|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ЕД “КАЈМАКЧАЛАН” - СТАРАВИНА
Мариово 2003
Еколошкото друштво “Кајмакчалан” од село Старавина, Мариово, ја издаде брошурата “Мариово 2003”, која е дел од проектот “Детски камп Итар Пејо” спроведен во рамките на Програмата “Живо наследство”, која ја спроведуваат Фондацијата Крал Бодуен од Белгија и Фондацијата Институт отворено општество - Македонија.
Во брошурата се претставени детските ликовни и литературни творби, селектирани на конкурсот објавен во рамките на проектот. Авторите на овие творби се инспирирани од културното наследство на Мариово, а посебно од јунакот од народните приказни - Итар Пејо. Децата учествуваа и на тридневниот Детски камп Итар Пејо во Старавина.
|
|
|
|
|