|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ГРАД СКОПЈЕ
Информативна веб-страница
Информации за Скопје можат да се најдат на веб-страницата на Градот: www.gradskopje.net.mk, изготвена од Метаморфозис, со финансиска поддршка на ФИООМ.
На оваа веб-страница, која има македонска, албанска и англиска верзија, можат да се најдат новости од градскиот живот, активности и проекти на Градот, општи и деловни информации, како и информации за НВО.
На веб-страницата, исто така, може да се најде Студијата за равој на туризмот во градот, како и податоци за еврорегионот, во кој влегуваат Скопје, Ниш-СР Југославија и Софија-Бугарија. И, секако, тука се и информациите за кината и театрите, транспортот, дневниот печат, мапата на градот…
|
|
|
|
ФИООМ
НВО Конгрес 2002Фондацијата Институт отворено општество – Македонија ја издаде книгата “НВО Конгрес 2002”, која претставува завршна публикација на проектот што се спроведе минатата година и кој имаше цел да даде согледувања, анализа и препораки на НВО и на единиците на локалната самоуправа за локалниот и за регионалниот развој на Република Македонија |  |
| МИМ
Веб-страница и брошураМакедонскиот институт за медиуми изготвува веб-страница, како и информативна брошура, на македонски и на англиски јазик, во која ја претставува својата мисија, целите, дејноста и проектите. |  |
|
ПАСАЖ
Билтен за корисниците на дрогаЗдружението “Пасаж” го издава истоимениот билтен, наменет за корисниците на дрога. Билтенот излегува периодично, на македонски и на албански јазик, финансиран е од ИХРД, а логистички е поддржан од ХОПС. |  |
| ЕВРОПСКА АГЕНЦИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА
ЕУ и активностите во МакедонијаЕвропската агенција за реконструкција издаде лифлет во кој се нудат информации за работата и активностите кои Европската умија ги спроведува во Република Македонија. |  |
|
ДЕМ И ПРОНАТУРА
Поддршка на органското земјоделствоДвижењето на екологистите на Македонија и швајцарската организација Пронатура објавија лифлет кој се однесува на проектот за локални иницијативи за поддршка на органското земјоделство во Македонија. |  |
| ЦРС
Родителско-училишна соработкаКанцеларијата на ЦРС – Католичките служби за помош во Македонија, изготви лифлет во кој го претставува својот проект Родителско-училишна соработка. Овој проект го раководи одделот за образование на ЦРС, а неговата идеја е да придонесе во градење партнерства, капацитети и врски. |  |
|
ГРАД СКОПЈЕИнформации за Скопје можат да се најдат на веб-страницата на Градот: www.gradskopje.net.mk, изготвена од Метаморфозис, со финансиска поддршка на ФИООМ. |  |
| ИКОН
ЗаедноАсоцијацијата за култура ИКОН од Скопје, го издаде каталогот “Заедно – Дебар 2002”, во кој ги претставува резултатите од истоимениот проект, што се состоеше од изложба на уметнички слики од автори од Македонија од различна етничка припадност. |  |
|
|
|