Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Животна средина

   

ДВИЖЕЊЕ НА ЕКОЛОГИСТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Заштита на Пелистер, земјоделие без хемикалии

Двата проекта - истражување на биодиверзитетот и кампања за заштита на Националниот парк Пелистер и спроведување на одржливо земјоделие, се финанаирани од Владата на Швајцарија. Се работи и проект за едукација на младите

Движењето на екологистите на Македонија - ДЕМ пред три месеци започна да работи на проект кој ќе има две компоненти: заштита на Националниот парк Пелистер и одржливо земјоделие во Македонија. Проектот се одвива во соработка со познатата организација „Пронатура” од Швајцарија, а го финансира Швајцарската влада, а предвидено е да трае три години.

Компонентата што се однесува на Пелистер содржи истражување на биодиверзитетот на националниот парк (ќе се спроведува во соработка со Друштвото за проучување и заштита на птиците на Македонија) и кампања за заштита на Пелистер (во соработка со здруженијата „Молика” од Битола и „Бигла” од Демир Хисар). Во рамките на оваа кампања ќе биде опфатено и прашањето на одржливиот туризам, односно туризам што нема да ја нарушува природата. Втората компонента, одржливото земјоделие, има за цел намалување на употребата на пестициди и вештачки ѓубрива и добивање здрав и чист земјоделски производ. Граѓаните ќе имаат можност овие производи да ги купуваат во специјализирани продавници. Овој вид производство ќе се спроведува на пет локалитети, во соработка со локалните здруженија на граѓани: „Одек” - Кавадарци, „Вила Зора” - Велес, „Изгрев” - Свети Николе, „Озон” - Струмица и „Кладенец” - Пехчево.

Покрај овој проект, како што вели претседателката на ДЕМ, Пандора Никушева, во тек е уште еден, наменет на младите - наречен „Еколошка едукација во акција”. Овој проект се одвива во соработка со бугарското здружение „Зелени Балкани”, а во него ќе учествуваат 20 деца од Македонија - 10 од Домот за деца без родители „11 Октомври” и 10 од Еколошкиот клуб на гимназијата „Јосип Броз-Тито” од Скопје. Едукацијата ќе се одвива на практичен начин, преку екскурзии во природа, акции за чистење и уредување на просторот и размена на искуства, при што ќе се организираат два десетдневни работни кампа, во Бугарија и во Македонија, во Преспа.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Пилот број Јануари 2001
Вовед
Пилот број, Јануари 2001
Настани
Календар
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA