Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Донатори

   

АМБАСАДА НА КРАЛСТВОТО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА 

Помош во процесот на транзиција на Република Македонија

Британската влада промовира политичка и економска соработка, како и поттикнување на развојот во светски рамки. Таа настојува да го помогне процесот на транзиција во Република Македонија на начин кој ги промовира и кој ги почитува правата и интересите на сите луѓе.
Преку Британската амбасада во Скопје, британската влада воспоставува соработка со македонската влада и со приватниот и невладиниот сектор, во насока на поттикнување на развојот што би ја зголемил благосостојбата на земјата и на нејзините граѓани.

Основната билатерална поддршка се обезбедува преку Министерството за меѓународен развој (ДФИД) врз основа на договорена Стратегија за поддршка, која обично се изработува за период од три години. Во моментов програмите/проектите за Република Македонија се засновуваат на времена Стратегија за поддршка која во најскоро време треба да биде развиена во целосна Стратегија. Во фокусот на сегашната билатерална програма се следните области: Ефективно планирање на политиката од страна на Владата, заради спроведување сеопфатна програма за реформи; Зголемен капацитет на Владата и останатите сегменти на граѓанското општество за дизајнирање и за спроведување праведна социјална политика; Воспоставување одржливи структури за поддршка на мали и средни претпријатија; Зголемен капацитет за извршување меѓународна трговија.

За да се остварат резултати во овие области, ДФИД поддржува повеќе билатерални проекти кои вклучуваат: Реформа на јавната администрација; Обука на претставници на македонската влада во однос на прашања поврзани со Европската интеграција, посебно прашања кои се предмет на Договорот за стабилизација и асоцијација; Помош на Владата на РМ во претседавањето со Работната група за либерализација и унапредување на трговијата; Поддршка на развојот на служби за совети и информации на граѓаните преку соработка со локални партнери; Институционална поддршка на Работната група во Република Македонија која работи на развој на Стратегијата за намалување на сиромаштијата; Развој на агенции за поддршка на мали и средни претпријатија во Тетово, во Гостивар и во Охрид.

Британската влада исто така одговори на потребите за хуманитарна помош која се додели преку Секторот за хуманитарни работи во рамките на ДФИД.

Во дополнение на основната билатерална програма, британскиот Форин офис и ДФИД, преку Британската амбасада во Скопје, обезбедуваат помош во вид на мали грантови за одржливи развојни проекти. Досега се финансирани голем број проекти кои се имплементирани од страна на локални невладини организации/останати институции во целата земја. Овие проекти се насочени кон промовирање на владеењето на законот; пристап до права, знаење и информации; подобрување на условите за лицата со посебни потреби; зголемување на капацитетот на невладиниот сектор; подобрување на социјалните услуги, зголемување на меѓуетничка толеранција, мониторинг на изборите од страна на граѓаните итн. Британската амбасада ќе продолжи со поддршка на развојот на Република Македонија.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 15 Април 2002
Број 15 Април 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Погледи
Концепти
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA