ДЕТСКИ ПАРЛАМЕНТ
Против насилството врз децата и младите
Детскиот парламент на Македонија упати јавен повик против насилството врз децата и младите и нивната злоупотреба во различни политички цели, како и врз секаков друг вид злоупотреба. Овој апел беше достапен за потпишување од учесниците и посетителите на НВО Саемот, што се одржа од 29 септември до 1 ноември, каде беа собрани околу 600 потписи. “Согласно Конвенцијата за правата на децата е предвидено подготвување на дететео за одговорен живот во слободно општество, во дух на разбирање, мир, толеранција, еднаквост на половите и пријателство меѓу сите народи, меѓу етничките, националните и верските групи, и лицата од автохтоно потекло. Децата треба да го уживаат ова право, но и да ја сносат одговорноста за негова имплементација” – се вели, покрај другото, во апелот. М.И.
|