Медиуми ИМОР Градиме мостови преку граници
На меѓународниот натпревар “Stockholm Challenge”, во октомври годинава, проектот “Градиме мостови преку граници со користење компјутерска и комуникациска техника и проектно ориентирано учење”, здружението на граѓани “Интернационална мрежа за образование и ресурси” - ИМОР од Битола го избори своето место меѓу 20-те финалисти, во конкуренција на 600 проекти од 78 држави од целиот свет.
“Stockolm Challenge” е престижна меѓународна програма која привлекува корисници на компјутерска и комуникациска техника од целиот свет и ги наградува најдобрите проекти преку кои се практикува информациската технологија. Овој проект се натпреваруваше во сферата на образованието, која беше една од шесте категории: “e-Government”, здравство, култура, образование, “е-бизнис” и животна средина. Целта на овој проект е да се оформи мрежа на млади луѓе од Македонија и Албанија кои ќе работат на подобрување на комуникацијата меѓу себе. Проектот е поддржан од Програмата “InfoYouth” на УНЕСКО и Националната комисија на УНЕСКО во Македонија. Партнер на ИМОР е Техничкото училиште “Hurry T. Fultz” од Тирана, Албанија. Проектот опфати обуки за “on-line” работа и етика на комуницирање, а темите на кои беше договорено да се соработува со “Комуникациски технологии” и “Теми за младите”. Овој проект овозможи подобрување на споспобноста на учениците да соработуваат, ја поттикна нивната социјална одговорност, ги обучи за подобро разбирање на современото информациско општество, ја подигна мултикултурната свест и изгради нови мостови на соработка меѓу младите луѓе од двете држави. За подетални информации околу овој проект може да се посети веб-страницата www.imor.org.mk/programmes/bridges.
|