Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 57

   

Македонска развојна фондација за претпријатија

Чиракувањето - нова можност за вработување

Минатата година, Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), го спроведе проектот “Обука низ работа за младите Роми”.

Преку проектот требаше да се зголемат можностите за (само)вработување на младите Роми преку развивање на претприемачките вештини и стимулирање на (само)вработувањето. Со проектот беа опфатени 59 млади Роми до 30-годишна возраст од 5 заедници вклучени во програмата Применето образование за младите Роми, што го спроведува МЦМС. Градовите во коишто се спроведе проектот се Куманово, Штип, Гостивар, Кочани и Делчево. Од нив, дури 21 се вработија по завршената обука.

“Со проектот беа реализирани неколку активности, како промоција на можностите за подобрување на квалификациите и способностите на младите ромски заедници, промовирање еднаков пристап за Ромите на локалните пазари на трудот, како и организирање и испорака на професионална обука (преку чиракување). Обуката се реализира преку квалификување за бербери, фризери, козметичари, шнајдери, шивачи, тишлери, ковачи, вулканизери, ѕидаротесари-плочкари и водоинсталатери. Како исклучок од овие стручни вештини, би ја спомнале обуката на младата Ромка во Делчево, во локалната библиотека, како архивар”, ни рече Глигор Михајловски, соработник на проекти во МРФП.

Обуката низ работа се спроведе во градовите преку ромските невладини организации: ХДЗР “Месечина” во Гостивар, “Даја” и “Дром” во Куманово, ЦККЕР “Светла иднина” во Кочани, “Кхам” во Делчево”, “Сао рома” и “Романи асвин” во Штип. Организациите извршија селекција и договор со фирмите каде се одвиваше практичната четиримесечна обука низ работа за младите Роми. Секој од нив добиваше по 1.500 денари за еден месец.

 

Штип

Во општините Штип и Карбинци, кога станува збор за  вработување на ромската популација, има повеќе проблеми на коишто треба да се обрне внимание. Во градот Штип живеат околу 2.195 Роми, или 5% од вкупното население.  

Според евиденцијата на Агенцијата за вработување од Штип, заклучно со месец август 2005 год., бројот на  нев­работени лица од ромската популација изнесува вкупно 793 лица. По основ на образование од нив, со ВСС се 2 лица, со ВШСС се 2 лица, со ССС се 13 лица, КВ 10 лица, ПКВ и НСО се 92 лица и НКВ се 674 лица. 

Во Акцискот план за Декадата на Ромите на град Штип за периодот 2006-2010 година инициран од “Романи Асвин”,  “Ромската детска амбасада”, Здружението за правата на Ромите и здружението Регионален бизнис-центар од Штип стои забележано дека една од причините за тешката состојба на ромската популација е недоволната информираност. Таа пак произлегува од недостатокот на интерес (се мисли на невработени, работоспособни лица, евидентирани во агенцијата за вработување) за своите права и обврски што произлегуваат од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Втор проблем што се јавува во сферата на вработувањето е фактот дека лицата од ромската популација најчесто се ангажираат за вршење работи коишто се малку платени (чистење куќи, физички работници, сезонски работници и сл.). Ова е резултат на ниската образовна структура на оваа популација. Само корисниците на социјална парична помош од ромска националност (според евиденцијата на ЈУ МЦСР, тоа се околу 450 семејства кои ги користат правата преку Агенцијата за вработување) се евидентираат како невработени. За другите невработени не постои евиденција.

При нашата посета на една од фирмите каде се спроведува обуката низ работа, во фабриката за конфекција “Вивенди”, ја сретнавме младата 22-годишна, Сафие Кадриева.

“Завршив  средно училиште и бидејќи не можев да најдам работа, се пријавив на оваа обука низ работа. Во семејството сме пет члена и едвај излегуваме на крај. Животот поскапе. Многу сум задоволна од работата. Веќе четири месеци сум тука, во фабриката. Се трудам да научам што повеќе за да можам да се вработам. Можеби ќе ме задржат тука, ако не, ќе се потрудам на друго место”, ни кажа таа.

Преку “Романи асвин” и “Сао рома” во конфекциските фирми “Вивенди” и “Конти” се прифатени 10 млади Роми на чиракување.

“Нашата фирма постои веќе четири години. На почетокот имавме повеќе вработени, бидејќи бевме повеќе подружници. Сега, откако се осамостоивме, имаме околу триесетина работници. Главно шиеме женска конфекција наменета за извоз. Идејата со обуката низ работа е добредојдена. Меѓу вработените нема предрасуди околу Ромите. Уште кога почнаа со чиракувањето, веднаш можеше да се забележи кој може да ја работи таа работа. Мислам дека три-четири месеци се доволни за да научат нешто, но волјата и желбата се најбитни во целата работа. Тие што ќе се покажат најдобри, се надевам дека ќе ги задржиме”, ни рече Катица Арсовска, менаџерка во “Конти”.

 

Куманово

Како што ни рекоа во организацијата “Даја”, преку која тече обуката низ работа, во почетокот по анкетирањето на околу 50 млади Роми, биле повикани најзаинтересираните, кои веќе искажале конкретна желба за чиракување кај одредени фирми.

Се упативме кон фризерскиот салон “Моделино” во Куманово, каде н$ дочека насмеана девојка, со беспрекорна фризура и шминка. Веројатно една од ученичките на сопственичката на салонот, си помислив, затоа и дојдовме за да поразговараме за обуката за фризери. На мое големо изненадување, тоа беше самата сопственичка на салонот, нашата домаќинка, Наде Дестановска. Уште три девојки и две момчиња внатре беа подготвени да ни ги раскажат своите нови искуства во фризерскиот занает.

“Зошто фризерка, затоа што ова отсекогаш сум го сакала”, вели Наде. “Уште на 12-13 години почнав да има правам фризури на моите дома. Мајка ми најчесто ми беше моделот за вежбање”, додава таа. Наде имала петнаесетина години кога го посетила првиот курс за фризерки. И таа била дел од една обука низ работа, така го совладала занаетот и вештините на една фризерка. “Не го продолжив школувањето, но добив занает со којшто можам да заработувам за живот”, вели таа. “Сега сум во состојба да им го овозможам тоа и на други млади луѓе кои решиле да научат занает. Благодарение на Македонската развојна фондација за претпријатија и на програмата Применето образование за младите Роми на Македонскиот центар за меѓународна соработка, моите ‘ученици’ добиваат занает и надомест за храна. Обуката ќе трае до крајот на годината, а во моментот имам деветмина заинтересирани да станат фризери”, со насмевка вели Наде.

“Не е лесно”, вели таа, “но ова е чесна работа и од неа може да се живее. И во оваа работа има ‘шпицеви’ и послаби периоди. Во лето, кога има многу свадби, често морам да станам и во 4 часот наутро, за да започнам со работа во 5 часот. Со приходот од овој фризерски салон го издржувам моето седумчлено семејство и редовно ги плаќам давачките за салонот. Ако можам јас, зашто не би можел и некој друг?”, вели Наде.Се поздравивме со нашата ведра домаќинка и со нејзините “ученици”. Посакавме уште многу млади луѓе да ја запознаат нејзината вештина во фризерството и ведрината не нејзиниот карактер.

 

Што понатаму?

Ова претставува еден добар обид на граѓанскиот сектор, преку овој облик, да се вклучи во решавањето на проблемот на невработеноста на една од најпогодените етнички заедници. Преку чиракувањето, ќе им се помогне на младите Роми да стекнат знење и вештини, за да можат полесно да дојдат до работа. 

 

 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA