НАСТАНИ
ЗДРАВСТВО
„СПАС” – КРУШЕВО
Превенција и едукација за малигните заболувања
Химанитарното друштво за помош на болните од малигни заболувања „Спас” од Крушево, организираше предавање на тема „Заболување на желудниот и дебелото црево од рак, превенција и едукација”. Предавањето го одржа д-р Звонко Николоски – хирург во Клиничкиот центар во Скопје, специјалист од оваа област. Предавањето што се одржа во Здравствениот дом на Крушево, предизвика големо интересирање, а друштвото „Спас” планира слични предавања од областа на превенцијата и едукацијата од малигните болести да организира во Крушево и пошироката територија на општината, како и во соседните општини Прилеп и Демир Хисар.
М.И.
|