|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
коментар
Дали граѓанскиот сектор во Македонија може да изумре???
Веќе неколку години наназад меѓу граѓанските организации се поставуваше прашањето што ќе се случи кога странските донации ќе се „исушат”, како главен извор на приходи? Дали ќе се најдат алтернативни решенија за нивна замена? Дали тоа значи дека ќе престанат со работа многу граѓански организации? Што ќе се случи со граѓанскиот сектор во Македонија? Ова и многу други битни прашања се поставуваат с$ почесто.
Потврда за падот на трендот на приходи кај граѓанските организации се и податоците објавени во годишните извештаи на водечките организации во Македонија. Општиот пад на трендот е дури 23% споредбено со периодот 2003-2005 година. Еве, колку за илустрација: АДИ од Гостивар во 2005 г. оствари приходи 18 милиони денари, додека 16 милиони во 2004 г.; ДЕМ 2 милиони во 2005 г., а 1,5 милиони во 2004 г.; ОХО 6 милиони во 2005 г., додека 11 милиони во 2004 г.; Полио плус 13 милиони во 2005 г., за разлика од 2004 г. кога оствари 11 милиони; ПДАС Меѓаши 7,5 милиони во 2005 г., а 11 милиони во претходната година; СОЖМ 12 милиони во 2005 г., додека 14 милиони во 2004 г.; ЦГИ од Прилеп 15 милиони во 2005 г., а 21 милион во 2004 г.; ФИООМ 301 милион во 2005 г., а 360 милиони во 2004 г.; МРФП 67 милиони во 2005 г., за разлика 220 милиони во 2004 г. и МЦМС 134 милиони во 2005 г., а 150 милиони во 2004 г..
А што со организациите коишто можеби имаат и стопати помали приходи? Особено за организациите од внатрешноста на земјата. Како тие ќе преживуваат? Многу тешко. С$ повеќе ќе треба да се свртиме кон домашните извори. Дали ќе е тоа државен или приватен сектор? Како е можна соработката со општините? Тука уште нешто треба да спомнеме, дека на фондовите од ЕУ достапни за Македонија, како партнер, с$ повеќе се појавува Владата на РМ, па потоа таа ќе бира дали сама или во партнерство со граѓански организации ќе спроведува програми или проекти. А, каква е соработката со приватниот сектор? Тука не можеме многу да се пофалиме. Треба уште многу да се поработи на тоа.
Само да се надеваме дека решенија ќе се изнајдат. Но, чекањето ништо не носи. Потребна е акција. И тоа во целиот сектор. Треба да се изнајдат разни извори за да се помине оваа општа криза, која не го погодува само третиот сектор, туку и целото општество.
Па затоа и го поставувам ова прашање, на кое ќе треба сите да одговориме: Дали граѓанскиот сектор во Македонија може да изумре???
Грамоз Шабани
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|