Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Луѓе

   

Луге: Стевче Дечев

Мојот поглед е надеж дека во иднина ќе бидам претседател на РМ

Професионално искуство
Апсолвент на Правниот факултет- меѓународно право и извршен директор на Фондацијата „Марита” - Македонија

Ангажирање во граѓанскиот сектор
Оваа година на мојата торта за вклученост во граѓанскиот сектор имав 14 свеќи. Таа активност ја продолжувам.

Хоби и интереси
Срфање на интернет. Читање најразлична литература за дополнителна едукација, дури и упатства на производи. Запознавање луѓе. Зрачење. Не радиоактивно, туку зрачење позитивна енергија. Интереси: геополитика, младинска политика, слободно масонство, религија и христијанство.

Најтешка одлука
Големата понуда значи тежок избор. Како мал, се сеќавам чекав по неколку часа за да купам едно млеко, а денес кога пазарувам многу тешко се одлучувам кое млеко да го купам. Да живее демократско отвореното општество.

Навистина не верувам дека сум донел некоја најтешка одлука. Не с$ уште! Знам дека најважната одлука ми е прифаќањето на Исус.

Амбиции
Мислам дека е многу добро кога човек има цел. Кога знае каде оди! И кога кон таа цел оди со силна вера. Како расте верата, ќе видиме дека чекорите што ги правиме денес се обука за чекорите што ќе ги правиме утре. Јас чекорам со вера и мојот поглед е надеж дека во иднина ќе бидам претседател на РМ и дел од светските лидери кои ќе му служат на народот.

Во слободното време чита
Читањето ми е секојдневие. Секојдневно ја читам Библијата. Таа ми е светлина која ме води, храна која ме поткрепува и утеха која ме развеселува. Читам и христијанска литература, литература за сите други религии, афоризми и книги за геополитика.Но не само што читам, туку и пишувам за другите да има што да читаат.

Каде оди во слободното време
Слободното време ми е сонот. Камо среќа денот да траеше 36 часа. Мислам дека се претворив во „воркохолик”. Па затоа во слободното време, ако така го наречам, одам на кејот или во ГТЦ. За викендите некогаш до Велес во посета на родителите и на видување со сестра ми, внука ми и другарите и другарките.

Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто?
Проблемот го гледам во пасивноста и рамнодушноста, во зависноста од авторитети, во живеењето и работењето со методи од минатото време, во непостоењето економска атмосфера и можности, во високиот степен на коруптивно размислување, во присутноста на пороци (дрога, алкохол, цигари), посебно кај младите, како и во живеење без Бог.

Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто?
Сеприсутноста на насилството ја сметам за проблем. Но за уште поголем проблем го сметам материјализмот. И јас се прашувам зошто е тоа така. Но одговор тешко наоѓам, па затоа си се тешам со тоа дека сите на светов сме дошле голи и боси, такви и ќе си отидеме од него. Ништо нема да понесеме, ниту автомобилот, ниту куќата, ниту парите во банка. Ништо, освен нашите гревови пред Бога.

Што би променил/а во Македонија и во светот?
Бидејќи никој не пали свеќа за да ја покрие со капак, туку ја става на свеќник за да им свети на луѓето, прво би се променил себеси. Би се потрудил светлината во мене да биде уште посјајна. На тој начин, кога секој би почнал од себе, и во Македонија и во светот ќе биде посветло.

Совет/порака
Ако си верник, не грижи се за утрешниот ден - тој ќе се погрижи за себе. Доволни грижи има за денешниот ден! Отвори ја вратата на своето срце за Исус. Тој чука. И моли за да добиеш; барај за да најдеш; чукни за да ти се отвори.

Никогаш не би можел
Никогаш не би можел да не го сакам Бог со сето свое срце, сета моја душа и сиот мој разум како и што никогаш не би можел, а да не ги сакам луѓето.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA