26 мај - 9 јуни
ПРЕКУГРАНИЧНО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА АКТИВИСТ-КИТЕ: Карван на жени
Во координација на француската организација Трансеуропееннес, ќе се одржи карван на жени од бившите републики на СФР Југославија и Албанија, под мотото "Придвижување на копнежот за цивилизираност", со цел да се пренесе желбата за помирување и соработка. Од Македонија, во карванот учествуваат десетина жени активни во општествениот живот, организирани преку Фондацијата Институт опворено општество Македонија, која е соработник на Трансеуропееннес во овој проект. Карванот ќе тргне од Вуковар и ќе ги посети местата кои беа најголеми жаришта на децениските воени превирања на овие простори, но и местата кои им се спротивставија на војната и омразата.
|