|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Предавање
Перспективите на БалканотВо организација на Францускиот културен центар, во просториите на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје, на февруари, главните уредници на „Кујре де Балкан”, Жан-Арно Деренс и Лоран Жеслен, одржаа предавање на темата „Балканот: Нови разединувања или европска интеграција?”. |  |
Наградени пет фирми
Оскари за општествено одговорните претпријатијаСкопските фирми „Тинекс”, „Фармахем” и „Раде Кончар сервис”, како и „Ренова”-Тетово, „Биркарт Логистик”-Штип се победници на овогодишниот избор на проектот „Општествена одговорност на претпријатијата”, спроведен од германската агенција „Инвент” (InWent). |  |
Извештај
МАССО бара почитување на популацијата ЛГБТМакедонската асоцијација за слободна сексуална ориентација МАССО побара донесување на законот за недискриминација, кој се подготвува подолго време и со кој ќе треба да се обезбеди спречување, намалување или заштита од кршењето на човековите права на популацијата ЛГБТ |  |
Штип
Форум за општествена одговорност на претпријатијатаРаботите се подобруваат, но ниту работниците, ниту, пак, работодавачите знаат целосно што е тоа општествена одговорност на претпријатијата, гласеше заедничкиот заклучок на Форумот за општествена одговорност на претпријатијата што се одржа во Штип на 6 февруари, под покровителство на УНДП,. |  |
Глобалното село на плоштадот Македонија
“Пат околу светот за 1 ден”На плоштадот „Македонија” во Скопје на 18 февруари се одржа манифестацијата „Глобално село”, во организација на интернационалната платформа АИЕСЕК која на македонската публика и понуди одлична забава со 250 учесници од 104 земји членки. |  |
МИМ
Канал 5 доби награда на граѓанското пштествоТелевизијата Канал 5 е добитник на Годишната медиумска награда на граѓанското општество што Македонскиот институт за медиуми му го доделува на медиумот кој дал најголем придонес за развојот на граѓанското општество во Македонија во 2007 година |  |
Национален совет за евроинтеграции
Александар Кржаловски претставник на ГПМГраѓанската платформа на Македонија (ГПМ) преку својот претставник Александар Кржаловски е дел од Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ). |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|