Донатори ПРОГРАМА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА - АМПЕП
Одговор на прашањето: “Зошто ви се пари?”
Програмата за намалување на сиромаштијата во Македонија и Албанија - АМПЕП, е невладина организација финансирана од шведската владина агенција СИДА (Шведска асгенција за соработка за меѓународен развој). Таа е програма за прекугранична соработка и се спроведува веќе пет години, преку своите канцеларии во Охрид, Македонија и Корча, Албанија. Иако е финансирана од шведската влада, вниманието на АМПЕП е пред с$ фокусирано на локално ниво и работи одделено од донаторите, владините агенции и другите големи организации. Филозофијата на АМПЕП е да го насочи вниманието од барањето пари кон наоѓањето решенија, со цел да им помогне на селаните да сфатат дека и самите можат да сторат нешто, без помош од надвор. Организацијата, така, на селаните им го поставува прашањето: зошто ви се пари? Бидејќи, парите не решаваат с$. Еден пат може да се поправи без помош од страна, селаните можат да го организираат собирањето на сметот. Она што е потребно, е организираност и мобилизација, а тоа се областите каде АМПЕП може да помогне. Во оваа организација веруваат дека, во ова време во кое надлежните органи, и на локално и на централно ниво, се преоптоварени со работа, потребно е да се зајакне самоорганизираноста на селаните за да се постигнат позитивни промени. Па, како тоа може да се стори? Во општините Сопотница, Долнени и Ресен во Македонија и Лекенас, Појан и Виткук во регионот на Корча во Албанија, АМПЕП има свој персонал, кој таму и живее. Преку редовните средби со селаните, организацијата дознава кои се нивните потреби и проблеми. Понекогаш с$ што е потребно е да им се помогне на луѓето да се организираат себеси да решат определен проблем, во други случаи им се дава поддршка на селените при контактирање со локалните власти, така што тие за возврат самите можат да се справат со проблемот. Како додатна полза од овој начин работа, селаните се зближуваат со локалните власти, така што можат да работат заедно и да ги подобрат општеството и локалната демократија. Но, со оглед дека АМПЕП е прекугранична програма, решенија се бараат и на другата страна на македонско-албанската граница. Така, на пример, со посредство на оваа програма е остварена соработка меѓу универзитетите во Битола и Корча, кои сега ја планираат идната соработка. Премостен е јазот помеѓу граѓаните и властите и помеѓу луѓето од Македонија и Албанија. Во иднина, информациите кои се собираат на локално ниво ќе бидат проследувани до министерствата и парламентарците, така што и тие ќе можат да земат учество во процесот кој сега започнува на ниво на селото.
(За понатамошни информации за АМПЕП, посетете ја веб-страницата њњњ.ампеп.орг.мк)
|