ФАО, АЦТЕД И МПДЛ
Добиточна храна за кризните региони
Организацијата за храна и земјоделство на ООН - ФАО, започна со реализација на проект за дистрибуција на добиточна храна во селата кои се наоѓаат во кризните региони во Република Македонија. Храната се дистрибуира во повеќе села во скопско, кумановско, тетовско и гостиварско, а се планира да бидат опфатени вкупно 18.000 корисници. Во подоцнежната фаза, со овој проект се опфатени и селата од кривопаланечко како и мавровско.
Овој проект се спроведува преку француската организација АЦТЕД и шпанската организација МПДЛ, а во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и со ветеринарните станици од споменатите региони. Покрај главната цел - снабдување на добитокот во кризните региони со храна неопходна за неговиот опстанок, проектот има цел и враќање на институциите во овие региони, а преку тоа и враќање на довербата и нормализирање на животот во кризните области.
Проектот треба да заврши до крајот на февруари, а финансиската поддршка е обезбедена од владите на Холандија и на Норвешка.
М.И.
|