Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Тема

   

Тема: СИРОМАШТИЈА

Ханибал веќе влезе низ нашата врата...

Според мислењето на д-р Мариа Доневска од Институтот за социјална работа и социлајна политика на Филозофскиот факултет во Скопје, во борбата против сиромаштијата би требало да се оди на базични решенија, на локално а не на централно ниво, со добра поставеност на работата на локално ниво и со остварување на соработка со локалните невладини организации, со изготвување на стратегии за развој на заедниците...

Маријана Иванова


Кога ќе го слушнете податокот дека способноста (финансиска) на просечниот македонски граѓанин да купи леб е за 18 отсто намалена во однос на лани, веднаш ви станува јасно дека бедата не е повеќе Анте портас, туку е добрано навлезена во нашиот живот.
Над 24 отсто од семејствата (внимавајте, не од жителите!) на Македонија спаѓаат во категоријата сиромашни. Според наши стандарди, секако. Според западноевропските, веројатно бројот на сиромашните би бил поголем.

Македонија е една од најсиромашните европски држави, иако не може да се споредува со крајно сиромашните држави во светот како Бангладеш, Индија и други азиски, африкански или јужноамерикански земји. Сепак, поразителен е фактот дека повеќе од една четвртина од домаќинствата во нашата држава се наоѓа на работ на егзистенцијата, или, според статистистиката, дека секое петто семејство се соочува со неможноста да обезбеди минимално ниво на животен стандард.


Длабочина и острина на сиромаштијата

Сиромаштијата во Македонија бележи нагорен тренд во последните десетина години, но најизразена е во последните пет-шест, особено со создавањето на таканаречената категорија на "нови сиромаси", во која спаѓаат стечајните работници и луѓето кои не по своја вина останале без работа.

- Во Македонија секоја година се изготвува анкета за потрошувачката во домаќинствата, која претставува метод за мерење на сиромаштијата. Оваа анкета е квартална и се спроведува редовно од 1995-96 година. Опфаќа над 1.000 домаќинства и нивните расходи (а не и приходи). Резултатите од последната анкета актуелна во 2001 година, покажаа дека обемот на сиромаштијата беше над 24 отсто. Тоа означува дека над 24 отсто од домаќинствата секојдневно се соочуваат со сиромаштија. Преку оваа анкета, исто така, се одредуваат и други показатели на сиромаштијата, како на пример нејзината длабочина и острина. И овие показатели се во негативна насока - вели проф. д-р Мариа Доневска од Институтот за социјална работа и социлајна политика на Филозофскиот факултет од Скопје.


Три категории сиромаси

Во Македонија, вели д-р Доневска, има три вида на сиромашни семејства: во првата категорија спаѓаат традиционално сиромашните семејства, најчесто од руралните средини – земјоделци кои имаат највисок ризик за сирмаштија. Тоа се лица со ниско ниво на образование и низок економски потенцијал, и беспомошни кон надминување на таа состојба.

Во втората категорија на сиромашни спаѓаат новоосиромашените домаќинства или т.н. новосоздадените сиромаси. Тука спаѓаат сите групи граѓани чив стандард зависи од транзиционите процеси кои предизвикуваат и промени во социјалната стратификација. Оваа категорија на сиромаси е повеќе присутна во урбаните средини и тука спаѓаат семејства без ниту еден вработен член, со вработени кои подолго време не добиваат личен доход, стечајни работници, регистрирани под Завод за вработување.

Во третата категорија, вели д-р Доневска, спаѓаат хроничните сиромашни лица – тоа се они чија животна ситуација, честопати поврзана со неспособноста за работа, старост или болест, врзаност за престој во одредени институции и слично, ја детерминира нивната сиромаштија. Тука влегуваат и рурални домаќинства без приходи (кои не обработуваат земјиште).
  Мора многу добро да се дефинира што е сиромаштија. Сите сме опфатени со сиромаштија, ако сме осиромашиле во споредба со периодот од пред 2-3 години, вели проф. д-р Марија Доневска.
Според дефиницијата на Еуростат (статистичка служба на ЕУ), сиромашни се лица, семејства и групи чии ресурси - материјални, културни и социјални - се на такво ниво кое ги исклучува од минимално прифатливиот начин на живеење во нивната држава.


Борба на локално ниво

Според мислењето на д-р Доневска, борбата против сиромаштијата треба да почне со одредени активности во однос на образованието (преквалификации и доквалификации), како и со интервентни мерки во пазарот на трудот (поттикнување на мали семејни бизниси, претприемаштво, искористување на природните и културните ресурси, развој на т.н. технолошки инкубатори, давање микрокредити), потоа, промени во легислативата која се однесува на здравствената заштита, развивање посебни заштитни програми за деца, загарантирана минимална плата и други.

- Би требало да се оди на базични решенија, на локално а не на централно ниво, со добра поставеност на работата на локално ниво и со остварување на соработка со локалните невладини организации, со изготвување на стратегии за развој на заедниците – вели д-р Доневска. 

 


ЕВГЕНИЈ НАЈДОВ, СВЕТСКА БАНКА
Преполовување на глобалната сиромаштија до 2015 година

"Една од глобалните цели на Светската Банка е свет без сиромаштија. Во рамките на својата Глобална стратегија за милениумскиот развој, Светската Банка како основа за остварување на својата цел – преполовување на сиромаштијата до 2015 година, нуди цел сет на податоци и индикатори (човеков развој, социјални индикатори, старост, писменост, здравствена заштита и други). Врз овие индикатори ќе се фокусираат сите програми на Светската Банка" – вели г. Евгениј Најдов од Канцеларијата на Светската Банка во Македонија.

"Оваа стратегија се приближува на локално ниво, со идентификување на приоритетните области во државата. Во Македонија во периодот 1998-2001 година беше имплементирана ЦАС - Цоунтрѕ Ассистант Стратегѕ (Стратегија за помош на државата). Се Очекуваше да се започне со нова ЦАС, но поради состојбата во која се најде Македонија, беше одлучено да се пристапи кон Транзициона стратегија за поддршка за период од една година. Таа стратегија содржи анализа на моменталната состојба, идентификувани приоритети (приватен сектор, завршување на структурните економски реформи, потреба од реформи за поддршка на подолгорочен развој, во што спаѓа и реформата на јавната администрација, реформи во здравството и образованието и други). Врз база на оваа стратегија беа почнати и дел од реформите.

Надвор од ова, се имплементираше Проектот за итна економска помош, кој заврши пред неколку недели, а сега е во подготовка Проектот за развој на општините (во контекст на нарушените меѓуетнички односи). Во јуни ќе се почне со работа на нова база за новиот ЦАС за период од три години или со друга временска рамка.

Во врска со евалуацијата на досегашните програми, тие се оценети како задоволителни. Натамошниот процес на поддршка на Светската Банка ќе се базира врз Националната стратегија за редукција на сиромаштијата што ја изготвува Владата на Република Македонија. Светската Банка дава техничка и финансиска помош за изготвување на таа стратегија. Иако тоа е државна стратегија, ќе треба да се следат некои елементи – да се изврши добра анализа на сиромаштијата, идентификација на конкретни мерки за нејзино намалување и да има индикатори за долгорочен мониторинг и евалуација" – ни изјави г. Најдов. 


МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ
Градење стратегија со јавно учество

Во рамките на активностите за градење Стратегија за намалување на сиромаштијата, Министерството за финансии организираше Консултативна работилница, од 18-20 април во Охрид.

На оваа работилница учествуваа претставници со различен профил: социолози, економисти, политиколози и друг стручен кадар, но и претставници на повеќе невладини организации од Македонија. Се работеше во неколку групи, кои обработуваа неколку прашања: кои се најзначајните причини за сиромаштијата во Македонија, какви приоритетни мерки треба да се преземат за нејзина редукција, за подобрување на станбените услови и здравствените и образовните услуги за сиромашните.

Целта на оваа работилница беше да се земе предвид мислењето на јавноста и да се овозможи јавно учество во градењето на овој важен документ за намалување на сиромаштијата во нашата држава.


БЛАГИЦА НОВКОВСКА, РЕПУБЛИЧКИ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА
Младите невработени скопјани со највисок ризик за осиромашување

Во трудот под наслов "Квантитативна алализа на сиромаштијата во Република Македонија" на г-ѓа Благица Новковска, директор на Републичкиот завод за статистика, објавен во книгата "Тенденциите на сиромаштијата и можностите за нејзино намалување", издание на Фондацијата Гридрих Еберт, меќу другото стои дека порастот на корисниците на социјална помош (15% семејства, според Пописот од 1994 година, н.з.) е сигнал дека дистрибуцијата на приходите е нерамномерна и дека е во пораст нееднаквоста меѓу населението.

На почетокот на транзицијата, 69,4% од вкупните приходи на домаќинствата биле примања од работа, а 11,5% биле примања по основ на социјални трансфери. Во 1999 година, 55,5% од приходите биле по основ на работа, а 22% од социјални трансфери. Во периодот од 1997-99 година, стои натаму во трудот, најголемо осиромашување се забележува кај жителите на Скопје. Според податоците, најсериозен фактор за осиромашување на жителите на Скопје во 1999 година била косовската криза.

Што се однесува до младите домаќинства, на возраст до 40 години, кај нив постои висок ризик од натамошно осиромашување. Во 1997 година, сиромашни биле 19,8% од овие домаќинства, а во 1999 година нивниот брокј се зголемил на 26,9%, се вели во спомнатиот труд.


ЕТНИЧКИ РАЗЛИКИ НА СИРОМАШТИЈАТА
Најсиромашни Ромите

И покрај тоа што статистиката на нашата држава не обезбедува податоци за животниот стандард на населението според етничката припадност, недвојбено е дека Ромите живеат под работ на сиромаштијата и спаѓаат во групата најсиромашни граѓани.
Тие се најбројните корисници на социјална помош според структурата на населението и според структурата на домаќинствата.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 15 Април 2002
Број 15 Април 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Погледи
Концепти
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA