Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Граѓанско општество

   

Партнерства

Градот Скопје ја изработи Стратегијата за соработка со НВО

Градот Скопје, во соработка со Центарот за институционален развој - ЦИРа и со финансиска поддршка на ОБСЕ – Набљудувачката мисија во Скопје, ја изработи Стратегијата на Градот Скопје за соработка со граѓанските организации и акциски план за нејзина реализација.

При подготовката на Стратегијата се реализираа шест партиципативни работилници, во кои активно учество зедоа околу 100 здруженија на граѓани. Како резултат од оваа соработка, се идентификува и дефинира начинот за соработка помеѓу Градот Скопје и граѓанските здруженија, кој е претставен во завршниот документ „Стратегија на Градот Скопје за соработка со граѓанските организации за периодот 2007 – 2010 година”.

Претседателот на Советот на Градот Скопје, Благоја Чоревски, при промоцијата на документот нагласи дека унапредувањето на соработката помеѓу Градот Скопје и здруженијата на граѓани и фондациите, преку градење меѓусебен партнерски однос, претставува одраз на почитување на високите вредности и можности на граѓанскиот сектор и нагласување на нивниот значаен придонес во заедничките напори за задоволување на интересите и потребите на граѓаните.

„Градот Скопје го согледа значењето на здруженијата на граѓани, нивниот демократскиот израз, нивната умешност и ефикасност, во нив препозна свои партнери во решавањето на прашањата кои се од взаемен интерес. Во Стратегијата се внесени основите на соработката на Градот Скопје со здруженијата на граѓани, а преку чинот на донесување, ја презентираме нашата посветеност систематски да ги зајакнеме основните услови за побрз и поефикасен развој на овој сектор”, истакна Чоревски.  Администрацијата на градот Скопје идната соработка со граѓанскиот сектор ќе ја заснова на принципите на партнерство, взаемна доверба, учество и консултации, јавност (транспарентност), независност и одговорност. Нејзината главна цел е да овозможи активно вклучување на граѓанските организации во процесите на дефинирање развојни активности и иницијативи на градот Скопје, како и да создаде предуслови за оформување ефикасни партнерства.

При спроведувањето на Стратегијата е предвидено оформување градски центар за поддршка на граѓанските организации, реализаиција на конкретни проекти како, на пример, заштита на парк-шумата Гази Баба, проекти посветени на заштитата од дрогата, заштита од сите видови насилство,  јакнење на меѓуетничките односи, афирмација на родовата еднаквост и други. Стратегијата е среднорочен документ која ќе се спроведува до 2010 година.

С.Н.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA