|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Во организација на Мултимедија
“Децентрализација на културатра и локална културна политика”
Центарот за изведувачки уметности Мултимедија од Скопје од 12 до 14 декември во Охрид, во рамките на проектот ,,Зајакнување на локалните културни институции во Р Македонија”, ќе ја одржи првата од двете работилници на тема: “Децентрализација на културата и локална културна политика”. Проектот претставува внимателно дизајнирана тренинг-програма за директните учесници во процесот на децентрализација на културните институции во Република Македонија, финансиски поддржан од Министерството за култура, од Европската културна фондација и од Канцеларијата за односи со јавноста при Американската амбасада во Скопје.
Целна група на обуката се градоначалници, советници во локалната власт, директори, вработени во локалните културни институции и локалните граѓански организации (ГО), на кои треба да им бидат понудени информации за процесот на децентрализација, како и нови и современи модели на одлучување, планирање, организирање, управување, прибирање финансиски средства и работа. Обуката треба да придонесе за зголемена независност, одржливост и пред сe успешна транзиција од централно кон локално ниво и креирање и спроведување културна политика во македонските локални заедници.
“Многу важен дел од проектот Зајакнување на локалните културни институции во Р Македонија е и делот на создавањето на локалните културни политики во чиј процес ќе бидат вклучени: опшините, културните институции и локалните ГО. Вреди да се спомене и создавањето на мрежата на културни институции преку којашто ќе ги споделат знаењата и искуставта преку взаемна поддршка и соработка. И, последно, но не и помалку важно, е создавање амбиент за подобар живот на граѓаните” - потенцираат членовите на Мултимедија.
К.Б.
|
Економски форум
Подобрување на управувањето со општинските буџети
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, во соработка со Центарот за економски анализи, на 16 и 17 ноември 2005 година организира Економски форум на тема “Подобрување на управувањето со општинските буџети”.
Овој Форум претставува надоврзување на прашањата коишто беа опфатени со работилницата “Мерење на фискалниот капацитет на ЕЛС во Република Македонија”, одржана на 24 и 25 февруари 2005 година во Скопје. Посветен е на децентрализацијата, од причина што се работи за една од најголемите системски реформи во поновата независна историја на Република Македонија. Тема на вториот економски форум е: да ги идентификува клучните реформи во буџетирањето на локално ниво, и преку конструктивна дебата да им понуди конкретни препораки на претставниците на општинската администрација. Целната група на овој настан се повисоките претставници на општинските власти (градоначалници или претседатели на совети), но не е исклучено учеството на државните службеници квалификувани да работат во областа на финансиското управување или на утврдување и наплата на локалните даноци.
М.И
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|