Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 69

   

Ќе се верифицира образованието на возрасните

Граѓаните ќе се квалификуваат според потребите на работодавците

Конкретни критериуми за работа, помош од државата и признавање на дејноста на работничките универзитети и вечерните училишта за возрасните што не завршиле образование и што сакаат да се преквалификуваат е предвидено да се постигне со законот за образование на возрасните. Регулативата треба да влезе во владина процедура во април. Но, вработените во работничките универзитети се сомневаат дека законот ќе „помине” со образложение дека и досега се правеле обиди да се уредат работите во таа сфера, но безуспешно. Министерството за образование, и комисии од работничките универзитети изработија работна верзија на законот. Користени се искуства од Хрватска, но во ресорот велат дека законот ќе мора да се доработи и оти освен хрватското, ќе мора да се потпрат и на унгарското искуство. Можност за стекнување соодветно образовно ниво за секого и за сите возрасни групи и стекнување знаења, вештини и ставови кои ќе бидат во согласност со барањата на општеството и на пазарот на трудот е целта на образованието на возрасните. Според работната верзија на законот, пак, завршување најмалку задолжително образование, оспособување за вработување на возрасните кои не завршиле образование за прво ниво на стручни квалификации, преквалификација и доквалификација, оспособување и обука на вработени и невработени возрасни лица, образование и стекнување знаења и вештини кои одговараат на личните способности и возраста на поедниците, да поттикнува интерес за образование на возрасните и да обезбеди основа за доживотно учење, се задачите на образованието на возрасните.

„Возрасните стекнуваат образование по програмите за основно, средно и високо образование прилагодени на потребите и можностите на возрасните. Возрасните може да се образуваат и усовршуваат, специјализираат и да ги дополнуваат своите знаења и вештини согласно формалното образование, кои може да се организираат кај образовните установи и институции што се верифицирани за овие програми. Возрасните може постојано да се самообразуваат, усовршуваат и да стекнуваат знаења, вештини и општокултурно образование во семејството, преку медиумите, здруженијата, интернет... Посебните програми за образование за возрасни се за описменување на населението, мајчин и странски јазик, преквалификација, доквалификација, претприемништво и менаџмент, креативно изразување и учество на културни и уметнички настани, информатичко-комуникациски технологии, зачувување и заштита на околината, активно граѓанство, основни познавања од науката и технологијата” - пишува во работната верзија на законот за образование на возрасните.

Програмите ќе ги донесува установата, односно институцијата за образование на возрасните. Таа ќе се изведува преку редовна настава, консултативно-инструктивна настава, дописно-консултативна настава, отворена настава, настава на далечина. Неа ќе ја реализираат учители, наставници, професори, стручни соработници. Кадарот ќе има право и обврска за постојано стручно усовршување, како и усовршување за работа со возрасни.

„Возраните своите знаења ќе ги докажат со полагање испити. Испитите ги организира и спроведува установата за образование на возрасните која ја реализира програмата за стекнување знаења, вештини и способности, освен државната матура, училишната матура и завршниот испит во средното образование. За знаењата и стекнатите вештини се добива сертификат. Називот, содржината и формата на сертификатот го пропишува министерот за образование. Учесник во програмата за образование на возрасните може да биде лице кое има навршено 15 години, а статус на ученик во програмата се стекнува со запишувањето во таа програма” - пишува во законот.

Во земјава официјално се регистрирани и со години работат седум работнички универзитети и три училишта за возрасни. Во работничките универзитети ја поздравуваат инцијативата за законско регулирање на нивната дејност. Верификација и сертификација на нивната работа е придобивката што ја гледаат со законот за образование на возрасните.

Потребата граѓани да се преквалификуваат согласно потребата на пазарот на трудот е главната причина поради која Министерството за образование работи на таков закон. Според податоци од 2006 година на Агенцијата за вработување, во земјава имало 173.223 неквалификувани граѓани. Како полуквалификувани биле регистрирани 13.387, а 62.305 граѓани се воделе како квалификуван кадар. Во 2006 година во државава регистрирани се вкупно 364.463 невработени.

„Ќе мора да се укинат некои струки, посебно во средните стручни училишта, бидејќи не се актуелни на пазарот на трудот. На пример, ќе се направи стратегија на развој на текстилната индустрија. Така, ќе се укине струката ткајач и, наместо тоа, ќе се отвори струка моден дизајнер, зашто кој уште во државава бара ткајачи” - коментираат во Министерството за образование.

Дека законот за образование на возрасните го поддржуваат работничките универзитети, покажува и ставот на вработените во работничкиот универзитет во Прилеп и во Пробиштип.

„Законот треба да се доработи. Но, со него треба да се среди хаосот што сега владее во овој сектор. Денес може секој да отвори училиште за странски јазици, притоа немајќи соодветен простор, ниту кадар.Се надеваме дека со законот ќе се средат овие работи. Конечно ќе

може нашите дипломи и сертификати да се признаат. И досега институциите премолчено ни ги признаваа сертификатите, но сметаме дека тоа треба да се институционализира. Невладиниот сектор ќе може да се јави како обучувач. Но, и нивната работа ќе биде верификувана и сертифицирана” - велат во Работничкиот универзитет во Прилеп.

 

И високообразовани кадри работат како електричари и фризери

Поради сиромаштијата и невработеноста, многу граѓани со високо образование посетуваат курсеви за преквалификација заради гола егзистенција. Поради потребите за познавање странски јазик и компјутери, повозрасните вработени се принудени да се доквалификуваат. Тие со незавршено основно и средно образование на постари години имаат потреба и желба да го заокружат своето образование.

„Дипломирав на Економскиот факултет во Прилеп, но веќе пет години сум без работа. Завршив курсеви за англиски јазик и за компјутери, надевајќи се дека ќе најдам работа во некоја фирма. Но, ништо од тоа. Се вклучував во активности на невладини организации, но проектите завршија и сега седам дома.  Планирам да се запишам на курс за фризер и за козметичар, бидејќи во последно време тоа е актуелно во градот. Подобро е да отворам сопствен салон, отколку да работам како продавачка. Вака барем ќе бидам свој газда. Паралелно планирам да одам на часови во некоја од фризерските салони, колку да научам пракса, за да ми биде полесно. Дадов мало богатство за курсевите, но се надевам дека ќе ми се исплати” - коментира 29-годишна прилепчанка.

Во работничкиот универзитет во Прилеп велат дека таквите примери се многу чести. Таму велат дека организираат и средно образование, иако повеќе се занимаваат со курсеви за заокружување на основното образование и за преквалификација. Недостиготот од пари и снаоѓањето за финансирање на дејноста е главниот проблем со кој се соочуваат. До 2001 година Министерството за образование покривало 50 отсто од трошоците на работничките универзитети. По ова, институциите сами се снаоѓаат за финансирањето.

„Се случува граѓани кои во пубертетот не биле заинтересирани за средното образование и кои поради проблеми не го завршиле, да доаѓаат сега и да бараат помош да се запишат во истото училиште во кое учеле порано. Бидејќи тие се луѓе во години, срам им е да одат директно во училиштето и да побараат да се вратат за да го завршат, доаѓаат за помош кај нас. Затоа велиме дека организираме и средно образование. Доаѓаат и граѓани кои поради потребите во фирмата мора да познаваат странски јазик и компјутери. Порано фирмите во Прилеп беа финансиски помоќни и на своите вработени им ги плаќаа курсевите. Но, во последните година-две, тоа не е случај. Економската ситуација во Прилеп е катастрофална. Тутунски комбинат, на пример, ни беше еден од најголемите соработници и корисник на нашите услуги. Сега, за жал, не е така. Многу од слушателите се со високо образование, млади луѓе кои имаат завршено факултет. Но, поради тоа што не може да најдат работа, доаѓаат на курсеви за преквалификација” - објаснуваат во Работничкиот универзитет во Прилеп. 

Дел од финансиите таму стигнуваат преку донатори. Поради декадата на Ромите, дел од парите стигнуваат преку донатори за квалификација на граѓаните од таа националност.

„Порано имавме помош и за вработените прогласени за технолошки вишок. Но, повеќе тоа не е случај. Курсевите се многу евтини и затоа не може да ги организираме како што треба. Така, на пример, курсевите за кувари не може да се организираат со 5.000 денари од слушател. А, немаме ни услови. Се трудиме колку што можеме. Сега, на пример, ќе има потреба од информатичри. Законот ќе помогне да се поврземе со пазарот на трудот и да ги следиме полесно трендовите на пазарот” - сметаат таму.

Во Работничкиот универзитет во Пробиштип работи центар за основно образование за возрасни, како и центар за преквалификација на возрасни. Таму велат дека во последните две-три години се намалува бројот на возрасни кои имаат потреба да го завршат основното образование во Работничкиот универзитет. Во учебната 2005/06 година имало само осум слушатели. За другите курсеви посетеноста е од по околу 14 слушатели.

„Поради слабата економска моќ, во помалите градови во внатрешноста двојно се поевтини курсевите што ги нудат работничките универзитети. Од 5.000 до 6.000 денари чинат курсевите за доквалификација. По околу 3.000 денари чини заокружувањето на основното образование. За споредба, за курсевите во Работничкиот универзитет во Скопје се плаќа и по околу 17.000 денари. Поради социјалниот аспект, работничките универзитети во помалите градови не може да понудат соодветен квалитет на курсевите.

Поголем е интересот за преквалификација и доквалификација кај граѓаните. Градежници, фризери, бела техника се едни од најбараните струки за кои има интерес. Голем интерес има и за курсевите за странски јазици и за компјутери, посебно вработени во малите и средните претпријатија. Има и такви кои работат во автомеханичарски работилници, па во работничките универзитети одат само за да ги потврдат своите познавања и за тоа да добијат сертификат. Има 220 струки. Слушателите се на возраст од 25 до 30 години, па нагоре. Има граѓани што завршиле високо образование, а бараат да слушаат курсеви за бела техника, фризери и козметичари. Таму се скептични дека законот за образование на возрасни ќе биде донесен наскоро поради неуспешните обиди за таква регулатива во изминатите години” - велат во Работничкиот универзитет во Пробиштип.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA