Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 75  Погледи

Ќе креираме одржлива зелена лоби-група во парламентот 

 

на 26 октомври 2007 година во републичкото собрание се одржа првиот конститутативен состанок на Парламентарната зелена лоби-група, на кој присуствуваа 14 пратеници – членови, амбасадорот на Велика Британија, Андру Ки, министерот за животна средина и просторно планирање, Џелил Бајрами, претставници на медиумите и членовите на проектниот тим на ресорното министерство. На овој состанок членовите на лоби-групата ја усвоија нејзината програма, која во иднина ќе биде дополнета со анекси и ќе биде разработен акциски план за спроведување.

Програмските определби на групата се: промовирање и застапување на интересите на граѓанското општество и граѓаните на  Македонија за поставување на принципите на одржлив развој и заштитата на животната средина на повисоко приоритетно ниво во креирањето на националната политика; зајакнување на соработката со здруженијата на граѓани и граѓаните, преку промовирање на националните и локалните проблеми од областа на животната средина и изнаоѓање одржливи решенија како примарен национален интерес; забрзување на постапката за донесување на потребната законска регулатива за животна средина и покренување иницијативи за изменување и дополнување на постоечката законска регулатива во склад со барањата на ЕУ и на меѓународните принципи за  одржлив развој; следење на работата на институциите задолжени за спроведување на законската регулатива и на националните политики за заштита на животната средина и одржливиот развој; лобирање и застапување на интересите за заштита на животната средина и одржливиот развој при креирањето на фискалната национална политика и распределбата на буџетските средства; покренување иницијативи за креирање национална политика за исполнување на Милениумските развојни цели поставени од ООН и исполнување на обврските на Македонија со потпишување на Милениумската декларација во 2000 година.  Моите очекувања и очекувањата на Македонскиот зелен центар се дека ќе креираме одржлива зелена лоби-група во парламентот која ќе опстојува и ќе биде активна и по завршувањето на нашиот проект, а нејзините  членови за време на парламентарниот мандат ќе лобираат за прашања од областа на животната средина и одржливиот развој.

Идејата за лобирање за прашања од областа на животната средина и одржливиот развој во Македонија е присутна уште од нејзиното осамостојување, посебно со формирањето и развојот на невладиното движење кое започна на почетокот на 90-тите години, а особено со основањето на првите еколошки друштва и еколошкото движење во земјата. Меѓутоа, најголемиот број иницијативи за лобирање дојдоа преку присуството на многу меѓународни организации и донатори, а посебно со определбата на Владата за пристап кон ЕУ.

По една иницијатива од страна на Милиеуконтакт интернационал, во 2005 година, за време на локалните избори, беше основана Работна група за позеленување на локалните избори (РГПЛИ), составена од локални граѓански здруженија кои работат на полето на заштитата на животната средина, со цел локалните проблеми да се вметнат во програмата на кандидатите за градоначалници. Резултатите од изборите беа мотив за РГПЛИ да преземе активности и за време на парламентарните избори во 2006 година, кога групата се преименува и се регистрира како здружение на граѓани со име „Македонски зелен центар” – здружение за истражување, застапување и лобирање во областа на животната средина, а го основаа шест здруженија, кои работат на полето на животната средина. 

Основниот мотив, пак, за основање на „Парламентарната зелена лоби-група” произлегуваше од остварената успешна соработка со некои од кандидатите за пратеници, кои по завршувањето на изборите се најдоа во Собранието

Еден од битните показатели за потребата од групата беа податоците добиени со истражувањето направено за време на претходниот парламентарен состав, кога биле поставени 1.641 прашања од страна на пратениците до владата и ресорните министерства, од кои 3,2 % биле адресирани до министерот за животна средина.

По истражувањето, беше изготвен предлог-проект за нејзино формирање, финансиран од Британската амбасада, кој започна да се реализира во април, годинава, и ќе трае до март 2008 година. Во подготвителната фаза на проектот, проектниот тим реализира серија состаноци со различни институции и организации, поврзани со животната средина, како и со Парламентарното женско лоби и со Лоби-групата за лицата со посебни потреби. Комунициравме со пратениците, со претседателите на комиисите и наидовме на заинтересирани пратеници за членство во лоби-групата која веќе брои 15 членови од различни политички партии, од позицијата и опозицијата, од етничките групи во парламентот, спремни да лобираат за прашања од областа на животната средина и одржливиот развој.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA