|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ЛУЃЕ: Филип Стојановски Не (се) лажете
Професионално искуство: Пред да ги завршам студиите по информатика, имам работено како попишувач, преведувач, презентер на саем, административен асистент, веб-дизајнер... а по дипломирањето, како уредник на веб-магазини, систем и интернет-организатор, аналитичар од областа на информатичкото општество и програмски координатор.
Ангажирање во граѓански сектор: Во текот на студиите на УКИМ бев активен член на европската студентска организација АЕЖЕЕ (АЕГЕЕ). Во 1997 г. заедно со неформална група пријател(к)и-модемџив(к)и организиравме акција за добивање поповолни услови за пристап на интернет од провајдерите, што успеа 100% кај еден од нив, а повлијае и на другите. Во наредните години учествував во работата на неколку НВО, претежно ориентирани кон ширење знаења и толеранција, како МАСА и Агора. Професионалните ангажмани со ФИООМ и со МЦМС ми овозможија доброволно учество и во активностити вон описот на работните места, а кои ги сметав за исклучително важни и полезни, како активностите против фајромизацијата.
Хоби и интереси: Моментално, хоби ми е блогирање. Повремено ставам забелешки на мојот блог Развигор (http://razvigormk.blogspot.com).
Најтешка одлука: Онаа панкерската: дали да останам или да си одам, во разни контексти.
Амбиции: Минимизирање на стресот, максимизирање на ефективноста, постигнување рамнотежа на желбите и обврските. Фаќање ритам за редовно вежбање.
Во слободното време чита: Научна фантастика, палеонтологија или психологија - најдобро кога се комбинирани, како во книгата „Хоминиди” на канадскиот писател Роберт Џ. Сојер, која тукушто ја прочитав. Редовно купувам и „Алан Форд” и „Стрипотека”.
Каде оди во слободното време: Најчесто во дневната или низ чаршија - по потреба. Излегување преку ден на кејот, навечер по кафулињата низ Дебар Маало, понекогаш во кино.
За време на викендите: Понекогаш во посета на големи водени површини (треба почесто).
Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто: Нашата неоснована ароганција, која не спречува да се осознаеме и себеси и светот околу нас, што е основа за решавање на сите проблеми.
Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто? Негрижата за уништувањето на животната средина и биодиверзитетот, незаинтересираноста за климатските промени.
Што би променил во Македонија и во светот: За жителите на Македонија - полесен пристап до море и можностите што ги нуди глобалната економија. За светот - исполнување на Милениумските развојни цели.
Совет/порака: Не (се) лажете.
Никогаш не би можел: Да сметам дека нема потреба да се сослушаат и другите.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|