Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Погледи

   

Погледи

 Д-р Ило Трајковски

Граѓанското содружништво1 во Македонија: состојби и перспективи

Актуелните состојби во граѓанското содружништво, како и неговото место во современото македонско општество, во целина, се резултат од влијанијата, но и прилагодувањата од страна на затекнатите структури и субјекти на граѓанското содружништво во однос на историски обликуваните структури и субјекти во другите сфери на општествениот живот, а пред с$, на државата, на политиката. Притоа, особено важно е да се нагласи дека интеракциите меѓу граѓанското содружништво и другите нивоа на општественост, кај нас, не се воспоставуваа во вакуум. Тие беа и с$ уште се под силно влијаније на западните (западноверопските и американските) глобалистички политички, економски, граѓански, безбедносни и други интерси, стратегии, структури и субјекти. Со голема сигурност истото може да се каже и за перспективите на граѓанското содружништво.
Појавата  на современото граѓанското содружништво кај нас имаше два извори. Првиот го сочинуваа структурите и субјектите на доброволно здружување и организирање кои постоеја и пред појавата на Република Македонија како самостојна и суверена држава. Вториот е граѓанското здружување и организирање кое настана како резултат на настојувањето да се покријат теми и области од општествениот и од индвидуалниот живот кои новата демократска и либерална држава ниту можеше ниту требаше да може да ги покрива.
Вторите дејствија и активности, односно нивните актери беа помагани од западни владини и невладини организации. Во тој момент треба да се бара изворот на низата контроверзни одредувања на местото на граѓанското содружништво во општествениот, а особено во политичкиот развој на земјата. Такви се, на пример, често користените етикети за граѓанското содружништво како “невладино”, односно антивладино; “неполитичко”, односно антиполитичко; независно или алтернативно, односно “петта колона”, итн.
Назначените и други атрибути зборуваат, но секако, не ја исцрпуваат целата расправа за  местото и улогата на граѓанското содружништво во современото македонско општество. Неспорен е фактот дека овој сектор во годините по осамостојувањето бележи постојан развој, во однос на сите значајни димензии.
Бројноста на граѓанските здруженија и организации се приближува до нивото на земјите со средно развиена граѓанска сфера (1 здружение на околу 330 граѓани). Во овој поглед, послаба страна е структурата и мотивираноста на членството. Во тој поглед, социјалниот капитал на граѓанското содружништво (во смисла на довербата на овие организации кај населението и меѓу себе) е една од најслабите страни.
Структурата според полето на дејствување и типот на активностите постепено се прилагодува на новите потреби и барања на населението. Сепак, главен фактор овде е изворот на средствата за финансирање (главно, странски). За многу локални/национални проблеми и потреби нема достапни средства (на пример, за справување со криминалот и јавната сигурност, корупцијата, безработицата и сл. Слична е состојбата и со финансирањето на организацискиот и кадровскиот развој на овој сектор).
Демократичноста на овој сектор (како внатрешно, во смисла на неговото функционирање како школа на демократијата, така и надворешно, во смисла на неговите демократски влијанија врз државните и врз политичките организации) с$ почесто се потврдува. Постепено се совладува стравот (идејно и законски втемелен!) од занимавање со политички теми (пример, активностите на граѓанските здруженија пред парламентарните избори оваа година).
Перспективите на граѓанското содружништво во Македонија - како и неговата појава и досегашен развој - се одредени од перспективите и случувањата на ниво на државата, политиката и стопанството. Во таа смисла, покрај постигнувањата во однос на веќе стандардните преокупации (социјално- економските теми, екологијата, јавното здравје и меѓуетничките односи), иднината на грѓанскиот сектор во Македонија во голема мера ќе зависи од неговите придонеси кон евроатланската интеграција на земјата, реконструкцијата и градењето доверба во меѓуетничките односи. Од особена важност, секако, ќе биде антикорупциското досие на граѓанското содружништво, вклучувајќи ја во тоа и сопствената транспарентност и јавност во работата.
Покрај овие макродимензии на идниот развој на граѓанското содружништво, како исклучително значајна ќе се покаже соработката со органите на локалната самоуправа. Преку нив, граѓанските организации, кои, засега, се главно “одлепени” од општеството, ќе можат да фатат сериозен системски приклучок.

Д-р Ило Трајковски е професор на
Институтот за социологија на
Филозофски факултет, Скопје

1Терминот “граѓанско содружништво”, овде, се користи за означување на оној сегмент од современата општествена стварност  кој во англосаксонската литература се означува со изразот “civil society”, а кај нас, колоквијално и недискриминаторски, со изразите “цивилно општество” и/или “граѓанско општство”.

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 21 Ноември 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Погледи
Кноцепти
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA