|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Избор
Компанијата Дунапек - како позитивен пример
Многу компании во Централна и источна Европа мораат да го надминат наследството од ерата на социјализмот, како на пример застарените производствени технологии и опрема како и застарениот пристап кон управувањето. Дунапек (*Дунапацк Лтд), производител на хартиена амбалажа со седиште во Будимпешта може да послужи како добар пример за компанија која се приспособи и “процвета” во длабоко променетата економска, социјална и правна средина.
Не толку одамна, загадувањето предизвикано од оваа компанија далеку ги надминуваше законските ограничувања и нејзината ефикасност на ресурсите далеку заостануваше зад стандардите во индустријата. Во раните деведесетти, една инвестициска група од Австрија се здоби со контролниот пакет акции во компанијата, но го задржа оперативниот менаџмент - одлука која досега се покажа оправдана. Со текот на времето менаџментот ја реорганизира компанијата и таа се претвори во лидер на пазарот во Унгарија, со претставништва во Романија, Бугарија, Украина, Полска и Хрватска. Уште повеќе, денес таа разменува практични менаџерски искуства со компании од Запад. Овие извонредни резултати се должат на усвојувањето на интегрираниот систем на управување (ИСУ), модел кој се однесува на квалитетот, еколошката изведба и безбедноста по здравјето и работата и е загарантиран со меѓународните стандарди ИСО 9001 : 2000 и ИСО 14001. Компанијата е исто така регистрирана со моделот за ревизија на екоменаџмент и го има усвоено стандардот ОХС 18001. Системите беа постепено воведувани, почнувајќи кон средината на деведесттите. Мотивацијата - особено во случајот на еколошкиот систем на управување (ЕСУ), беше потврда дека за производителот на производи од хартија еколошката изведба ќе биде главен приоритет.
Дунапек беше меѓу првите во Унгарија кои ги воведоа еколошкиот и интегрираниот систем на управување. Денес, различните компоненти на ИСУ се поддржуваат едни со други, создавајќи континуиран синергистички ефект и произведуваат неколку економски и еколошки бенефиции. Подобрувањата на Дунапек во областа на заштитата на животната средина можеме да ги групираме во три главни области: усовршување на производите, користење на ресурсите и намалување на загадувањето. На пример, поради тоа што еден од главните аспекти на усовршувањето на производите е да се постигне нивна целосна реупотребливост, се фаворизираа кутии направени исклучиво од хартија, наместо оние направени од различни материјали кои наедно се и тешки за преработка. Во одредени случаи, амбалажата направена исклучиво од хартија ја замени онаа која претходно воопшто не содржеше хартија. Други иновативни текови вклучуваа намалување на специфичната тежина на производите, како и зголемување на количеството рециклиран материјал кој компанијата го користи за производство на амбалажа. Фирмата веќе рециклира 98% од суровините. Овие иновации ја подобрија конкурентноста на Дунапек и и обезбедија неколку меѓународни награди/признанија.
Оперативниот ЕСУ исто така ја намали побарувачка на специфичната топлина на производите за приближно 15 проценти и ја намали целокупната побарувачка на свежа вода за половина. Емисијата на загадувачките материи во воздухот е веќе далеку под дозволените законски граници, а хемиската побарувачка на кислород (ХПК) од испуштената вода е исто така преполовена.
Економските придобивки кои можат да му се припишат на ИСУ се проценуваат според заштедата на пари и некои помалку конкретни/видливи придобивки. Финансиската корист доаѓа од заштедата на енергија, вода и суровини, додека помалку конкретната/видливата добивка ја сочинуваат подоброто организациско функционирање, подобра организациска култура и подобро разбирање на технолошките проблеми и решенија.
(Оваа приказна за успехот на една компанија ја подготви Програмата за бизнис и екологија при Регионалниот центар за заштита на животната средина од Будимпешта како поддршка на данското претседателство со ЕУ кое треба да почне во јули).
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|