среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 4

   

Елеонора Стојкова

Волонтерството во Република Македонија

Историјата на волонтерството во Македонија не започнува со ангажирањето на волонтерите во граѓанските асоцијации и организации. Иако акцентот на него е ставен со интензивирањето на активностите на граѓанските орга­низации, коишто неминовно ја вклучуваат и волонтерската работа.

Историјата на волонтерството во Македонија може да се поврзе уште со работните акции во повоениот период кога доброволно, посебно младите луѓе, придонесуваа за обновувањето и изградбата на Република Маке­донија. Историјата на волонтерството продолжува и со акциите за добро­волно дарување крв организирани од Црвениот крст на Македонија. Но, ако говориме во контекстот на волонтерството и граѓанските асоцијации, тоа е од понов датум и почнува некаде во раните 90-ти години на дваесеттиот век.

Сепак, историјата на вистинското волонтерство во државава може да се поврзе со СОС-телефоните за помош на деца и младинци кој започна со работа во 1993 година и СОС-телефонот против насилство на жената и децата отворен во 1994 година.

Во периодот на комунизмот, луѓето во некои држави биле принудувани да вршат “волонтерска работа”, која делумно го дискредитирала волон­тер­ството.

Волонтеризмот од латински (волунтас - волја) е индетерминистички идеа­листички правец кој ја зема волјата како основен и изворен принцип на с$.

Филозофски, тоа може да биде од објективистички и субјективистички вид. Според првиот, целиот свет, целата природа претставува во суштина отелотворување на општиот слеп нагон или волја (Шопенхауер) или волјата за моќ (Ниче), по вториот, субјективната човекова волја и свест претставуваат свет како објект (Фихте).

Психолошки, Вунт, Липс, Фројд и др. ја сметаат волјата како примарна и суштинска страна на општествениот живот.

Социлогијата и општествената наука воопшто ја негираат објективноста на законот на историјата и историскиот процес го сведува на дејност на одделни големи личности по кои одат масите (Карлајл) руски анархисти и народници, некои советски теоретичари на сталинистичката епоха.

Но, волонтеризмот како укажување на значењето на волјата на човекот, но и волјата за “моќ”, не може да се отфрли бидејќи волјата е еден од факторите на формација на политиката и елемент преку кој се пристапува на познавањето на одредени акти на политиката, па и политиката воопшто. Вредностите не се субјективни во таа смисла што би биле предмет на мислење на поединецот, туку се објективни зашто живеат во луѓето и се остваруваат (иако никогаш потполно) во човековите дела и во општествените, политичките и другите институции на заедницата. Вредностите важат зашто се поставуваат како идеални норми кои луѓето, општествените групи и политичките движења настојуваат со својата дејност да ги реализираат истите.

Во понатамошниот текст се наметнува потребата за поблиско терминолошко дефинирање и опис, како и објаснување на појавата на волонтерството и на самиот термин “волонтер”.

Во секојдневната употреба терминот “волонтер” означува лице кое дава услуги во корист на други лица, без соодветен надомест. Додека некои лица донираат парични средства на организации, проекти заради реализирање определени цели, други лица го донираат своето време, енергија и талент. Во оние држави каде што волонтерството се дозволува и се поттикнува, волонтерите можат значително да го зголемат обемот, влијанието и капацитетот на граѓанските организации, додека пак овие организации можат да им овозможат на волонтерите повеќе значајни можности да се ангажираат во општествени услуги и да ги развиваат нивните способности.

Волонтерите и нивните организации можат да бидат засегнати од бројни закони, како директно, така и случајно. Некои држави од Централна и Источна Европа изработија или усвоија закони во кои специфично се дефинираат и регулираат волонтерските активности. Сепак, во голем број држави, волонтерите и организациите кои ги користат нивните услуги можат, на нивна штета, несвесно да бидат предмет на регулирање закони кои не се специфично наменети на волонтерите, како на пример законите за работни односи, законите за договорни односи и законите за социјални олеснувања.

Како што е наведено подолу, Македонија спаѓа во втората категорија држави од причина што не постои посебен закон кој го регулира или уредува волонтерството, што пак како резултат предизвикува неправилна примена на останатите закони во случаите во кои се вклучени волонтерите. Постојат примери на забуни кои се однесуваат на основниот аспект на волонтерството, односно во поглед на прашањето дали волонтерите треба да добијат надомест во владиниот и граѓанскиот сектор. Оваа забуна, како и недостатокот на законска дефиниција или разбирање на концептот, преставуваат пречка за напорите за поттикнување на развојот на граѓанското општество преку ангажирање на волонтерите. Измената на постоечкото законодавство или донесување нов закон кој се однесува на волонтерите претставува сериозен чекор во таквите напори.

Волонтерите и волонтерството во Македонија

Преводот на двата македонски термини “доброволец” и “волонтер”  на англиски јазик го  означува терминот “волунтеер”. Терминот “доброволец” попрецизно означува “лице кое дејствува според слободна (добра) волја”. Терминот “волонтер” е преземен директно од англискиот јазик и почесто се користи од граѓанските организации. Двата термина може да се користат за означување лица кои работат или даваат услуги слободно и без надомест. Секојдневната употреба на термините демонстрира дека постои култура на познавањето на концептот на волонтерството и на нормите кои го опфаќаат онака како што е неговото меѓународно значење.

Со некои определени исклучоци, граѓанските организации во Република Маке­донија не регрутираат влонтери, редовно на еден формален и организиран начин. Сепак, многу од нив во својата секојдневна работа ги искористуваат волонтерските услуги, а  некои од нив, пак, посветуваат вни­мание на волонтерите, како потенцијален извор на помош при работата, пре­ку изработка на принципи и упатства за работа со волонтерите.

Во Европа преовладува мислењето дека одржливиот развој на граѓанските организации е можен преку волонтерскиот пристап во нивните активности.

Друг пример за ставот на организациите кон улогата на волонтерите е Нацрт-кодексот за заштита на децата, кој во моментов се подготвува од страна на Првата детска амбасада во светот - Меѓаши. Кодексот ги содржи основните принципи за вработените и волонтерите за работа со деца и со тоа го прифаќа и го промовира волонтерското ангажирање во орга­низациите.

Додека граѓанските организации во Република Македонија ја користат и ја земаат предвид непроценливата помош на волонтерите, согласно на традиционалниот концепт на волонтерството, сепак меѓу граѓанските организации постојат очигледни нејаснотии и во однос на прашањето дали истите треба да бидат платени.

На пример, група граѓанските организации неодамна изработи и издаде “Прирачник за развивање програми за волонтери”. Овој прирачник опфаќа разни прашања кои се однесуваат на волонтерите, како што се регрутирање, обука, мотивација, контрола и оценка на волонтерите, и вклучува оддел за правата и обврските на волонтерите. Меѓутоа, значајно е да се напомене дека овој прирачник содржи нејасни и збунувачки изјави во поглед на основната карактеристика на волонтерите како лица кои своите услуги ги давваат без надомест. Затоа, додека во Прирачникот волонтерството е наведено како “најдрагоцена неплатена работна сила” истовремено се споменува дека волонтерите очекуваат определен вид “надомест”, кој, пак, може да биде во форма на економски придобивки (парична награда или хонорар). Понатаму, Прирачникот содржи модел на волонтерски договор во кој се препорачува дека доколку граѓанската организација поседува финансиски средства, истата треба да вметне одредба во договорот со која на волонтерот му се дава право на надоместок, кој, пак, може да биде исплатен еднократно или периодично.

Во неформални разговори со високи служби во Министерството за труд и социјална политика се истакнува дека волонтерите како формално невработени лица немаат право на надомест, потребно е да бидат платени, бидејќи во спротивност тоа би претставувало злоупотреба на трудот.

Волонтерството - правна рамка и регулатива

Во Република Македонија не постои закон кој на еден сеопфатен начин го регулира или уредува волонтерството. Сепак, некои закони опфаќаат определени прашања поврзани со волонтерите и волонтерската работа. Законот за социјална заштита, кој претставува правна рамка за доделување социјални бенифиции заради заштита на определени лица  (како на пример сиромашните и старите лица, инвалидите и сл.) ја вклучува волонтерската работа како средство на програмата за справување со социјалните проблеми. Законот за социјална заштита ја наведува волонтерската работа како работа која е извршена “со лично ангажирање и без надомест”.  Иако во законот се нагласуваат трите основни елементи на волонтерството (лично ангажирање, за корист на други лица и без надомест), во останатите членови на истиот не се споменува концептот на волонтерството, правата, обврските, користа или ограничувањата на волонтерите.

“Колективните договори” во својата суштина се договори за работа и го споменуваат терминот “волонтерски приправници”. Како што ќе биде објаснето, употребата на терминот “волонтер” во комбинација со терминот “приправник” може да претставува извор на некои забуни споменати претходно, а се однесуваат на надоместот на волонтерите.

Експертите по трудово право под терминот “волонтерски приправник” ги сметаат лицата кои нема да се стекнат со статус вработено лице, но сепак треба да имаат право на надомест.

Традицијата на концептот на платени приправници и употребата на терминот “волонтерски приправник” во колективните договори од страна на правниците кои се занимавааат со трудово право често прават забуни во однос на улогата на волонтерите и нивниот работен статус. Вториот извор на забуна е релативната реткост на формалниот волонтеризам во Република Македонија, при постоење висок степен на невработеност. И покрај забуните и нејаснотиите, недостатокот на правна рамка за волонтерството може да предизвика штета за напорите за зацврстување на граѓанското општество кои се насочени кон поттикнување на волонтерството. Недостатокот од  закони и прописи кои директно ќе ги опфатат прашањата кои се однесуваат на волонтерството придонесува волонтерите и организациите кои ги користат нивните услуги да бидат предмет на регулирање закони кои го ограничуваат, санкционираат или обесхрабруваат волонтерството.

Законите може да имаат и негативно влијание на волонтеризмот во Република Македонија.

Теоретски, волонтерството не означува воспоставување работен однос и од таа причина волонтерите и организациите за кои работат тие не се предмет на регулирање на законите кои се однесуваат на работните односи. Формалниот волонтеризам во Македонија не е регулиран со норма. Од друга страна, работните односи се детално регулирани. Со ова би се предизвикало намалување на интересот на организациите во ангажирање волонтери од причина што кај истите би постоел страв од повреда на законите.

Скоро секој договор помеѓу организациите и волонтерите кој произлегува од Законот за работни односи или пак од колективните договори - работа без надомест како најочигледен пример, би можело да биде предмет на санкционирање на организациите за повреда на законот за работни односи. Таквата “повреда” би можела да се утврди преку редовните инспекции, преку известување од незадоволното трето лице, или пак истата би можела да биде резултат на несогласувањата кои произлегле од волонтерскиот однос.

Се разбира дека некои одредби од законите кои се однесуваат на работните односи и на другите поврзани закони кои имаат влијание на вработените лица би можеле да претставуваат заштита на волонтерите на начин којшто би бил прифатлив - на пример, одредбите кои даваат определени олеснувања или предвидуваат целосно информирање за штетните услови околу работата на вработените. Измените на постоечките закони или донесувањето на законите кои специфично го засегаат волонтерските прашања, би можеле да ги опфатат овие одредби од Законот за работни односи. Сепак, екстензивната примена на овој закон на волонтерите не само што ги доведува работодавците и волонтерите во опасност од повреда на Законот за работни односи, туку и ја ослабува едната од основните предности на волонтирањето: флексибилноста на волонтерското ангажирање. Затоа, со цел да се заштитат организациите и волонтерите од повреда на законите кои се однесуваат на работните односи и да се максимизира потенцијалот на волонтерството, волонтерите не би требало да бидат предмет на регулирање на законите поврзани со работни односи, туку истите би требало да бидат уредени со општите закони за договорни односи.

Законот за облигациски односи на Република Македонија ги регулира договорните односи. Истиот не го содржи волонтерскиот договор како посебна категорија договори.

Согласно на ова, на волонтерите и на организациите теоретски им е дозволено да го уредат нивниот однос со договор според Законот за облигациски односи. Законот за работни односи би можел да преовладее над договорните одредби и Законот за облигациските односи, доколку судот или трудовиот инспектор одлучи дека всушност станува збор за работен однос.

Сепак, претпоставувајќи дека волонтерскиот договор не би бил “спротивен” на Законот, одредбите од Законот за облигациски односи би можеле да се применат на секое ангажирање на волонтерите од страна на организациите, затоа што во истиот би се прифатило дека волонтерите се разликуваат од вработените лица и би им се дозволило на волонтерите и организациите да одлучат самостојно за условите кои би биле содржани во нивните договори. Но, во постоечките околности, примената на Законот за облигациски односи, наместо примената на закон кој би ги опфатил специфичните аспекти на волонтерството, би можело да предизвика некои проблеми за волонтерите и за организациите.

Недостатокот на Законот за облигациски односи на волонтерството е дека истиот не ја разјаснува докрај дефиницијата на волонтерите како лица кои не примаат надомест. Прашањата кои се однесуваат на волонтерите треба да се регулираат со договор за дело (во пракса, во Македонија обично се регулираат со договор за дело) и со тоа да бидат во делокругот на Законот за облигациски односи. Сепак, договорот за дело претпоставува надомест за извршената услуга - фактор кој е спротивен на најосновната карак­теристика на волонтерството.

Проблемите би произлегле во оние случаи кога волонтерскиот договор не содржи целосно јасни одредби договорени помеѓу страните и/или доколку истиот не е склучен во писмена форма, кој случај, всушност, најчесто би се среќавал во практиката. Тој најчесто се среќава во практиката во Република Македонија.

Правниот систем во Република Македонија не ги уредува прашањата кои се поврзани со волонтерството и создава забуни и нејаснотии со употребата на терминот „волонтерски приправник”.

Иницијативата за специфично признавање, дозволување, поттикнување и уредување на волонтерството или преку измена на постоечките закони или преку усвојување нов, посебен закон, е значајно прашање во поглед на обидите да се зацврсти граѓанското општество преку користење на добрата волја на волонтерите. Потребни се и измени на даночните закони и законите за социјални бенифиции, со цел да се обезбеди опфаќање на прашањата кои се однесуваат на волонтерите.

Измените или новиот закон треба да ги имаат следниве елементи;

-    признавање на правниот статус на волонтерите, јасна одредба со која се дозволува волонтерството и формална законска дефиниција за волонтерите којашто соодветствува на следната дефиниција: „лице кое своите услуги ги дава за корист на други лица слободно и без надомест”;
-    договор за волонтирање којшто ќе содржи минимум специфични права и должности и ќе обезбедува општи упатства во поглед на соодветни одредби за волонтерскиот договор и кој ќе дозволува волонтерите и организациите да го дефинираат нивниот однос;
-    заштита на бенифициите кои ги добиваат волонтерите во случај на невработеност;
-    измена на даночните закони со што на организациите би им се овозможило да ги одбиваат трошоците кои се поврзани со волонтерите.

Мотивација и профил на волонтер во Македонија

Врз основа на интервјуата што беа спроведени со цел да се дознаат ставовите и мислењата на самите волонтери, еве го описот и објаснувањата што ги дадоа тие на прашањето “Бидете љубезни и дадете ми опис на профилот на волонтерот?”. Следуваат заклучоците од истите.

Волонтер е вообичаено млад  човек (студент, средношколец), иако имало и случаи кога тој може да биде и повозрасен човек. Значи, возрасната граница е  помеѓу 20 и 30 години, а повеќе години се исклучок. Примарно е  индивидуата (кандидат за волонтер) да изрази желба за тој вид активност. Вообичаената практика кај повеќето граѓански организации во Македонија е по изразената желба на поединецот за волонтирање да се прифати од истата. По ова, секое од прифатените лица поминува низ одредени подготвителни фази, група предавања, тренинзи, работилници за, на пример, ненасилна разработка на конфликт, семинар за стратешко планирање и друго. Обуката во последно време се врши под надзор (супервизија) на стручно лице.

Секој волонтер си има индивидуален процес на обука и тек на развој. Индивидуално е кога некој кандидат ќе стане вистински волонтер.

Според образовната структура, тоа се најчесто студенти, и тоа на хуманистичките науки. Правилата на однесување и постапување - на пример, кај волонтерите кои работат на СОС-телефоните (СОС-служба) се следниве: 1. Треба да се прифати секој што се јавува; 2. Да се најде најдобро решение за јавувачот; 3. Не треба да се наметнува решение. Преку примери, треба да се најде решение. Вообичаено не се делат совети и готови решенија; 4. Самиот јавувач да си дојде до решение; 5. Не се обвинува никој; 6. Анонимноста е загарантирана; 7. Ако не може да помогне, волонтерот го пренасочува јавувачот до други служби или институции; 8. Не се практикуваат средби лице в лице, иако во одредени случаи тие средби помагаат.

Покрај карактеристичната желба на кандидатот за волонтирање, други карактеристики што треба да ги има се: да не се идентификува со насилникот(ако се работи за волонтер на СОС-телефонот против насилство врз жената и децата), потоа да има брзина, размислување, концентрација, способност за слушање, да дава правилни одговори и насоки на јавувачот, да го поттикнува истиот, да има одредена техника на говорење.

Пошироки карактеристики што треба да ги има волонтерот се постојана активност, постојано да придонесува, да дејствува позитивно во групата врз другите волонтери. Понекогаш во оваа работа може да дојде до презаситеност и кога волонтерот ќе го почувствува тоа, може слободно да излезе или да се откаже од волонтерската работа без никакви последици.

Мотивацијата е општ термин со кој се означува динамиката на процесот на внатрешната условеност на поведението на човекот. Мотивацијата е ознака за комплекс од фактори што го насочуваат и условуваат поведението на човекот.

Голем е бројот на мотивите заради кои луѓето се одлучуваат да волонтираат:

-    активно користење на времето со општествена ангажираност;
-    самоисполнување и надоградба на своите знаења;
-    стекнување нови технички и вештини, како на пример волонтерките што работат на СОС-телефоните во Сојузот на жените на Македонија посетувале бесплатен семинар за комуникациски вештини;
-    како мотив доминира и мотивот за учење, потојано учење;
-    запознавање нови луѓе.

Интересено е кажувањето на еден дипломиран психолог кој не може да наје работа и излезот токму го наоѓа во волонтерската работа.

Во интервјуата спроведени со млади луѓе од различни профили, пример: дипломиран психолог, дипломиран економист, магистер по земјоделски науки, во неможност да најдат работа, својот проблем привремено го решаваат со волонтерството. Така, се чини дека со текот на времето тоа станува нивна секојдневна неприсилна обврска, а би се рекло и потреба.

Слободно може да се заклучи дека во ситуација на голема невработеност во Република Македонија каде што припаѓаат, за жал, и многу високообразовани кадри, волонтерската работа ја ублажува оваа состојба, па би се рекло и се истакнува и како неопходна и неминовна опција на многу од горенаведените кадри и профили. Но, никако не ја намалува невработеноста во нашата земја, бидејќи повеќето волонтери работат без никаков финансиски надомест и не можат физички да се издржуваат од овој вид работа.

Мотивите заради кои се прифаќа волонтерската работа се тие што истата им помага во понатамошната професија и професионален развој, ако се работи за студенти, а ако се работи за средношколци, во нивно понатамошно професионално насочување, иако оваа работа некои од волонтерите ја прифаќаат и ја гледаат како “отскочна штица” за нивната идна работа, или за личен профит.

Втор мотив е стекнување практично искуство, нешто да научат во областа на својата струка. Бенифициите се единствено што се плаќа превозот, во финансиска смисла.

Во Македонија постојат програми кои нудат размена на волонтери во регионот, поттик на волонтерството кај нас и во регионот, во смисла на волонтерска меѓународна соработка.

Може да се забележи дека волонтерите, генерално, во Македонија и волонтерите од регионот и пошироко не се разликуваат многу по своите права, обврски, мотивација и очекувања. Но, важно е прашањето на волонтерството да се регулира со закон од причина што истите ретко се информираат за спецификите на нивната работа, нивните права и особено за фактот дека тие ќе бидат ангажирани во сфера соодветна на нивните способности и интереси, квалификации, знаења и струка за која учат додека се студенти.

Во секој случај, мора да се признае дека нема „точни” одговори за прашањата кои се однесуваат на волонтерите, секоја земја си има свој сопствен пат на формирање и на развој на волонтерството, па тоа е случај и со граѓанските организации во Република Македонија. Прашањето за волонтерството останува отворено прашање на кое постојано и во континуитет треба да се работи и придонесува во Македонија и од страна на граѓанските организации и од страна на непосредните учесници во волонтерската работа, т.е. волонтерите, како и со учество на државата Македонија.

 



Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA