|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Светски совет на црквите
Изјава на Извршниот комитет за Иран за нуклеарната пролиферацијаНегативната гаранција за безбедност” (Negative Security Assurance), на која се обврзаа сите пет официјално признаени земји коишто поседуваат нуклеарно оружје, беше клучна за овозможување на одлуката од 1995 година за трајно продолжување на Договорот. Жалиме поради фактот што претседателот Буш ги доведе САД во ситуација на директно непочитување на обврската кога не ја негира можната опција за нуклеарен напад против Иран, објавена во извештаите на весникот Њујорк тајмс (New York Times). |  |
Семинари на ОБСЕ за еко-новинари
Животната средина не познава границиЗа многумина екологијата е најкраток пат на нашиот регион до Европската Унија. Очигледно е дека Европската Унија нема да толерира нечистотија во својата близина. Токму затоа медиумското известување за животната средина е од голема важност, како и подигање на свеста на граѓаните и укажување на значењето на заштита на животната средина, а секако со оглед на тоа што екологијата не познава граници, меѓудржавната соработка е од големо значење. |  |
Информативен сервис за НВО и за граѓаните
Нов поттик во соработката со локалната самоуправаНеодамна во Радовиш беше отворен Информативниот сервис за НВО и за граѓаните за соработка со локалната самоуправа. Тој претставува конкретен начин и метод за развој на соработката на граѓанските организации со локалната самоуправа во Радовиш. |  |
НА 20 ЈУЛИ СЕ ПРОСЛАВУВА ПРВИОТ УСПЕХ НА МИСИЈАТА АПОЛО
Денот кога човекот зачекори меѓу ѕвездитеНа 20 јули 1969 година, човештвото се вивна помеѓу ѕвездите. На тој датум, секоја година се прославува првиот чекор на еден човек на друга површина во вселената.
|  |
Меѓународен ден на бегалците-20 јуни
Бегалците и раселените чекаат да се вратат во огништата албански
Седум години од косовската криза и пет од завршувањето на конфликтот во земјава, Македонија с$ уште се соочува со проблемот на внатрешно раселени и бегалци. Во земјава с$ уште има над 2.000 лица кои не се вратија во своите домови, потресени од воените случувања коишто ги принудија да ги напуштат огништата и да побараат нови, безбедни места за живеење. |  |
Нова хуманитарна кампања
Ние сакаме, а вие можетеВо текот на топлиот јуни, медиумите меѓу другото го свртеа вниманието на јавноста на започнувањето на нова хуманитарна кампања, чиешто успешно реализирање бара активно вклучување на граѓаните и на потенцијалните донатори. |  |
Огнен Стаматоски, национален директор на Специјалната Олимпијада - Македонија
Спроведуваме активна социјализација и интеграција преку спортски активностиСе плашам дека е скоро невозможно накратко да се опише сегашната позиција и функција на СО Македонија. За ваквиот мој/наш став постојат навистина голем број причини и од програмски карактер (определби, заложби, цели, мисија и филозофија на олимпизмот, поточно специјалниот олимпизам), преку сето она што н$ опкружува (натоложени догми, бариери, ниво на јавната свест, вкоренет менталитет и негативен однос – „слепило” кон хендикепот, воопшто, состојбата со хуманоста и филантропијата на нашиве простори), |  |
Како до успешни “мулти-култи” активности
А ПРЕВОД ИМА?! албански
Во овој дел серијата за „Како до успешни мулти-култи активности”, би сакал да се осврнам на користењето на јазикот на другите заедници во нашите проектни активности, затоа што се среќавам со различни начини и пристапи во решавањето на тоа прашање. |  |
Коментар
Кучињата лаат, караванот си врвиВо екот на предизборната кампања кога политичките партии ги прават последните обиди да заработат уште некој поен кај гласачите, граѓанските организации можат да одбележат уште еден обид на власта да поентира на нивна сметка. |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|