Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Животна средина

   

ФОНДАЦИЈАТА ЗА КОНЗЕРВАЦИЈА И ЖИВОТНА СРЕДИНА НА "ФОРД" ГИ ПРОГЛАСИ РЕГИОНАЛНИТЕ ЛАУРЕАТИ

Европското наследство е заедничко богатство

Полскиот проект за конзервација на белиот штрк ја доби регионалната гран-при на Фондацијата. Во натпреварот учествуваше и македонскиот лауреат за 2000 година, проектот за ревитализација на Катлановскиот шамок, чиј носител е граѓанска иницијатива од Скопје

Во свечениот ентериер на Академијата на науките на Унгарија во Будимпешта, на 17 јануари годинава, Фондацијата за конзервација на природното и културното наследство на Компанијата „Форд” го обелодени лауреатот за 2000 година на конкурсот за најдобар проект во регионот на Централна и Источна Европа.

Победник е проектот  за конзервација на хабитатите и популацијата на белиот штрк, на Здружението на пријателите на природата „Про Натура” од Полска, а почесната награда ја доби проектот на Националниот институт за екологија од Украина, за заштита на биодиверзитетот на мочуришните предели покрај Црното Море.

Меѓународното жири го сочинуваа професорот д-р Дејвид Белами од Фондацијата за конзервација од Велика Британија, претставникот на Советот на Европа, г. Еладио Фернандез Галиано, професорот Мациеј Новицки од „Екофонд” и д-р Жорж Зуан од УНЕСКО.

Г-ѓа Барбара Кукс, претставник на „Форд”, и професорот Белами, прогласувајќи ги победниците, зборуваа за поврзаноста на европското природно наследство и за важноста луѓето да бидат стимулирани да работат на неговата заштита, што е и основната цел на оваа програма на „Форд”.

Во натпреварот за регионалната гран-при, чиј патрон беше претседателот на Академијата на науките на Унгарија, професорот Ференц Глац, учествуваше и Македонија. На свеченоста, гостин на „Форд” беше г-ѓа Јана Илиевска од Граѓанската иницијатива за ревитализација на Катлановскиот шамок крај Скопје, чиј проект во декември минатата година беше прогласен за македонски лауреат на „Форд”.

Иницијативата за ревитализација на Катлановскиот шамок беше покрената од група граѓани на Скопје кои го паметат овој локалитет како место кое во детството им наликувало на предел од вилинските приказни. Многумина од нив тука доаѓале со своите родители или пак самите ги посматрале многубројните жерави, чапји и други птици низ густата мочуришна трска, уживале во летот на вилинските коњчиња. Во 1964 година на  поголемиот дел од блатото беше извршена мелиоризација.

Иницијативниот одбор за ревитализација на Катлановскиот шамок, кој сега е во фаза на регистрација како здружение на граѓани, конкурираше со проектот чија основа е формирање и одржување орнитолошки резерват што ќе има научна, едукативна и туристичко-рекреативна функција. За реализирање на овој проект досега се добиени неколку официјални писма за поддршка: од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Заводот за сточарство, Шумарскиот факултет, Националните паркови и ловишта и Природнаучниот музеј. Исто така, Министерството за животна средина покажа подготвеност да соработува и да помогне во имплементацијата на овој проект. А, што е многу важно, голема поддршка е добиена од жителите на Петровец и од градоначалникот и началниците во оваа општина.

---

Аманет на Хенри Форд

Програмата за конзервација и животна средина на компанијата "Форд" веќе 17 години дава поддршка на граѓански иницијативи, научни проекти, проекти на младите и на секој друг субјект кој работи на зачувување на природното и културното наследство на нашата планета.

Фондацијата е аманет на основачот на автомобилското царство, Хенри Форд, кој и самиот бил голем вљубеник во природата и културата и самиот вовел многу новини во автомобилската индустрија, насочени токму кон помало загадување на природата. Во Македонија, наградите за конзервација и животна средина на "Форд" годинава се доделуваат по третпат, во организација на агенцијата "Престиж", со поддршка на официјалниот застапник и дистрибутер на „Форд” во нашата држава, „Самит Моторс”. Првиот национален победник пред две години беше проектот "Кралот на канидите", на 15-годишниот Марко Савовски, насочен кон заштита на автохтониот македонски вид пес - Шарпланинецот. Минатата година победник беше проектот на професорот д-р Мишо Христовски, чија цел беше враќањето на прекинатиот пат за мрестењето на македонската јагула. Овој проект ја освои и европската гран-при награда на "Форд" за 1999 година.
Покрај првонаградениот проект за 2000 година, проектот за Катлановскиот шамок, беа доделени и втора награда - за проектот "Едно училиште - еден споменик" на г. Панче Велков и трета награда за проектот "Последниот балкански рис" на Националниот форум за заштита на животните.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Пилот број Јануари 2001
Вовед
Пилот број, Јануари 2001
Настани
Календар
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA