|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
М-р Деан Донев
Етиката на дејствувањето во и на невладините организации
Поаѓајќи од констатацијата и заклучокот за она што и каква треба да биде државата, а за жал, живеејќи во свет во кој државите и оние кои ја претставуваат, многу често забораваат на ова и одговорот на разрешувањето на потребата за измена на ваквите услови доаѓа токму од оној заради кој постојат државите - граѓанинот. Имено, свесен за тоа дека веќе не може да опстојува состојбата во која тој ќе биде само инструмент на државната политика, за да го задржи својот вистински етички систем и идентитет, неговото височество - граѓанинот, изнајде начини да се организира, да најде форма преку која на таквите држави ќе им каже „не”. Таквото средство, начинот и формата за тоа толку неопходно „не”, несомнено се невладините организации кои во голема мера ги исполнија очекувањата на секој граѓанин: да влијаат врз етичкото освестување и на државата, и на власта, и на оние кои ја практикуваат неа.
Нема сомневање во оправданоста на заклучокот дека НВО-секторот е само еден од начините на дејствување и разрешување на проблемите во светот во кој живееме. Станува збор за начин кој се темели врз застапувањето, одбраната и проширувањето на човековите права и слободи. Тоа е нивната суштина, темелот на нивното дејствување и неопходната етичка последица од тоа - етичко освестување на секој од нас како граѓанин до реално, етички втемелено граѓанско демократско општество. Тоа ја докажува и потребата од повторното воспоставување на корелацијата политика-етика и обратно, на политичките дејства основани врз етичкиот критериум при нивното вреднување/оценување.
Оттука, несомнениот етички критериум според кој треба да бидат оценувани невладините организации е до кој степен тие ја исполнуваат својата функција: заштита, унапредување и проширување на човековите права и слободи. А, суштината на дејствувањето и на преземените активности за остварување на ваквите функции и цели се огледа, пред сe, во идејата и во напорот полето на човековите права и слободи да се шири во разни области и насекаде во светот. Како резултат на тоа, дејствувањето на невладините организации е нужно инспирирано од етиката, како основа и критериум за секој вид активност. Ова, пак, во практиката ги потврдува големото значење, улогата и влијанието што го имаат невладините организации денес како коректив и на локален и на меѓународен план. Повратниот ефект од вака оствареното конкретно влијание и на локален и на меѓународен план, е тоа што државите сe почесто водат сметка за ставовите на невладините организации за да одбегнат меѓународна осуда. Разгледувањето на етиката на дејствувањето во и на невладините организации, независно од целта или полето на нивното дејствување и методите кои ги користитат за реализација на зададената цел, е поради тоа што е нужно да се укаже на фактот дека терминот „невладина организација” не значи неучество во власта, туку активност втемелена врз несомнени етички вредности за да се постигне основната цел на секое граѓанско општество - властите и државата да бидат сервис на граѓанинот, а не граѓанинот да биде извор и жртва на одржување на системите.
Доследно на претходново, сосема е јасно дека без оглед на тоа дали невладините организации се од локален или од национален карактер, врз вака втемелени принципи на работа тие стануваат и глобален фактор, бидејќи со доследното придржување кон основните етички вредности и настојувањето да се изгради реалното граѓанско општество во една држава, НВО нудат и одговор за многуте прашања пред кои денес е исправен светот. Попрецизно кажано, со самото тоа, не само што се тие глобален фактор со социјално-економска и политичка последица, туку НВО стануваат и начин на живеење и размислување кој овозможува развивање таков тип на свест, независно од религиската, политичката, културолошката и сл. припадност, на глобално ниво, дека без соработка, меѓусебна толеранција, разбирање и дијалог, нема свет кој ќе биде глобално граѓанско општество втемелено врз основната цел на сечие постоење - создавање таков тип на етика во општеството која ќе го ослободи светот од опасноста од самоуништување, враќајќи ги светот и човекот кон вистинските вредности. Тоа се оние вредности кои нужно мораат да бидат во основата на дејствувачкиот механизам на целиот невладин сектор, па и поединечно кај секоја невладина организација.
Оттука, како основен постулат се наметнува изборот на добро профилирани цели врз етички вредности според кои се раководат тие, но и според кои се оценува нивната активност и се бараат соодветни резултати. Така вредноста станува израз на нашата свест за животот, за односите меѓу луѓето и за нашето постапување, но и она од што ќе бидеме проценувани и според што ќе ги проценуваме другите во нивното постапување. Ова, пак, укажува на тоа дека вредностите, реалните етички вредности, не се само инспирацијата на невладините организации, туку се и нивни модус вивенди на дејствување и постапување за да ја исполнат својата улога, целта и функцијата - да бидат етички мост помеѓу граѓанинот и општеството. Токму затоа, третиот сектор, поточно невладините организации, станаа воџ попули.
Родени од ваквата потреба, да се чуе гласот на народот, тие и станаа глас на народот и се свртуваат кон оние потреби за кои властите и државите се оглушуваат, немајќи доволно ресурси или волја да ги задоволат. Покривајќи го овој простор, овозможувајќи задоволување на ваквите потреби и исполнувајќи ја својата улога на нужен етички коректив на таквата власт, невладините организации на граѓанинот му овозможија партнерство со власта, а наедно станаа и клучен фактор без кој ниту граѓанинот, ниту власта, ќе можат во иднина да дојдат до целта на она што е глобално сознание на секоја етички освестена личност - реално, етички втемелено, граѓанско, демократизирано општество.
Потврдата за ваквата улога и значењето на невладините организации се и резултатите, не само на балканските простори, туку и глобално. Имено, тие станаа незаобиколлив фактор на мирот, демократијата, економската благосостојба, токму поради тоа што, созревајќи до сопствената етичка определеност за вистинските универзални етички вредности, како што се: борбата за заштита и ширење на човековите слободи и права, солидарноста, дијалогот, соработката, волонтерството, мирот, прво и основно, на граѓанинот му овозможија да ја преземе својата одговорност за себе и пред другите, а второ, на системите им понудија простор, преку почитување на претходнонабројаните етички вредности, да дозреваат.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|