РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Прва НВО лоби-група
По иницијатива на Регионалниот центар за животна средина од Унгарија, во декември минатата година беше формирана првата македонска НВО лоби-група во која учествуваат 12 претставници на здруженија на граѓани кои работат во областа на животната средина. Оваа лоби-група е формирана со конкретна цел - да лобира за имплементација на Архуската конвенција која е ратификувана од нашата држава. Лоби-групата веќе имаше средба со претставници на неколку државни органи на кои им достави листа на барања што се во насока за создавање услови за примена на оваа Конвенција во практиката.
|