|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Кампања на ЕСЕ
Прибирање средства за поддршка на работата на центрите за правна помош во Скопје, во Тетово и во Штип
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ –ЕСЕ, во своите развојни активности, стратешки е определено да работи на обезбедување алтернативни извори на средства, кои треба да придонесат кон градење поволни околности за одржливост на организацијата во иднина. Дел од активностите со мошне интензивна динамика се одвиваат за време на кампањата за борба против насилство врз жените, започната на 20 ноември, 2006 год. Паралелно со тие активности е започната и кампања за прибирање средства за поддршка на работата на центрите за правна помош во Скопје, во Тетово и во Штип на ЕСЕ, што нудат правна и психосоцијална помош и поддршка, како и бесплатното застапување пред судовите на жените жртви на семејно насилство.
По потпишаниот договор, ставена е во функционија телефонската линија 070/143-183 од Т-мобиле, која ќе биде отворена една година и на која со јавување се донираат 100 ден. Поставени се кутии за донации во 15 објекти на Скопски пазар (СП, Макси Д, и Центарот за убавина Униљуе). Информациите се инкорпорирани во дизајнот на изработениот постер и леток, а бесплатно е емитуван и ТВ-спот на МТВ, на македонскиот и на албанскиот сервис.
ЕСЕ за своите соработници подготви и писмо за донации, кое покрај благодарноста за досегашната соработка, претставува повик за донирање. Писмото е подготвено во 400 примероци на македонски и 100 примероци на англиски јазик.
ЕСЕ информира и дека од оваа година започна да ја користи статутарната можност, дадена во членот 32 од Статутот на Здружението, според кое за членовите на Генералното собрание е воведена членарина од 500 ден.
“Првичните резултати покажуваат дека луѓето сакаат да даруваат за оние на кои им е потребна помош. ЕСЕ изразува огромна благодарност до сите кои помагаат во нивната работа” - се вели во обраќањето од организацијата.
К.Б
Заедничка акција на СОЖМ и УНХЦР
Средства од Василичарскиот коктел за Психијатриската болница–Негорци
Националниот совет на жените на Македонија–СОЖМ, заедно со УНХЦР, на 14 јануари во Психијатриската болница Негорци, Гевгелија, го организираа традиционалниот хуманитарен Василичарски коктел и ги анимираа хуманите граѓани и институции да донират средства за потребите на болницата. Во оваа прилика на болните им беа донирани пакети со чаршафи, пижами и друг вид облека.
Средтсва во висина од 53.000,00 денари за болницата во Негорци организаторите собираа и на одржаниот хуманитарен Божиќно-новогодишен базар на 20 и 21 декември 2006 година.
Акцијата за прибирање средства ќе трае цела година, а паричните средства ќе може да се уплаќат на отворените жиро-сметки:
Денарска жиро-сметка – 300000000841802;
Девизна жиро-сметка - 300000000000 -133 25730522-20677;
Даночен број 4030994269870;
Комерцијална банка А.Д. – Скопје,
со назнака за ЈЗУ Психијатриска болница – Негорци.
К.Б.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|