Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 49 Мај 2005

   

репортажа: Јужна Африка II

ВИРУС НА ОПТИМИЗАМ

Студиското патување во Јужна Африка беше дел од програмата Страници за меѓусебно разбирање која својот највидлив дел го има во страницата “Меѓутоа” што секој четврток ја објавуваат Дневник, Утрински весник, Вечер и Факти, како и неделникот Лоби. Претставници на МЦМС, Здружението на новинарите на Македонија и на весниците, имаа прилика да го видат начинот на известувањето во Јужна Африка, функционирањето на печатените, но и на електронските медиуми, да дознаат како тече процесот на помирувањето и како медиумите придонесуваат во тој процес и се разбира да запознаат дел од Африка и нејзините жители.

“Бамбуча”, новиот збор од рекламните по­ра­­ки деновиве е во тренд! Симпатичното лице од екранот објаснувајќи ви ја мета­фо­ра­та ви кажува дека “бамбуча е да го сркаш животот со голема лажица”!!! Така јас ги доживеав луѓето што живеат во Јуж­на Африка. Не заради големината на ла­жи­цата или нејзината содржина, туку заради нивниот став кон животот. По нервозните “фаци” што кај нас ги среќавате на секој че­кор и непријатните пцости што не ретко и вам ви се упатени, вистинско из­не­на­ду­ва­ње се спокојните и насмеани лица што ги среќавате на улиците во Кејптаун, возачита кои застануваат пред да ја спуштите нога­та на улица. Пресретливоста, љубезноста, отвореноста, особините со кои порано и ние се гордеевме едноставно ве “разо­ру­жу­ваат”. Овој менталитет е спасоносната формула на Јужноафрикаците. Поинаку не можам да ја објаснам таа состоба на ду­хот. По сите страдања што ги претрпеле, по сите понижувања и третирања полошо од животни, по сите убиства, по с$, тие дла­боко во себе нашле уште сила, уште енергија за да започнат со помирувањето. Процес што на крајот, по 10, по 20 години, не е важно кога, ќе резултира со про­сту­ва­ње.


Комисија за вистината и помирувањето

Со посебен акт Парламентот во 1994 годи­на ја воспоставил Комисијата за вистината и помирувањето. Нејзин претседавач бил бискупот-нобеловец Дезмонд Туту. Коми­си­јата имала за задача да ја извади це­ла­та вистина за апартхејдот на виделина. Без разлика колку сурова била таа, без раз­лика што откривала и најситни детали за најмонструозните злосторства, без разлика... Вистината е императивот за Јуж­но­африканците. Помирувањето не мо­же да се случи без неа.

Комисијата оставила можност злостор­ни­ците да добијат амнестија. Ама, само ако ја кажат вистината, до најситен детал.

“До Комисијата стигнаа 7.000 барања за амнестирање”, вели д-р Фани ду Тоит, раководител на програми во Институтот за правда и помирување. “Пред Комиси­ја­та истапија и жртвите, ги имаше 22.000, своето искуство јавно го кажаа само 2.000 од нив”, додава Ду Тоит.

Кога ги читате сториите на новинарите кои ги забележале сведоштвата на жртви­те, се прашувате дали е тоа возможно. Мож­но ли е една девојка да биде убиена, а потоа го­ре­на шест часа, заради неј­­зината политичка опре­дел­ба? Како е можно приз­на­нието излезено од ус­та­та на нејзиниот убиец да не предизвика желба за од­мазда? А сепак не. “Лу­ѓе­то ја дознаа вистината за нивните блиски”, ми вели на­шиот домаќин Тапело Мо­ку­шане и самиот новинар и еден од оние што ги пре­не­су­вале овие потресни при­каз­ни со помош на националната теле­ви­зија. “Мајката што го изгубила синот не е жел­на за одмазда”, вели тој, “за неа, неј­зи­ниот син е херој кој загинал во борбата за сло­бода. Таа го знае, тоа и тоа е доволно. Не сака повеќе да живее во минатото, сака да продолжи понатаму”, завршува Тапело.  

Процесот на откривање на вистината што се водел пред очите на јавноста бил сво­е­вид­на социјална катарза. Нацијата повтор­но го преживеала апартхејдот, сега многу поинтензивно и поконцентрирано за да може да оди понатаму.


“Луѓето се најсреќни во Јужна Африка”

“Каде живеат најсреќните луѓе на афри­кан­скиот континент”? ги прашуваше речиси сите наши соговорници еден од членовите на нашата група. “Овде, во Јужна Африка”, речиси без размислување одговорија сите до еден.

Јужноафриканците веруваат во борбата за човекови права. Тие победија во една таква борба. Веруваат во законите, во институциите. Уставот на земјата не е само највисокиот правен акт, тоа е четиво што се консумира секогаш. Некои од луѓето со коишто се сретнавме го носеа Уставот со себе, постојано. Како Библија. Кога бил подготвуван текстот на Уставот на Јужна Африка, пристигнале 2 милиони предлози од граѓаните. Не е ни чудо што граѓаните го почитуваат, го препро­читуваат, веруваат во него, тоа е акт произлезен од нив самите, тие чувствуваат дека овој документ е гаранцијата за нивната подобра иднина.

“Драматично се променети наставните програми за да се при­до­не­се кон помирувањето и рушењето на стереотипите”, ни рече Клив Емонд, независен медија-тренер. “Црните и белите деца учат заедно. Разликите и не се забележуваат онаму каде што децата се еднакво мешани”, додава тој.

Новата страст на Јужноафриканците е економскиот развој на нивната земја. Владата се обидува да направи баланс меѓу нејзините богати и сиромашни граѓани, посебно поради фактот дека овие, вториве, се нејзините црни граѓани. Поволните заеми за започнување сопствени бизниси се на листите на понуди на сите банки, а се преземаат и други мерки. Се вложува во инфраструктурата на населбите каде што живее црното население, а која била запоставувана неколку десетици годи­ни. Покрај куќарките од ламарина, без вода и канализација, без струја, се градат куќи, нови, мали типски куќи со кои Владата сака да обезбеди подостоинствен живот за нејзините граѓани.

Јужноафриканците веруваат во иднината, веруваат дека таа им е наклонета. Генерацијата растена со Нелсон Мандела навис­ти­на му е лојална. Тој е нив­ниот светец. Уште во вре­мето на апартхејдот тие знаеле дека се борат за неговото осло­бо­ду­ва­ње и знаеле дека кога ќе излезе од затвор ќе ста­не претседател на Јужна Африка. Кога Мандела по­­­ба­рал од луѓето да го смират гневот, тие го сто­ри­ле тоа. Решиле да му дадат шанса на мирот. И тоа го прават секој­днев­но. Зашто да се даде шан­са на мирот, не зна­чи само да се откажете од оружјето, од одмаз­да­та кон оние што ви згре­ши­ле. Да се даде шанса на мирот значи активно да се учествува во из­град­бата на новиот по­ре­док, во градењето на де­мо­кратијата, во гра­де­ње­то на меѓусебната до­вер­ба.

Тие знаат дека сегаш­на­та состојба не е идеална, де­ка им претстои уште ра­бота за да стигнат до посакуваната цел. Но тие се полни со надеж, полни со оптимизам. Ко­га зборувате со нив, ви се чини дека нема непре­мос­тливи пречки, нема не­ре­шливи проблеми, тие му се препуштаат на размислувањето за ид­ни­на­та со жар, ги прават своите планови со ен­ту­зи­јазам. Имаат ли овие луѓе секојдневни про­бле­ми, ситни, што поне­ко­гаш н$ фрлаат во очај? И да имаат, не мо­же­те да ги забележите. Насмевката на лицето на таксистот што цел ден седи позади воланот не се трга. Тој знае дека ова е пре­мно­гу работа, дека има малку време за одмор, ама верува дека ќе му биде подобро. Можеби утре, мо­жеби за неколку месеци или година, но тој верува во тоа и знае дека ќе биде та­ка. Ако не за него, тогаш за неговите деца. Опти­миз­мот на Јужноафриканците е заразен. Како вирус. Вирус на оптимизам. Мо­же­ме ли да го увеземе?

Де Клерк

Де Клерк, човекот што ја преобразил земјата, седел во Советот за безбедност на ЈАР  каде се носеле одлуки за убивање. На прашањето зошто не направил нешто да ги спречи тие одлуки, изјавил дека во Советот зборувале за толку многу работи што не обрнал внимание на тие одлуки.


Националниот радиодифузер на ЈАР

“Нашата уредувачката политика е заснована на објективност, точност, балансирани и проверени приказни. Не ги охрабруваме новинарите да ги кажуваат своите политички ставови, веруваме во факти”, вели д-р Снуки Зикалала, директор на вести во националната телевизија.

Јужноафриканската национална телевизија и радиото имаат околу 3.000 вработени. Нивната програма допира 20-22 милиони луѓе. Еден од каналите е сателитски и емитува вести за целиот африкански континент. 85% од буџетот се од приватниот сектор, обезбедени преку реклами, 2% се од Владата и 13% од радиодифузната такса.


Набљудување на медиумите

Јужноафриканското општество е едно од најбудните на прашањето на расата. “Расизмот и сега е присутен во секоја институција. Тој с$ уште е еден од најголемите непријатели на процесот на демократизација и помирувањето”, велат во органзацијата што спроведува набљудување на медиумите. Организацијата го  набљудува известувањто за расите, но и за децата, полот, жените и сл.

“Сите весници во ЈАР се посветени на почитување на законитоста, демократијата и процесот на помирување, или барем така се декларираат. Јазот настапува во екстремните ситуации. Расизмот продолжува на суптилен начин. Кога црните луѓе ќе направат злосторство, новинарите индиректно асоцираат на расата на злосторникот. Иако во текстот не се споменува бојата на кожата, се кажува од каде е сторителот (името на тауншипот ја идентификува расата) или се објавуваат фотографии на кои повеќе од очигледна е расата.”

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA