Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 61 Јуни 2006

   

Огнен Стаматоски, национален директор на Специјалната Олимпијада - Македонија

Спроведуваме активна социјализација и интеграција преку спортски активности

Како ја опишувате сегашната позиција и функција на Специјалната Олимпијада - Македонија?

Се плашам дека е скоро невозможно накратко да се опише сегашната позиција и функција на СО Македонија. За ваквиот мој/наш став постојат навистина голем број причини и од програмски карактер (определби, заложби, цели, мисија и филозофија на олимпизмот, поточно специјалниот олимпизам), преку сето она што н$ опкружува (натоложени догми, бариери, ниво на јавната свест, вкоренет менталитет и негативен однос – „слепило” кон хендикепот, воопшто, состојбата со хуманоста и филантропијата на нашиве простори), па с$ до аспектите на административно-техничките и оперативните состојби и проблеми со коишто сме соочени на дневна основа (бирократија, нефлексибилност, несоодветна законска регулатива, немање сигурни и постојани средства и фондови и сл.), а кои директно влијаат на планирањето, организацијата и реализацијата на планираните програмски заложби.

На сите овие полиња Специјалната Олимпијада – Македонија правеше и прави големи чекори коишто се насочени кон добробитта на оние кон коишто се насочени нашите заложби, лицата со посебни потреби, т.е. лицата со интелектуална попреченот и комбинирани пречки во развојот, а во терминологијата на Специјалната Олимпијда, глобално прифатени како атлети. Не беше лесно, а и денес не е лесно во нашата држава да се реализираат вакви комплексни програми; не е лесно да се рушат бариери, да се „поместуваат планини”, да се влијае на промена на нивото на јавната свест, да се отворат срцата на граѓаните и да ги прифатат резултатите и постигнувањата на лицата со посебни потреби, со неколку збора, да ги прифатиме како рамноправни граѓани и инклузивен дел од нашето општество во развој.

Во оваа насока, позицијата на СО Македонија е веќе на едно задоволително ниво коешто нуди и обезбедува дневен/целогодишен реален сервис за задоволување на потребите на оваа, кај нас несреќно крстена „маргинализирана” група граѓани.

Со сето она што реално го овозможуваме и реализираме на ниво на територијата на целата држава, преку мрежата од 25 клубови и членство од околу 2.500 лица, успеваме да се доближиме кон многумина и да отпочнеме еден циклус на отворање на дотогаш недостапните хоризонти и активно учество во остварувањето на соништата на овие наши сограѓани.

Сето ова ја става СО Македонија во функција на реален фактор при креирањето на идните преспективи врзани не само за нашата целна група, туку и другите лица со инвалидност (хендикеп), а со тоа и во своевиден лидер во артикулирањето на сите прашања врзани за нив на ниво на државата, но и пошироко. Нашите мотиви беа трајни, а такви се и нашите заложби.     

 

Кои државни структури во досегашниот процес на оформување на Олимпијадата покажале отвореност и разбирање, а каде с$ уште вратите ви се затворени, но каде и подотворени? 

На ова прашање, практично е многу лесно да се одговори, а самиот одговор би бил краток: генерално, нема соодветни структури коишто би ги третирале нашите комплексни аспекти и приоди во реализацијата на програмските заложби.

Дел од одговорот е и во погоре­кажа­ното, врзано за менталитет, догмите и вкоренетата ригидност на структурите што требале системски да се занимаваат  со оваа група на луѓе! А, во таа насока е и констатацијата за исклучително скромната помош што државата, само преку Агенцијата за млади и спорт на РМ, ни ја давала (во форма на минимални финансиски средства) и Министерството за одбрана на РМ, кое бесплатно ни го дава на користење армискиот спортски центар во паркот во Скопје.

За жал, друга системска и институцио­нална помош нема!

Со оглед на тоа што СО Македонија е регистрирана во Македонија според Законот за здруженија на граѓани, а кој не кореспондира со актуелната содржина и со програмските определби на т.н. сервисни организации, каква што и сме, невладина, непрофитабилна и, практично, незаштитена организација којашто има сериозен пристап и однос кон оваа група граѓани, вршејќи реален сервис што самата држава не го обезбедува, „осудени” сме да функционираме само од хумани донации и некомерцијални спонзорства. Наедно, ако кон ова се додаде дека ние вршиме активен сервис којшто е опфатен од различни министерства и државни институции (спорт, образование, здрав­ство, социјална политика, вработување итн.), поддршката и помошта што би требало да ја добиваме би требало да доаѓа од сите овие места, а дури би се осмелил и да кажам од највисокото владино ниво, како активен и реален државен партнер!

Тоа го немаме, а притоа не само што вратите се затворени и на нашите барања или не се одговара или се игра бирократски пинг-понг, туку кај одделни државни тела, институции и поединци, сето она што го правиме ние им изгледа како „паралелизам” и конкуренција... која е, секако, последица на нивното нереализирање на активностите и функциите за коишто имаат мандат.

На тоа поле многу работи треба да се направат и вратите да ни бидат целосно отворени! 

На кои нивоа и во кои земји во последниве неколку години се натпреваруваат вашите олимпијци и кои се постигнатите резултати? 

Нашите специјални олимпијци се натпреваруваа скоро на сите можни нивоа, и во земјава, а и во странство, притоа бележејќи завидни резултати и достојно претставувајќи ја Република Македонија. Но, тоа што е уште поважно од постигнатите резултати е доследното спроведување на основните програмски заложби – активна социјализација и интеграција преку спортски активности.

На национално ниво веќе е создаден препознатлив систем на тренинзи, мечеви, минитурнири, големи турнири, регионални настани, па с$ до комплексните национални летни и зимски игри, кои во различни фази и периоди ги опфаќаат сите активни, над 1.100 атлети на СО Македонија.

Покрај сите помали или поголеми мечеви, минитурнири и слични настани (ги има навистина многу), тука посебно треба да ги истакнам одржаните четири национални фудбалски турнири (2003, 2004, 2005 и 2006 г.), двата национални кошаркарски турнири (2004 и 2005 г.), Атлетско-фудбалскиот митинг (Велес 2005), учеството на двата дипломатски турнири, како и одржаните Национални зимски игри на СОМ (2004 г.) и двата најголеми и најкомплексни настана - Националните летни игри на СОМ (2004 и 2005 г.).

Исто така, СО Македонија зеде активно учество на најголемиот дел од меѓународните настани, т.е. на сите оние на коишто имавме обезбедено квалификација за учество и, секако, обезбедени беа средства за реализација на настапот.

Првиот официјален настап репрезентативците на СО Македонија го имаа на најголемата светска манифестација во организација на Специјалната Олимпијада – големите Светски летни специјални олимписки игри што во летото 2003 година се одржаа во Даблин, Ирска. Потоа се редеа настапи на нашите делегации на трунирите во Босна и Херцеговина (пливање, атлетика, фудбал и пинг-понг), Белград (фудбал), Родос, Грција (кошарка), Луксембург (фудбал, машки и женски), Анталија, Турција (голем фудбал), Оломоуц, Чешка (атлетика) и повторно Белград (кошарка).

Летово, наша делегација учествуваше и на Првите национални летни игри на Србија, што се одржаа во Пирот, Србија.

За оваа година е планирана, регистрирана и пријавена наша делегација којашто ќе учествува на најголемиот годинешен европски настан во организација на Специјалната Олимпијада, „Европските игри на младите”, што ќе се одржи во Рим во 2006 година, како и на европскиот симпозиум на којшто главна тема ќе биде хендикепот. Исто така, за следната година во тек се подготвителните активности за учество на нашите репрезентативци на следните  Светски летни специјални олимписки игри - Шангај 2007 година.

Меѓутоа, како што и кажав погоре, покрај постигнатите резултати на спортски план, за нас се уште позначајни оние што се  постигнати на планот на социјализација и интеграција, запознавањето со други лица од земјата и од странство, дружењето и ширењето на хоризонтите, создавањето пријателства (па и трајни), како и пренесувањето на стекнатите искуства на другите во државата и понатамошно мотивирање за активно вклучување во зацртаните програмски заложби, проекти и активности.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA