Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 46 Февруари 2005

   

Светскиот форум бара решенија за војната и сиромаштијата

Отпор кон глобалната доминација на мултинационалните корпорации

Програмата овој пат беше повеќе насочена кон поблиска соработка со грасрут-организаторите, наместо да се потпре на етаблираното раководство на форумот 

ПОРТО АЛЕГРЕ, Бразил – Дури и пред официјалното отворање на Петтиот Светски социјален форум на 26 јануари, градот “вриеше” од активисти за мир и правда, синдикалци, органи­за­то­ри од заедниците, како и младинци и студенти од сите пет континенти. Ре­диците за пријавување на Светскиот социјален форум се одликуваа со разновидност на бои и возрасти. Имаше големо присуство на млади лу­ѓе и можеше да се чујат најмалку шест јазици во исто време. Пер­со­нал­от и волонтерите ја вршеа регистрацијата брзо, што беше добро со оглед на тоа дека се предвидуваше присуство на околу сто илјади учес­ници. Форумот се одвива во време кога во Јужна Америка се слу­чу­ваат длабоки промени, особено во Венецуела, Уругвај, Бразил, Боливија и Аргентина. Венецуелската “Боливанска револуција” предводена од прет­­седателот Хуго Чавес е најдраматичниот пример на отпорот на кон­ти­нентот кон странската експлоатација и неолибералните економски по­литики, како на пример американски-инспирираната “Слободна трговска зона на двете Америки”.Форумот се одвива во сенка на ката­стро­фалните цунами од југоисточна Азија кои пре­д­и­зви­каа смрт на повеќе од 150.000 луѓе и оставија зад себе милиони бездомници и сиро­машни. Организаторите на форумот најавија специјална кампања која ќе се одвива тука за “целосно, итно и безусловно укинување на долгот” за 11 земји од Азија и Африка по­го­дени од цунамите. Кампањата е предводена од групи како, на пример, Јужната јубилејна мре­жа и Комитетот за укинување на долгот на третиот свет. Форумот исто така се случува набрзо по инаугурацијата на претседателот Џорџ В. Буш, чии политики за превентивна војна, илегална оку­пација на Ирак, измачувања и неконтролирани воени тро­шо­ци предизвикаа бројни демо­н­стр­ации за мир и правда во це­ли­от свет, вклучително и планира­ниот Меѓународен ден за акција за мир кој треба да се случи на 19 март. “Заедно за мир и правда” е коалиција од американски групи која е меѓу оние учесници на форумот што се залагаат за координирана акција во целиот свет за “зауздување” на воените акции на Бушовата администрација.
Светскиот социјален форум е основан во 2001 година кога 20.000 учесници од 117 земји се собраа речиси спонтано да го искажат својот отпор кон капиталистичката глобализација. Тој бројно растеше секоја година. По три години по ред во Порто Алегре, минатогодишниот се одржа во Бомбај, Индија, а учество зедоа околу 111.000 учесници од 123 земји. Оваа година, форумот се одржува од 26 до 31 јануари.  Форум се нарекува себеси “отворено место каде што групите и дви­же­ња­та на граѓанското општество – противници на неолиберализмот и светот доминиран од каков било вид империјализам…. се состануваат/собираат да ги спроведат своите мислења, да дискутираат за своите идеи на демократски начин, да изготвуваат предлози… и да се вмре­жу­ваат за заедничко дејствување”.  Оваа година, форумот е организиран околу 11 основни “тематски терени”: одбрана на Планетата и на луѓето кои живеат на неа од транснационално; креирање на човековата умет­ност; изградба на слободни медиуми; одбрана на разликите, заштита на човековите права, бранење на суверенитетот на националните еко­но­мии; развивање глобален морал; борба против неолибералната доминација; промовирање на мирот; отпор кон апропријацијата на зна­е­њ­ето за профит; и, изградба на нов, демократски поредок. Учесниците имаат избор од повеќе од 2.000 активности, вклучувајќи панел-ди­с­ку­сии, собири, културни екстравагантности, дебати, специјални т.н. “тематски шатори” (за локални луѓе, луѓе со африканско потекло, Палестинци, луѓе од Куба и Венецуела, екуменска соработка) и стотици изложби.  Раководното тело на форумот, Меѓународниот совет, вклучува претставници од светското работничко движење, како на пример АФЛ-ЦИО и широк ранг на групи кои се борат за човекови права, мир, заш­ти­та на животната средина, млади и жени.  Како и изминатите години, го­лем број учесници, илјадници од нив, се очекуваат да пристигнат од САД. Меѓу нив има активисти од синдикатите, активисти за мир и правда, за животна средина, академици и избрани службени лица. Деле­га­цијата на Бразил се очекува да биде најбројна.  Форумот традиционално се одржува во исто вре­ме со Светскиот економски форум, кој пак се одвива на луксузна локација во Давос, Швај­ца­рија, каде што светската финансиска и биз­нис-елита изготвува економски планови и да­ва изјави за светските проблеми. Спротивно на тој свет на експлоатација и угнетување, Свет­ски­от социјален форум ги инспирира своите следбеници со слоганот “Поинаков свет е воз­можен”. Оваа година, форумот доживува голем број иновации. Делумно како одговор на кри­ти­ките дека на претходните средби при­сус­тву­ваа претежно претставници на поедуцирана елита (освен во Бомбај, каде што имаше пого­ле­мо присуство на работничката класа и сиромашните), главното место на одржување на активностите се премести од Католичкиот уни­верзитет на Порто Алегре на “Светската соци­јална територија”, големо земјено прос­тран­ство долж реката Гваиба. Исто така, програмата овој пат беше повеќе насочена кон поблиска соработка со грасрут-организаторите, наместо да се потпре на етаблираното рако­вод­ство на форумот. Згора на тоа, 11-те “тематски терени” беа експлицитно насочени кон подобрување на можностите за конкретна светска акција, која не би останала само на зборови.  Јасно е дека светските народи не остануваат пасивни пред многуте глобални про­блеми со кои се соочени. Светскиот социјален форум ја отсликува с$ по­големата загриженост и отпор кон глобалната доминација на пла­не­тата од страна на мултинационалните корпорации и најверојатно ќе понуди нови предлози и најдобри насоки за иднината.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA