Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Тема

   

ТЕМА

АЛБЕРТ ХАНИ, НАНСЕН ДИЈАЛОГ ЦЕНТАР
Дијалог - предизвик или можност?

Сите имаме различни погледи на работите коишто не опкружуваат и тоа не прави единствени. Кога с$ би било унифицирано, светот не би бил интересен и динамичен каков што е сега. Не би имало потреба дури ни од обичен разговор, а со тоа и би стагнирале во развојот како луѓе. На крајот на краиштата и културите се градени преку зборови, погледи, верувања, идеи, ставови... коишто ние ги разменуваме во интеракција со другите. Заедничкото разбирањето е цел на дијалогот, но тој и самиот по себе е цел, важно е соговорниците да се сложат да разговараат. И да не постои цел, тој е корисен, но и кога би постоела цел, истата би се менувала и би добила различни димензии во зависност од тоа дали едната цел е постигната или не.

 Тоа што е битно е дека треба да сфатиме дека тоа е процес што има големо значење и претходното поставување на целите може дури и да ни одмогне. Секако дека овде не мислам дека дијалогот не смее да има некоја структура и истиот да се претвори во една антагонистичка или банална комуникација којашто е патетична, здодевна или пак депресивна, но истата секако дека треба да биде креативна, да вклучува различности и да генерира опции за подобро разбирање и наоѓање заедничка основа.
Не ретко се случува да седнеме да разговараме со некого од друга етничка група. Тоа е добро. Но дали е добро да се седне и да се разговара само за работи за коишто однапред знаеме дека ни се заеднички и ноторни и дека има да произведуваат “љубов”?  Ние можеме многу лесно да седнеме заедно на една маса и да разговараме со часови за автомобили, фудбал, филм, љубов... па и секс, но многу ретко разговараме за тоа што не загрижува, за нашите стравови, па крајно и за политиката и нашите ставови кон неа... Плашејќи се да не го навредиме некого, па да си го изгубиме пријателството. Правејќи го сето ова, не сме свесни дека самите себеси си правиме штета со избегнување на единствените можности за истражување на самите себе и на другите во  исто  време.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                  Тоа што всушност е корисно да разговараме е токму фактот што истражувајќи го и разбирајќи го другиот ние во исто време самите себеси си се истражуваме и се разбираме. Тоа е точка каде што можеме да си се промениме. Би се задржал малку и на претпоставките, мислењата и вистината.
Често кога разговарам со некого имам дилема дали тоа е мое мислење или пак претпоставка. Тука границата е многу тенка. Ако на моето мислење, базирано на мои аргументи, побарам друго мислење и тоа да е различно, тогаш доаѓам во позиција или да го бранам или да размислувам рационално и да објаснувам. Тоа што сум го забележал е дека во такви моменти се вклучуваат и емоции коишто стануваат катализатори за нерационално резонирање и така може да браниме став во којшто и самите не сме сигурни.  Тогаш постои голема можност да се водиме од претпоставки со коишто можеме само да ја иритираме другата страна. Во најлош случај дури и би почнале да веруваме дека тоа е “вистината”. Има и уште еднен момент којшто ефективниот дијалог го прави неефективен, тоа е моментот на  генерализирање  што е тесно поврзан со претпоставувањето. Многу често се случува во нашите разговори да ја преземеме улогата на легални застапници на одредена социјална, етничка, политичка и друга групација. Па и граматиката овде игра голема улога. Речениците ги конструираме на тој начин што генерализираме. Кога  го правиме тоа, ние просто претпоставуваме во име на Македонците, Албанците, СДСМ, ВМРО, ДУИ, христијаните, муслиманите итн. Кажувајќи “СИТЕ НИЕ” или “ВИЕ” може само да се деперсонализира личноста и да се смета за безвредна. Не, тоа не би смеело да биде начин на комуницирање со другата личност, пред с$ поради тоа што со претпоставувањето ја лимитираме нашата интелегенција, а притоа може и да навредиме некого којшто навистина не мисли тоа што и “ЈАС” го мислам. Лично многу повеќе се иритирам кога некој зборува па и донесува одлуки во мое име, на пример, лидерите. Ова е многу ризична работа, но нема многу да навлегувам во објаснување затоа што сето ова е поврзано за една друга тематика - стереотипи и предрасуди. Што се однесува до вистината, би можел да кажам дека тоа е поврзано со перцепциите и дека истото не мора да е поврзано директно и со дијалогот. Патот до вистината е тежок. Тој пат може да се прооди и да се дојде до вистината, но потребна е кохерентност на значењето. Што би значело дека истото треба да се подели со другите и дека ако остане само кај нас, таа “вистина” нема да има никакво значење за да се реши некој проблем. Тие што ја знаат приказната за шесте слепи мудреци, веднаш ќе се сетат дека кога сите шест мудреци би ги размениле нивните знаења, можеби би стигнале до вистината и би го опишале слонот како што треба, а не како: јаже, лепеза, дрво, ѕид, змија и шипка.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 21 Ноември 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Погледи
Кноцепти
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA