|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
МИЛЕНИУМСКИ РАЗВОЈНИ ЦЕЛИ
Сите заедно за одржлив човеков развој
Во овој број форумот го посветуваме на Милениумските развојни цели - процес кој веќе пет години се развива на глобално ниво и во кој е вклучена и нашата држава. Во форумот можете да учествувате и Вие на адресата www.graganskisvet.org.mk или www.civicworld.org.mk. Ве молиме да се пријавитее со полното име и презиме и да го наведете името на здружението, доколку членувате во некое.
Милениумските развојни цели беа дефинирани и прифатени во 2000-та година, на Милениумскиот самит што го иницира и спроведе Организацијата на Обединетите нации. Тие се прифатени како рамка за мониторинг на прогресот на човештвото кон одржливиот човеков развој. Кон Милениумската декларација на ООН, која ја потпишаа многу држави од светот, пристапи и Република Македонија. Програмата за развој на ООН - УНДП го координира овој широк и значаен глобален процес. Целна година на Милениумските развојни цели е 2015-та. Дотогаш, државите од светот се обврзаа да постигнат 8 цели:
1. Намалување за половина на екстремната сиромаштија и глад до 2015 година; 2. Обезбедување основно образование за сите; 3. Промовирање на еднаквоста меѓу половите и оспособување на жените; 4. Намалување на смртноста кај децата; 5. Подобрување на здравјето на мајките; 6. Борба против ХИВ/СИДА, маларијата и другите болести; 7. Обезбедување одржливост на животната средина; 8. Нови глобални партнерства за развој.
Процесот во Македонија го спроведува Владата, преку Министерството за финансии коешто тесно соработува со останатите владини сектори. Во него се вклучени академските кругови, институциите, бизнис-секторот, но и граѓанскиот сектор, којшто е претставен преку Граѓанската платформа на Македонија. Поточно, претставници на Граѓанската платформа се вклучени во секоја од работните групи кои работат на подготвувањето на Националниот извештај за милениумските развојни цели на Македонија. На 23 декември 2004 година, Граѓанската платформа организира претставување на нацрт-верзијата на Националниот извештај, каде што присуствуваа повеќе здруженија на граѓани. Целта беше да се отвори широка форумска расправа за овој документ и да се обезбеди пошироко учество на граѓанскиот сектор. Расправата е отворена за сите граѓански здруженија од Македонија, а повеќе информации за самиот процес на Милениумските развојни цели и за Националниот извештај можат да се добијат преку Граѓанската платформа на Македонија (преку е-маил адресата: gpm@mcms.org.mk).
М. Иванова
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|