|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Светски Самит за информациско опШтество - Женева НВО за првпат на Светскиот самит на ОННевладините организации за првпат добија можност да учествуваат на Светскиот самит за информациско општество (ССИО) што се одржа од 10 до 12 декември 2003 во Женева. Во првата фаза од одржувањето на Самитот беа опфатени најразлични теми од информациското општество, а беше усвоена и Декларација на принципите и Акцискиот план. | |
Е-АКТИВИЗАМ Активист со само еден клик!Информатичката технологија воведува нови, евтини и ефикасни начини со кои граѓанските организации ќе им бидат достапни на обичните граѓани кои сакаат да поддржат вредни цели, но немаат пари, сила или време за тоа. Како прво, интернетот на граѓанските организации им нуди нов и интерактивен начин за да се претстават себеси преку отворање веб-страници кои ќе нудат информации за самите нив, нивните програми и активности. | |
Фондација Котонвуд Мали грантови за еманципација, животна средина и културна разновидностФондацијата Котонвуд нуди мали грантови во висина од 1000 $ за проекти во чиј фокус на интерес се еманципацијата, животната средина и културната разлика. Таа го фокусира финансирањето на потврдени организации кои работат директно со целната група од целиот свет, што силно се потпираат на волонтерските напори и кај кои поддршката би имала големо значење. Малите грантови во вредност од 500 до 1000 долари ги добиваат организациите што работат директно со целната група во Соединетите Држави и останати земји од светот.
| |
ЗаедниЧка борба на НВО Напори за лансирање на втората декада од Образованието за човекови праваЛетниот универзитет за човекови права (СУХР), Меѓународната организација за правото за образование (ОИДЕЛ), Сока гакаи интернационал (Сока Гаккаи Интернатионал) и уште неколку НВО со седиште во Женева, ги здружија напорите за поддршка на иницијативата на Владата на Костарика за спонзорирање на новата резолуција на Комисијата за човекови права на ОН. Резолуцијата е насочена кон почетокот на втората декада на образованието за човекови права од 2005 до 2014 година, а главна цел на декадата ќе биде промоција на едно пошироко гледање на образованието за човекови права и на ставовите за негово интегрирање во глобалната агенда на ОН.
| |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|