Џорџо Радиката, амбасадор на ОБСЕ во Македонија

Активно граѓанство е основа на секое демократско општество

Мисијата на ОБСЕ одбележа 15-годишно присуство во државава, кое од ваша страна е окарактеризирано како успех на регионот”.

Во кои области на тековниот развој го гледате успехот на Македонија?

Оваа држава имаше голем број успеси во текот на изминатите петнаесет години и ние во ОБСЕ сме среќни што сме дел од повеќето од тие успеси. Државата всушност многу напредна во последните шест години – од жесток конфликт, до кандидат во ЕУ. Ќе споменам неколку.

Еден од најважните успеси на државата претставува спроведувањето на полициска реформа, чија цел е развој на ефикасни и професионални полициски услуги соодветни на меѓународните полициски стандарди и пракси. Значаен чекор напред беше одлуката на владата да донесе нов закон за полиција, минатиот декември.

Од 2002 година, Мисијата помага во обучувањето на над 4.000 полициски службеници и регрути и сега сме задоволни што Министерството за внатрешни работи значително напредува во развојот на своите капацитети за обучување преку работа и помага при спроведувањето на програмата за полициско работење во заедница низ целата држава. Вашите успеси се видливи во други држави, а експерти за полициско работење во заедница доаѓаат да ги проучуваат вашите најдобри пракси.

Друго големо достигнување е префрлувањето одговорности за одржување ред на границите од страна на Министерството за одбрана на Министерството за внатрешни работи и последователното вклучување на граничните службеници во полицијата. Мисијата помогна во овој процес преку обука за граничните полициски службеници и подобрување на опремата. Денес Министерството има регионални центри за обука и нивните обучувачи продолжуваат со работата за која Мисијата им помогна да започнат. Воспоставувањето гранична полиција е клучот за заштита на територијалниот интегритет на државата и обезбедување национална безбедност.  

Со постојаното присуство на свои набљудувачи на терен од 2001 година, Мисијата исполни многу во однос на градењето доверба за промоција на мир, безбедност и стабилност. Целта е да се обезбеди функционирање на демократските структури со посебен акцент врз мешаните заедници и решавање на основната причина за тензија, како и промоција на мирољубива коегзистенција, како што е впрочем наведено и во нашиот мандат.

Транзицијата во втората фаза на децентрализацијата претставува уште едно достигнување. Вашата влада, градоначалниците и општинските власти напорно работеа со цел да успее децентрализацијата.

ОБСЕ исто така го поддржа овој процес на скромен начин на централно ниво и на ниво на локалните самоуправи. Јас се надевам на понатамошен прогрес и во втората фаза, која е уште попредизвикувачка.

Државата презеде неколку клучни чекори во борбата против трговијата со луѓе и мисијата на ОБСЕ исто така одигра улога во овие достигнувања. Едно од нив е воспоставувањето национални механизми за упатување во рамките на Министерството за труд и социјална политика и служи за помош при идентификувањето и помагањето на жртвите на трговија. Ова е само дел од  националната стратегија за борба против трговијата со луѓе, која мисијата продолжува да ја поддржува.

На крајот, би сакал да истакнам некои од достигнувањата во процесот на реформата на судството, како што е отворањето специјализирани оддели во рамките на судските и истражните институции за справување со тежок и организиран криминал и почетокот на студиите на Академијата за судии и обвинители. Да се надеваме дека именувањето четири нови членови во Судскиот совет ќе ја деблокира реализацијата на клучниот процес на реформа на судството.

Успех исто така гледам и подобрувања во изборниот процес и во непрекинатите избори кои во огромна мера ги задоволуваат меѓународните стандарди.

Еден од тековните процеси на ОБСЕ во државата е кампањата за подигнување на јавната свест „Владеење на правото – играј според правилата”. Дали (не)постоењето на владеење на правото го вклучувате во групата најголеми проблеми со кои се соочува земјата и кои се другите проблеми кои треба да се решат?

Во последните неколку години приоритет на Мисијата е поддржувањето на напорите на земјата за подобрување на владеењето на правото  и спроведувањето на реформите во судството како клучен фактор за долгорочна стабилност и безбедност на населението.

За да биде овозможено владеењето на правото во една држава, потребно е ефикасно и ефективно судство, како и почитување на човековите права од страна на сите институции и почит на законите од страна на граѓаните. Од истражувањето на јавното мислење дознавме дека постои потреба од зголемување на јавната свест за придобивките од владеењето на правото. Така, Мисијата започна кампања за подигнување на свеста, со цел да се зголеми почитта кон владеењето на правото во државата.

