Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 42 Октомври 2004

   

Во Раштак културното наследство не е само за прераскажување

Егзистенција на традиционален начин

За да дојдете во Раштак треба да поминете 11 километри на севе­роисток од Скопје и да минете низ четири села (Синѓелиќ, Стај­­ковци, Црешево и Булачани). От­како ќе освоите околу 700 метри над­морска височина од Скоп­ска Црна Гора на чии падини се наоѓа Раштак пред вашиот поглед ќе “пукне” целата скопска котлина. Раш­тан­ци се многу горди на своето место, дури и оние кои поради економски причини се “пограѓаниле”, пензионерските денови или барем викендите и слободните денови ги минуваат во идиличниот роден крај.

Во Раштак н$ донесе желбата да ја запознаеме традицијата по која ова село одамна и надалеку би­ло познато. Сакавме да ги регистрираме на­­­по­­рите на жи­­те­лите да ја зачу­ваат  таа тра­­­ди­ција и да ја надо­градува­ат пре­ку но­вите генерации раш­­танци.

Играорци за пример

Играорната гру­па од Раштак е една од најстарите на овие про­стори. Таа е фор­мирана во 1932 година како дел од Соколското друш­тво “Раштак”. Во по­че­­токот играорната група била составена само од пејачи и играчи. Девојките стануваат членови на групата во почетокот на 1935 година.

Играчите и пејачите имале прекрасен талент, на групата никогаш не & фалеле играорци или пејачи затоа што Раштак бил вистински расадник на пејачи и играчи. За ова сведочи и интересот на тричлената експедиција која во далечната 1936 година го посетила Раштак со намера да ги про­учи песните и игрите од овој крај. Дел од впечатоците се пренесени во весникот “Политика” од 26 јуни 1936 година. “Секоја жива душа од третата до деведесеттата година “музицира” и игра, а сите се облечени во праз­нично руво. Во селото Раштак го видовме најубавото играње. Јас никогаш нема да го заборавам отменото држење на играчите, силата и префинетоста на нивните движења и ри­тамот на нивното мрдање. Меѓу нив се почувствував како во англиско село”, вели г-ца Мод Карпелес, Ан­гличанка и дел од тричлената експедиција.

Трајко Попов – прочуениот ороводец

Ороводецот на играорната група од Раштак, Трајко Попов, оставил силен белег што ја следи групата во освојувањето на домашната, но и на европската публика. “Трајко Попов беше нашиот најголем играорец”, вели 79-годишниот чичко Веле Јовчев, еден од членовите на оваа група. “Паме­там, како дете, дека на сите селски собири им се вртев на играорците околу нозе. Трајко игра­ше на тенецот, а јас околу него, де напред, де назад. Во еден момент ме грабна во рацете и продолжи да игра со мене. Беше многу силен. Еднаш “фатија ра­ка” со зурлаџиите кој повеќе ќе из­држи, кој прв ќе се откаже. Трајко го мина цело село играјќи, ама зурлаџиите не можеа да го следат”, вели чичко Веле, сеќавајќи се на тие времиња.

Европска слава

Еден од најзабележаните настани е настапот на фестивалот на народни игри и песни во Хамбург, Германија, во 1937 година. Играорната група од Раштак требало да го претставува Кралството Југославија. Велат дека пред да се појават на сцената во публиката се расчуле гласови: “Што можат да покажат тие прости селани и селанки”. Но кога се појавиле, бес­крајно достоинствени во играта, жи­­во­писни во носиите од раш­танскиот крај, играорците ги освоиле симпатиите на сите присутни. Се враќале повторно и повторно на сцената оби­ду­вајќи се да одговорат на бес­конечните аплаузи. На фестивалот, во конкуренција на играорни групи речиси од сите европски земји го освоиле третото место.

Играорците на оваа група биле многу цене­ти. Чичко Веле се сеќава на понудата што ја добил по настапот на Кола­рчевиот народен универзитет во Белград да биде кореограф на КУД “Коста Абра­шевиќ”. “Не можев да се решам на таков голем чекор”, вели тој, “работев во пошта, животот си имаше некој свој тек, овде во Македонија”. Подоцна, чичко Веле добил понуда да биде инструктор и во Танец, ама сепак решил да остане во поштата иако вели дека играњето е неговата најголема љубов. “Сум играл & пред другарот Тито”, вели тој, “млад, мерак, многу сакав да играм и уште сакам”, раскажува чичко Веле и станува да ни по­ка­же, одигрувајќи неколку такта од раштанските игри.

КУД “Трајко Попов”

За раштанци не било ништо поприродно од тоа новото културно уметничко друш­тво да го носи името на славниот ороводец, Трајко Попов. Тие ги негуваат традиционалните раштански игри. “Би сакале да останат засекогаш забележани славните раштански игри”, вели Јовица Кос­товски од здружението на граѓаните “Култу­рен центар” Раштак. “Затоа, стапивме во контакт со Институтот за фолклор “Марко Це­пенков” од Скопје. Со помош на старите играорци од раштанската играорна група пред етномузиколог автентично ќе бидат одиграни игрите: “Потрчано”, “Поступано”, “Лесна лиса”, “Ибраим Оџа” и други. Етномузикологот ќе ги запише и така “овие игри ќе останат зачувани засекогаш”, додава Костовски.

Бизнис во духот на традицијата

Разговорите за богатата традиција на Раштак ги продолживме во една малку понаква насока, егзистенцијалистичка, би рекла. Нашата домаќинка, Трајанка Сми­левска, н$ воведе во семејниот бизнис на Смилевски. “С$ почна со семинарот на ОБСЕ, на кој се разговараше од разработка на идејата, до основање бизнис”, вели таа. “Тогаш размислувавме со што би можеле да започнеме, а да не бара многу големо инвестирање, зошто пари за тоа нема”. Трајанка е поранешна ра­бот­ничка на “Сла­вија”. По 13-годишна работа и по стечајот на претпријатието таа сменила уште неколку работни места кои само навидум биле вработувања. “Идејата да правиме рачно изработени сувенири ни се допадна, се разбира, требаше да седнам и да научам како се ткае, ама тоа не беше проблем. Раз­бојот на кој ги ткаам волнените чергичиња е стар ре­чиси 30 години, не е голем и брзо научив како да го упра­­вувам”, раскажува Тра­јан­ка. Она што сега ги изработува Трајанка се волнени чергичиња од кои потоа се прават тор­бички, футроли за мобилни телефони, футроли за наочари и сл. Шарите се инспирирани до културното наследство на раш­тан­сиот крај или, генерално, од македонското културно наследство.

Заинтересирани странци

Ја прашавме Трајанка ка­ко ги промовира своите прои­зводи и дознавме дека тие биле презентирани преку веб-страница. “Благодарение на таа страница”, вели Гоце, синот на Трајанка, “се заинтересираа медиуми од Хрват­ска, од Босна и Хер­це­говина, од Полска. Тие н$ посе­тија и направија репортажа за на­шиот семеен бизнис. Нив­ните репортажи ни донесоа заинтересирани купу­вачи од странство”, рас­кажува Гоце, студент на ликовната академија во Скопје. Во моментов тој се обидува да ги собере потребните документи, за да може да се извезу­ваат нивните производи.

И повеќе од семеен бизнис

Интересот за производите е голем и тоа на подолги патеки ќе значи обезбедување материјална сигур­ност не само за семејството Сми­левски, туку и за неколку други семеј­ства во Раштак. “За да им излеземе во пресрет на барањата, мораме да набавиме уште еден разбој”, вели сопругот на Трајанка. “Ако тргне работата, тоа ќе значи ангажман за уште неколку жени од селото,” додава Тра­јан­ка.

Семеј­ството Смилевски засега останува на почетниот асортиман на производи, меѓу­тоа тоа не значи дека не размислуваат за проширување. “Најважно е да застанеме на нозе”, вели Трајанка, “а потоа ќе видиме, би сакале да го прошириме асортиманот, да правиме и комплетни народни носии, но тоа е малку покомплексно и го оставаме за понатаму”.

Додека разговарате со членовите на ова семејство, ви се чини дека с$ е остварливо. Со толкава леснотија ги презентираат новите идеи за нивниот бизнис што ви се чини дека само што не ги оствариле. Ги напуштаме со надеж дека со иста таква леснотија ќе се развива и нивниот семеен бизнис за кој ќе се дознае надалеку, како што се дознало и за традицијата на раш­танскиот крај.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA