|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Фондовите на Европската Унија III
Како да се стигне до КАРДС?
Кои документи треба да се поднесат за КАРДС? Според повиците за предлози, Конзорциумот (т.е. главниот апликант и партнерите) мора да ги поднесат следните документи: еден оригинал и четири копии од формуларот за аплицирање (вклучувајќи го буџетот и долгорочните анекси) и кратки биографии на главните членови на персоналот кои се вклучени во имплементирањето на проектот.
Главниот апликант мора да поднесе еден оригинал и четири копии од неговиот статут или членови за асоцијација; судска регистрација, потпишана изјава за партнерство и декларацијата (ИВ дел) и финасиски извештај од изминатата година. Секоја партнерска организација во Конзорциумот мора да поднесе статут или членови за асоцијација и потпишана изјава за партнерство. Копии од оригиналниот документ на Статутот или членовите за асоцијација, како и од судската регистрација, се поднесуваат на македонски јазик (или на официјалните јазици на партнерите), оригинали или копии од документите преведени на англиски јазик и една оригинална изјава од авторизиран нотар, кој ја потврдува валидноста на гореспоменатите документи. Мора, исто така, да се приложи дискета/ЦД-ром со целосниот формулар за аплицирање и анексите.
Тендерската процедура се води во две рунди. Прво, организациите кои го сочинуваат Конзорциумот мораат да поднесат документи со кои ќе ја докажат нивната економска, техничка и професионална позиција. Тие вклучуваат: формулар за аплицирање (еден оригинал и три копии), декларативни писма од сите партнери, документи кои докажуваат дека организацијата не се наоѓа во ситуациите опишани во делот 2.3.3. од Практичниот водич за процедурите на договорот, финасиран од општиот буџет на европските заедници во форма на надворешни акции/активности како судска регистрација, регистрација во Заводот за статистика, судски документ дека активностите на главниот апликант не се забранети и дека не постојат дејности кои би ја избришале организацијата од Регистарот на граѓански асоцијации и фондации, сертификат од Државниот завод за јавни приходи дека апликантот ги има платено сите придонеси и даноци за социјално осигурување. Копии од сите овие оригинални документи се поднесуваат на македонски јазик, како и оригинали или копии преведени на англиски јазик и една оригинална изјава од авторизиран нотар, која ја потврдува валидноста на гореспоменатите документи. Потпишана заклетва од партнерската организација мора, исто така, да се поднесе заедно со апликацијата.
Ако Конзорциумот влезе во потесен избор, следните документи мора да се поднесат врз база на општите услови за тендерот: формулар за пријава на тендерот, изјави за ексклузивност (ексклузивитет) и достапност за членовите на меѓународниот и локалниот тим, тендерска декларација за главниот апликант и партнерската организација, формулар за финансиска идентификација, организација и методологија (кој ги вклучува мотивите/причините, стратегијата, распоредот на активности и лдолгорочните рамки), клучни експерти (список на имиња на клучните експерти, кратка биографија на секој клучен експерт со дипломи и препораки).
Продолжува во наредниот број
Тања Хафнер проект-службеник за меѓународни програми во МЦМС
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|