Кампањата беше замислена да му помогне на народот преку ТВ, радио, печатени медиуми и рекламирање преку билборди. Исто така, таа вклучува и семинари и работилници за ученици и студенти.

Медиумски покровители на кампањата се: телевизија Алсат, радио Антена 5, Канал 5, Сити радио, Клуб ФМ радио, Македонската национална телевизија, Македонското радио, телевизија Телма и рекламната компанија Акцент медиа. Фактот дека локалните медиуми го користат ударното време за емитување рекламни спотови за подигнување на јавната свест е доста охрабрувачки. Јас ова би го нарекол важна инвестиција во иднината на државата. Тие пренесуваат многу важна порака: дека почитувањето на законитоста, или „играњето според правила” не е од корист само за граѓаните, туку и за општеството во целина.

Покрај поддршката на битните судски и полициски реформи, Мисијата тесно соработува со домашните институции за справување со предизвиците на други долгорочни проблеми, како што се децентрализацијата и помош при развојот на попрофесионална медиумска средина.

Голем број граѓански организации од Македонија се вклучени во спроведувањето на Вашите активности на различни начини. Кое е вашето мислење за развојот на граѓанскиот сектор во однос на нивната меѓусебна соработка и професионализмот?

Во последните 15 години бројот и обемот на граѓанските организации значително се зголеми. Иако граѓанското општество може да се пофали со преку 5.500 организации, на граѓанскиот сектор и понатаму му недостасуваат капацитети и одржливо финансирање, особено од страна на домашни непристрасни донатори. Голем број од нив се сепак високо професионални и активно градат мрежи со други организации. Привлекуваат едуцирана младина и честопати служат како основа за нивната идна професионална кариера. 

Неколку организации работат на  значајни социјални, политички и економски прашања. На пример, ние обезбедивме поддршка за СОЖМ, која доби 30% квота во изборниот законик, што доведе до зголемен број жени во парламентот и во општинската управа. Друг добар пример е воспоставувањето силна невладина мрежа за набљудување на работата на судството и случаи на злоупотреба на човековите права, наречена Коалиција „Сите за фер судења”, која е исто така поддржана од страна на Мисијата. Освен тоа, Мисијата, заедно со други партнери, му помогна на Македонскиот институт за медиуми во развојот на своите капацитети како професионална институција за обука на млади новинари. Постојат организации кои активно работат во многу области, вклучувајќи промовирање слободен пристап до информации, како и поддршка на човековите права на ранливи групи и помош на жртвите на трговијата со луѓе. 

Што сметате дека е најважно во развојот на граѓанското општество?

Активно граѓанство, кое учествува во процесите на донесување одлуки, е основа на секое демократско општество. Способноста на граѓанските организации јасно да ги дефинираат своите цели, да ги развијат и спроведат своите стратегии и да привлечат волонтери и да служат како магнет за активни граѓани додека се финансиски изводливи, се клучните фактори во развојот на силно и успешно граѓанско општество кое треба да стане сериозен актер на национално и на локално ниво. Законот за граѓанските организации и фондации обезбедува законодавна рамка за развој на овој сектор. 

Кои се главните проритети на ОБСЕ во Македонија во наредниот период?

Во тесна консултација со домашната влада и со сите останати 55 земји членки на ОБСЕ, ние ги дефинираме нашите приоритети за наредниот период. Ќе продолжиме да & помагаме на државата во спроведувањето на судските и на полициските реформи и во процесот на децентрализација, со посебен акцент на фискалната децентрализација и на оние општини кои допрва треба да влезат во втората фаза на децентрализација. Ќе продолжиме да & помагаме на државата во спроведувањето на метологијата на полициско работење во заедниците и развој на обука на работното место на Министерството за внатрешни работи. Исто така, ќе продолжиме да работиме со нашите партнери со цел да се зајакне професионалниот капацитет на медиумите и граѓанското општество и ќе продолжиме да ја надгледуваме безбедносната ситуација и да & помагаме на државата да продолжи да ги подобрува меѓуетничките односи.

И, на крајот, но не и последно, ќе продолжиме да се занимаваме со подобрување на законодавната рамка, како и изборите, со цел да се исполнат меѓународните стандарди за вистински демократски избори.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA