Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 49 Мај 2005  Интервју

интервју: Никола Писарев, проект-менаџер во Центарот за современи уметности - Скопје

Даваат резултати иницијативите кои потекнуваат од заедниците

Практично секоја локална иницијатива ја има нашата логистичка поддршка, сите ресурси на Центарот се постојано на располагање на локалните иницијативи


Центарот за современи уметности, сместен од минатата година во Куршумли ан во Скопје,  дел од својата работа ја фокусира и на културниот развој на руралните региони во Македонија. Откривањето и потенцирањето на можностите за развој на подрачјата кои поседуваат културни и природни потенцијали, претпоставувам е предизвик за работа во сегашни услови.
Согледувајќи ги потребите на малите заедници, од­носно тоталното отсуство на културни настани во нив, Центарот уште пред три години реши да започне со спроведување на една програма за културен развој на руралните региони. Практично првите две години беа пилот-фаза за да можеме да ги согледаме реалните потреби на населението и да изнајдеме модалитети како ние да се вклопиме и да помогнеме во сето тоа, но и да овозможиме потенцијали за развој на регионите. Всушност, нашите идеи за културен развој на руралните краишта се базираат на насочување на локалните потенцијали и креативни идеи. Не можете да дојдете во село и да натурате идеи, можете да организирате по некој настан како што правиме ние, селски кина и разни концерти, но тоа се настани интересни за сите, практично тоа се еден вид атрактори. Кога се работи вакво нешто, треба многу да се внимава бидејќи докол­ку иницијативите не потекнуваат од за­ед­ни­ци­те, тие не ги даваат очекуваните резултати. Секоја активност мора да произлезе како плод на  идеја на локалното население. Практично ние ини­ци­ра­ме процеси кои на крајот раѓаат ини­ци­ја­тиви што понатаму ги анализираме, канализираме и по­ма­га­ме. Ова е всушност и основниот концепт за одржлив развој кој би можел да се примени кај нас, осо­бе­но во услови кога се работи со ниски буџети, затоа што само ини­цијативите кои потекнуваат од локалните заедници се одговор на нивните потреби и  проблеми и имаат шанса за успех.

Кои се Вашите искуства од работата со организациите од руралните подрачја? Колку се отворени тие за соработка, кое е нивното ниво на прифаќање нови идеи за развој? Што им нудите?
Центарот  главно работи во руралните региони со поголем број жи­ви села, практично нашата работа ја насочуваме кон оние региони во кои постојат големи и живи села, каде има млади луѓе кои сакаат да продолжат да живеат на село и да работат на нив­ниот економски, социјален и културен развој, како и на развојот на содржините кои се одвиваат во нив. Никогаш не сме работеле во село каде што нема млади, каде што младите се иселени. Во такви краеви е бесцелно да се обидувате да работите на кул­турниот развој или на канализирање на креативните иницијативи. Доколку во еден регион отсуствува младата и средната генерација мислам дека шансите за просперитет на тие заедници не се големи. Освен ако не се работи за села кои можат да понудат извонредни туристички атракции или нешто слично и со тоа би ги привлекле инвеститорите и луѓето кои би се населиле таму, но сепак тоа е с$ уште мислена именка за Македонија.

Интересот за соработка од страна на локалните организации и дру­ги структури главно постои, интересно е дека тој постојано се зголемува во регионите каде што работиме и ги имплементираме нашите проекти. Нашата цел е да покажеме преку примери што с$ може да се направи во една заедница за нејзин побрз развој,  но одлуката за отпочнување одредени иницијативи мора да биде иницирана од страна на локалните огранизации. Кога една таква иницијатива ќе се оформи, таа веќе ја има поддршката од за­ед­ни­ца­та. Наше е потоа заедно со локалните граѓански организации или власти да ја формулираме, да & дадеме изглед, да помогнеме во изнаоѓањето средства да помогнеме во реализацијата... Прак­тич­но секоја локална иницијатива ја има нашата логистичка поддршка, сите ресурси на Центарот се постојано на располагање на локалните иницијативи. Некни, на пример, на сретсело на плош­тадот во Ростуше имаше директен пренос од изборот на песна за Евровизија. Идејата беше нивна,  ние дадовме опрема,  ре­зул­татот беше 400 луѓе на сретселото.


Одат ли вашите досегашни активности во насока на оформување една подолгорочна, специфична стратегија во анимирање на творечката енергија на граѓаните?
Формирање стратегија за културен развој на руралните региони е малку посложен процес, всушност вакво нешто нема ниту во една книга, не можете да најдете основа за вакво нешто, а кога кре­и­ра­те стратегија морате многу да внимавате затоа што ако напра­вите некоја грешка, таа може да има далекусежни последици. Сега-засега,  можеби кон крајот  на годината или до година планираме да воспоставиме соработка со организациите од регионот и од Европа кои работат на сличната проблематика, да споделиме ис­куства и позитивни и негативни, да видиме дали постојат некои заеднички алки во сите тие иницијативи, па дури потоа можеби да пристапиме кон креирање една таква стратегија. Лесно е да ги канализирате креативните потенцијали на заедниците и да до­би­е­те позитивни резултати, но требаат години за, врз основа на тоа, да извлечете заклучоци кои би ги употребиле за изработка на стратегија која би можела да биде општо прифатена.


Колку проектите што ги спроведувате во себе содржат регионални искуства, имате ли потреба од нив? 
Ако под регионални искуства подразбирате соработка помеѓу за­ед­­ниците во еден регион, тогаш имаме многу. Ниедна иницијатива не е наменета стриктно за едно село, секогаш се вклучени повеќе се­ла, па и цели општини. Интересно е што некои  региони сосед­ни на регионите каде се имплементираат проектите, покажуваат ин­терес да преземат иницијативи. Отворени сме за соработка доаѓаат, гледаат, учат. Тоа е добро и позитивно, битно е процесите да започнат.


Пролетва бевте организатори на првиот саем “Живо наследство” кој предизвика интерес во јавноста и во медиумите. Дали продолжувате да работите во истоимената програма на ФИООМ и во која насока?
Да. Центарот работи на техничката и административната ко­ор­ди­на­ција на проектот за ревитализација на Старата скопска чаршија при програмата Живо наследство на ФИООМ. Во подготовка е веб-страницата за чаршијата. Идејата за организирање на саемот про­излезе од потребата проектите остварени од локалните за­ед­ни­ци да се претстават на широката јавност, луѓето треба да доз­наат што с$ е направено, што с$ се нуди за да можат да го иско­ристат тоа. Попусто е ако имаме уредени водопади и пристапи до нив ако тоа го знаат само селаните од околните села. Колку по­веќе луѓе знаат за работите што може да ги видат, толку подобро. Само преку презентација и реклама може да се очекуваат ефекти, односно посетители на делот на проектите на Живо наследство. На пример, ако овој викенд 50-тина луѓе го посетат езерото Локуф на Дешат или Смоларскиот Водопад, тие ќе потрошат по некој денар во селата и ете ви мала финансиска инјекција. Лу­ѓе­то сами ќе се сетат да им продаваат дребулии и локални сувенир­чи­ња и прогресот е неминовен. Саемот имаше и финансиски по­зи­ти­вен ефект. Луѓето кои произведуваат традиционални предмети продадоа доста тие денови, примија и многу нарачки, тоа е голема работа за производителите. Ним не им е проблем производството, туку пласманот. Со оглед на сето ова, се надеваме дека и следната година заедно со ФИООМ повторно ќе организираме еден ваков саем.

 

Катерина Богоева

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA