ЗДРУЖЕНИЕ НА ПОЛИТИКОЛОЗИ
Прво македонско он-лине списание за политика
Здружението на политиколозите на Македонија минатиот месец почна да го подготвува првото македонско академско, тримесечно електронско (on-line) списание за политика, кое е веќе поставено на Интернет. Списанието New Balkan Politics излегува на македонски и англиски јазик, а неговата адреса е: www.newbalkanpolitics.org.mk Главен уредник на списанието е д-р Мирјана Малеска. Редакцијата и издавачкиот одбор е составен од афирмирани научници од Скопје, Белград, Софија, Тирана, Бања Лука, Сарево, Болоња, Будимпешта, Принстон и Вашингтон.
|