|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Годишнина
Осум години Блесок
Во март 1998 година излезе првиот број на првото македонско електронско списание „Блесок – литература и други уметности”. Културната установа Блесок, која го издава списанието, е формирана во февруари истата година. Осум години е периодот во којшто списанието навистина „блеска” на македонската и на меѓународната културна сцена. Блесок, по повод јубилејот, одржа прес-конференција на 7 февруари годинава. Беше претставена годишната програма. Освен редовното е-списание, Блесок ќе објави најмалку 7 печатени книги и десетина книги во е-формат. Во 2006 година списанието ќе биде поддржано од Фондацијата „е-Македонија” на А.Д. - Македонски телекомуникации и од Министерството за култура на Република Македонија.
Досега, во изминатите 45 изданија на списанието се објавени над 4.000 страници текст на македонски и на англиски јазик, исто толку слики во различни галерии, околу 130 музички извадоци од над 800 странски и домашни автори. Културната установа Блесок објави 187 е-книги, на вкупно 35 јазици, од околу 100 светски автори. Во 2006 г. во план се уште 10 е-книги. Блесок објави и неколку ЦД-ромови. БАБЅЛОНИА (њњњ.бабѕлониа.цом.мк) е мултимедијален ЦД-ром, кој содржи 130 е-книги и музика од Кокан Димушевски. Блесок изработи над 40 веб-сајтови, главно од областа на културата (достапни на хттп//десигн.блесок.цом.мк), како и 25 печатени книги (22 самостојно, 3 во соработка со Македонскиот ПЕН центар). Со цел промоција на Македонија во светот, Блесок оствари соработка со неколку меѓународни институции: УНЕСКО, ЦЕЕОЛ (ЦЕЕОЛ -Централ анд Еастерн Еуропеан Онлине Либрарѕ) и БАП (БАП - Балкан Ассоциатион оф Публисхерс). Блесок е коосновач на ЛитКон – Загреб (њњњ.литкон.орг), „Интернет Нетњорк фор Диссеминатион оф Балканс’ Цултурес” и беше партнер во проектот БалКанис (БалЦанис) – Љубљана (њњњ.балцанис.цом), магазин за култури. Повеќе информации на њњњ.блесок.цом.мк
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|