7 април
Семинар за РЕРЕП
Во Валандово, во организација на еколошките друштва „Калинка” од Валандово и „Изгрев” од Свети Николе, ќе се спроведе регионален семинар посветен на РЕРЕП – Регионалната програма за реконструкција на Југоисточна Европа. Координатор на средбата е „Изгрев”, а ќе учествуваат предавачи од Министерството за животна средина и просторно планирање, Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа со седиште во Унгарија, Движењето на екологистите на Македонија и еколошкото друштво МАРС од Скопје.
|