|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
коментар
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!Започна новогодишната еуфорија. Полека но сигурно им се предаваме на новогодишните желби, честитки, планови за слободните празнични денови...
|  |
НВО саем – 4 форум на граѓанското општество во Македонија
ЗАЕДНО ЗА ЕДНОПод слоганот “Заедно за едно”, од 3 до 5 декември 2004 година на Скопскиот саем се одржа четвртиот по ред НВО саем – форум на граѓанското општество во Македонија. |  |
искуства од регионот
Мрежа на партиципативни практиканти (1)Развој воден од заедницата И покрај големите трошоци за граѓанските организации во Босна и Херцеговина насочени кон подобрување на организацискиот капацитет и администрацијата, како и менаџерската пракса, многу малку внимание се посветува на изградбата на капацитети за мобилизирање на локалните ресурси и на поголемото локално раководство во развојниот процес. |  |
Хуманитарен концерт на Тоше и пријателите
Собрани 28.000 евра за Клиниката за детски болестиСо химната на УНИЦЕФ “За овој свет”, испеана од учениците од училиштето за деца со оштетен вид “Димитар Влахов” и македонската поп-ѕвезда Тоше Проески започна хуманитарниот концерт кој се одржа на почетокот на декември на скопското Сајмиште.
|  |
Македонски центар за независна иницијатива (МЦНИ) - Радовиш
ЈАКНЕЊЕ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО И ДЕМОКРАТИЈАТАМакедонскиот центар за независна иницијатива (МЦНИ) од Радовиш е здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување на нивните интереси. МЦНИ е основано на 24.04.2001 година. |  |
луѓе
МЦМС избра нов Управен одборНа 16 декември 2004 година членовите на Советот на МЦМС го избраа новиот Управен одбор. Г. Мирко Спироски, досегашен претседавач на УО се повлече од функцијата. Тој беше дел од ова тело од основањето на МЦМС и со својот личен ангажман значајно придонесе за развојот на МЦМС, а на тој начин и за развојот на граѓанското општество воопшто.
|  |
погледи
Одржливоста на граѓанскиот сектор зависи од успешната мобилизацијаОдржливоста, не е само еден од клучните зборови, во групата на волшебно недостижни состојби на 99% од здруженијата на граѓани во Република Македонија, туку и потреба за обезбедување долгорочен развој на целокупниот граѓански сектор во РМ. Поведен од тие причини, Центарот за институционален рзвој - ЦИРа ја организира конференцијата „Стратегии за одржливост на НВО секторот во Македонија” во рамките на НВО саемот од 2 до 5 декември 2004 година во Скопје. |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|