Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 36 Март 2004

   

ТЕМИС - ЗдруЖение на ЖениТЕ правници во Македонија
 

Во центарот на интерес - проблемот на трговијата со луѓе

Здружението на жените правници во Ре­публика Македонија ТЕМИС од Скопје е основано на 17 април 2002 година со цел професионална обука и размена на искуства во насока на унапредување на статусот на жената во општествениот и политичкиот живот. Во моментов ТЕМИС има 120 членови, а најголемиот број од нив се адвокатки. Целта на нивната работа е заштита на човековите права; унапредување на статусот на жената во општествениот живот; ели­минација на сите форми на насилство на жената; правна реформа во областа на трговијата со луѓе; хармонизација на маке­донското законодавство со стандардите на ЕУ. За реализација  на поставените задачи и цели, формирани се пет комисии: за сора­ботка со владини институции и невладин сектор, за односи со меѓународни правни асоцијации и институции,  за едукација, за борба против трговијата со луѓе и заштита на правата на жртвите од секаков вид насилство и за нормативна дејност и хармо­низација на домашното зааконодавство со европската легислатива. Секоја од комисиите има работни групи кои преземаат конкретни активности, од својата област. 

Здружението е поддржано и помогнато од АБА ЦЕЕЛИ - Американска правна асо­цијација/Правна иницијатива за  Централ­на и Источна Европа. Од основањето до денес најголем дел од активностите на ТЕМИС се посветени на проблемот на трговијата со луѓе во Македонија. Во тек е реализација на проектот Правна едукација на студентите по право на тема Трговија со луѓе поддржан од Институтот за трајни заедници, во чии рамки ТЕМИС преку шестдневна обука ќе ги ин­формира студентите по право, членови на ЕЛСА (Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје) и ИЛСА (Универзитет ЈИЕ, Тетово) за растечкиот проблем, за законските решенија, за ситуацијата во Македонија и регионот. Учесниците во проектот се едуцираат за текот на постапката при решавање на проблемот, како да ги воочат неправилностите, доколку ги има,  со цел подоцна да биде оформена група набљудувачи, целосно запознаени со проблемот на трговијата со луѓе кои ќе можат во иднина да се приклучат на проектот Сите за правично судење што го реализира Коалицијата на здруженијата на граѓаните Сите за правично судење чија членка е и ТЕМИС.  

На покана од МТСП, ТЕМИС присуствува на тркалезни маси и дава стручни коментари на предлог-закони, соработува со НВО кои преземаат активности за унапредување на правата на жената, а остварува и контакт и со Секторот за евроинтеграции итн.  ТЕМИС периодично објавува информатор којшто  содржи информации за активностите на Здружението.

Нивната визија е “Македонија да биде место каде жените ќе живеат ослободени од сиромаштија, нееднаквост и насилство”.  

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA