|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Фондација на Албанците за стипендии
Стипендии за талентирани студенти АлбанциФондацијата на Албанците за стипендии (Фондациони Схљиптар и Бурсаве) е регистрирана во 2004 година, од основачот Милениум рилиф & Дивелопмент сервисис Македонија (Милленниум Релиеф & Девелопмент Сервицес – Мацедониа) www.mrds-macedonia.org, но нејзините активности се започнати уште во 2003 година, кога една мала група Албанци се собраа да дискутираат за потребата од поддршка на високото образование на Албанците во Македонија. |  |
Издаваштвото во граѓанските организации
Граѓанскиот сектор е издавач достоен за почитВо време кога во земјава многу често се говори за состојбата со издавачката дејност, за потребата од збогатување на нашето секојдневие со печатени материјали од различен вид и содржина во контекст на следење на цивилизациските текови и изданијата зад кои стојат граѓанските организации претставуваат значаен материјал што го привлекува вниманието на јавноста. |  |
Коментар
Конечно усвоена стратегијата за соработка на владата со граѓанскиот секторПосле година дена работа, работилници, консултации и други активности на Одделението за соработка со невладините организации во Владата, технички помогнато од проектот на ЕАР „Техничка поддршка на Одделението за граѓанско општество во Владата” и спроведуван од конзорциумот ЦОЊИ и МЦМС, беше донесена Стратегијата за соработка на владата со граѓанскиот сектор |  |
Шест години “Граѓански свет”
Приближување на концептот и суштината на граѓанското општествоПред точно шест години, поточно во февруари 2001 година, излезе првиот број на „Граѓански свет”, по пилот-бројот, кој како „пробен балон” беше издаден еден месец порано, во јануари. Списанието сите овие шест години излегува непрекинато, со 11 броја годишно. |  |
Како ќе се одразат последните даночни измени на работењето на граѓанските организации
ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОДВо овој број читајте за измените на Законот за персонален данок на доход, кој како што ќе забележите, подеднакво ги третира граѓанските организации со другите субјекти.
|  |
Концепти
ПОЗНАВАЊЕ И СТАВОВИ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИИстражувањето за довербата, одговорноста за општествените прашања и добротворството во Македонија го адресираше и познавањето и ставовите за конкретни граѓански организации и личности од граѓанскиот сектор. |  |
Погледи
Очи широко отворени (2)И, повторно за свеста, умот, потсвеста, но ќе се обидам заеднички да ја допреме суштината на живеењето. Колку за потсетување: на часовите по биологија уште во основно училиште ќе Ве научат дека живите организами се поделени на растителен и животински свет, и човекот. |  |
СП маркет стана достапен и за граѓаните со оштетен слух
Јазикот на глувите лица ги премостува бариеритеСекојдневната меѓусебна комуникација на граѓаните на Скопје неопходна за завршување на навидум најбаналните обврски, како што е пазарењето во маркетите, и за глувите лица веќе не претставува голем проблем. И оваа група граѓани, благодарение на обучените шефови и нивните заменици кои секојдневно работат во четирите СП маркети, единаесетте дисконти Макси Д, вклучувајќи го и Центарот за убавина Уник (Униљуе) во центарот на градот, за прв пат од втората половина на минатата година имаат можност да бидат услужени на својот гестовен јазик. |  |
Кампања на ЕСЕ
Прибирање средства за поддршка на работата на центрите за правна помош во Скопје, во Тетово и во ШтипЗдружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ –ЕСЕ, во своите развојни активности, стратешки е определено да работи на обезбедување алтернативни извори на средства, кои треба да придонесат кон градење поволни околности за одржливост на организацијата во иднина. Дел од активностите со мошне интензивна динамика се одвиваат за време на кампањата за борба против насилство врз жените, започната на 20 ноември, 2006 год. |  |
Избор
Немирна вода!Заврши Регионалниот проект за Дунав (РПД), иницијатива на УНДП-ГЕФ вредна 17 милиони долари. Филип Велер, извршен секретар на Меѓународната комисија за заштита на реката Дунав (МКЗРД), зборуваше за идните предизвици на ова речно подрачје. |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|