|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Менса Македонија
Нови тестирања и семинари
20.02.2003
Невладината организација на луѓето со високо наптросечна интелегенција, Менса Македонија, повторно е актуелна со нови активности. По шестмесечна пауза, повторно ќе се одржат тестирања, и тоа во Прилеп, Битола, Скопје и Велес.
Овој викенд ќе има две тестирања. Најпрвин во Прилеп, во сабота на 22.02.2003 година со почеток во 12 часот, во просториите на Градската библиотека Борка Талески. В недела 23.03.2003 година е закажано тестирање во Битола, со почеток во 13 часот, во Големата сала на општината.
Ова ќе биде второ тестирање во Прилеп, по што се очекува формирање на локален Менса клуб во овој град, додека во Битола ова ќе биде четврто тестирање, а таму веќе е развиен локалниот клуб и се подготвуваат семинари и предавања на теми блиски до интелигенцијата, што ќе се одржат пролетва.
Тестирањето во Скопје ќе биде во Големата сала на градското собрание (до Зоолошката градина), в сабота 01.03.2003 година, со почеток во 13 часот. Во Велес пак, тестирањето е закажано за 15.03.2003 година, но се уште се чека одобрението за користење на сала од некоја локална институција.
За учество на овие тестирања заинтересираните треба да понесат хемиско пенкало и плик со адреса на која сакаат да ги добијат резултатите, кои никој нема да ги знае освен нив. Тестовите претставуваат прогресивни матрици или логички низи од слики, при што решението се одбира од неколкуте понуди. Со нив се тестира перцепцијата, логиката и брзината во донесувањето на одлуките, во определен временски интервал. Овие тестови се универзални во сите земји од неанглиско говорно подрачје и не содржат текстуални прашања. Тестовите се лиценцирани од Менса Интернационал, за што при учество во тестирањето се наплаќаат 300 денари.
На овие тестови нема „положени и неположени“. Секој што ќе го решава тестот добива сертификат за неговиот коефициент на интелегенција, според баждарењето на овие тестови. Оние кои ќе добијат резултат, односно коефициент на интелегенција од 148 или повеќе, спаѓаат во 2% од светската популација што имаат право да се зачленат во Менса како организација што ги обединува.
Инаку, минатата есен започнаа семинарите за едукација на наставници од основните училишта со предавања за едуцирање на овој кадар, како да се препознаат надарените деца и работата со нив. Наставници од осум основни училишта веќе беа присутни на два од предвидените четири (двоневни) семинари одржани во Собрание на Скопје, а пролетва тие предавања ќе завршат. Наесен се планира нов циклус на семинари и работилници, но сето тоа зависи од финансиската конструкција што треба да ја обезбедат донатори, бидејќи Менса Македонија освен симболичната членарина нема други извори на финансирање. Доколку бидат обезбедени средства, овие предавања ќе се одржат и во градови вон Скопје.
Членови на Менса Македонија поединечно учествуваа на разни семинари за едукација од природните науки во Научно истражувачката станица Петница во Србија, а за ова лето се предвидува учество на конференција во Русе, Бугарија, на тема „Креативност во математичката едукација и едукација на надарени студенти“. Предвидени се предавања и објавување на текстови од добиените сознанија, со цел информирање на пошироката јавност за работата на ова поле.
Менса Македонија постои веќе три години како невладина организација, но се уште има статус на „национална организација во основање“ во меѓународното семејство. Досега преку 300 луѓе на тестот добиле резултат - коефициент на интелегенција преку 148, а повеќе од 200 се зачлениле во невладината организација во Македонија.
Во име на Менса Македонија, #015, Александар Табаковски
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|