ПИСМА Почитувани пријатели, Пред Вас е новиот Граѓански свет, нов не само заради тоа што е ново издание, туку и поради тоа што за прв пат се појавува на 24 страници и со неколку нови рубрики. Интегрираното гледање на граѓанското општество, излегувањето од рамката Македонија, го пресликуваме и на страниците на нашето и ваше списание. Мислиме дека на овој начин, со вклучувањето на текстовите од Балканот, од Европа и од светот, ќе овозможиме една поширока слика на секторот во кој работиме, а кој не може да се гледа изолирано во рамките на само една држава, посебно не денес кога се во тек сите процеси на интеграција.
|  |
|