Десет години давање грантови - што научивме?
Џон Блит од Фондацијата "Мот" е еден од оние индивидуи кои Хелена Акерман ги опишува како "институции сами по себе во својот регион". "Алијанс" го прашува дали има некои совети кои би ги поделил со другите во врска со давањето грантови во Централна и Источна Европа и во Русија. Еве што одговори Дојдовме до сознание дека повеќето начела за добра распределба на грантови кои важат за нашите домашни операции исто така имаат смисла и во ЦИЕ и Русија. Но, постојат и некои битни разлики.
Вистински потпрете се на „пешачката” филантропија. Не постои алтернатива за времето минато на терен за да се разберат локалните теми, културата и организациите и за да се создадат важни контакти. Доцна увидовме дека нашите грешки најмногу се должат на донесувањето одлуки за финансирање во Флинт или во Прага, врз основа на шармот и познавањето на англискиот јазик на апликантите и/или на предлози без доволно теренска работа. Учевме преку таквите грешки. Бидете подготвени да трошите значителен дел од времето на персоналот. Поради потребната теренска работа и културните, јазичните и сродните проблеми, вклучувајќи ги и законските рамки за давање грантови во странски земји, трошиме најмалку 30 отсто повеќе време од проект кога работиме во ЦИЕ и Русија, споредено со нашите домашни проекти. Бидејќи просечната големина на грантовите во регионот е помала отколку во Соединетите Американски Држави, потрошеното време на персоналот расте во сооднос и со бројот на грантови и со доделените фондови. Бидете претпазливи кога се потпирате на западните добитници на грантови, на агендите и програмите. Иницијативите од Запад ретко имаат смисла за целите врзани за промените во политиката, институциите и заедниците во регионот. Да се доведат „Мариот бригади” од западни консултанти во Варшава (отседнуваат во хотелот „Мариот”) врз договор со ЕУ или западен донатор има малку смисла ако домородните организации не учествувале во дизајнирањето на програмата и не ја побарале нивната помош. Не правете компромиси за одговорноста. Некои западни донатори можат да паднат во искушение да ги олабават побарувањата спрема добитниците на грантови во земјите во транзиција или во развој. Ова испраќа погрешен сигнал. Од добитниците на грантови мора да се очекува да дадат се` од себе за да ги постигнат целите на грантот и цврсто да се држат кон известувањето и другите побарувања врзани за доделувањето на грантот. Исто така, донаторите треба да бидат транспарентни, со политика за доделување грантови кои се јасни и лесно разбирливи. Бидете внимателни во врска со прекумерното финансирање. Во некои поставки, како Босна и Херцеговина и Косово, западните донатори (особено мултилатералните тела) можат да бидат обвинети за вакво нешто. Сетете се на метафората дека финансирањето е како ѓубривото; премногу ѓубриво го попречува растењето. Прекумерното финасирање исто така ја охрабрува недоволната употреба на виталните ресурси и неодржливите инвестирања. Донаторите треба редовно да комуницираат меѓу себе за да го одбегнат прекумерното финансирање на иста организација или проект и внимателно да го разгледаат капацитетот на добитникот на грантот. Барајте локални влогови како услов за грантот при проекти стационирани во заедници. Грантовите за проекти кои влијаат врз локалните заедници треба да бидат склучени само со претставително локално раководство кое е вклучено во проектот и, во повеќето случаи, со одредено финасирање и придонес од страна на заденицата. Ова особено доаѓа до израз кај фондациите на заедницата, кај организациите за развој на заедницата и слични групи. Одгледувајте го партнерсвото со другите донатори и со домашните посредници. Еден од најуспешните програми коишто ги подржал „Мот” е „Еколошкото партнерсто на Централна Европа” - долгорочна соработка помеѓу западните донатори и четири домашни посреднички организации кои станаа многу успешни – идеја која се роди пред многу години кај двајца програмски службеници од германскиот „Маршал фонд” и „Фондот на браќата Рокфелер”. „Мот” остварувал партнерства со бројни други донатори, вклучувајќи го и Институтот Отворено општество и членовите на регионалната мрежа на Сорос, Фондацијата „Добротворна помош„, Фондацијата „Крал Бодуен” и со други европски финансиери. Уште повеќе, бидејќи не сме поставени за да даваме мали грантови за локални проекти, ние формираме партнерства со национални или регионални посредници, кои за возврат многу успешно раководат со теренската прераспределба на грантовите. Останете со успешните добитници на грантови подолг период. Ние не се воздржуваме да развиваме финансиски врски со добитниците на грантови кои си ја вршат работата и за период од пет до десет години. Натаму, ние веруваме дека доделувањето континуирана генерална (суштинска) поддршка одговара за некои НВО со мисии кои се критични за нашите цели. Имајте предвид да користите мешавина од странски и домороден персонал и консултанти. Како американски донатор со трајно вработен персонал во регионот од седуммина, ние во моментов имаме тројца од Северна Америка, еден од Западна Европа и тројца од регионот. Нам ни треба разбирање на културата и системите на нашата фондација која е базирана во САД, исто како и знаењето и искуството кое произлегува од постојаното жителство на една нација во регионот. (Alliance, 2000) Џон Блит е програмски директор на Фондацијата „Мот” одговорен за ЦИЕ и Русија од 1995 година. Со него може да се стапи во контакт на john.blyth@ecn.cz или на CS Mott Foundation, Zitna 8, 120 00, Praha 2, Czech Republic).
|