Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 57  Тема

Електростопанцтво на Македонија помеѓу продажба и протести

Владата и опозицијата на краевите од спектарот, на срединат - народ!

                                                                                                                       албански

Централна тема во македонската јавност со месеци наназад е продажбата на ЕСМ. Власта тврди дека се продава само ЕСМ - делот на дистрибуција, додека опозицијата вели дека се работи за целосна продажба на Електростопанството на Македонија. Протести, блокади, трибини, страв на граѓаните од драстично поскапување на електричната енергија, се појави коишто ја следат оваа приватизација, која факт е дека крена најголем прав откако се приватизираат фирмите во последните петнаесетина години во нашата земја. Централна тема за и околу продажбата на ЕСМ е транспарентноста, дали владата до крај ги кажала своите намери, колкава е цената?

Од другата страна е опозицијата којашто предупредува дека продажбата на ЕСМ на овој начин е штетна, но власта потсетува дека кога опозицијата била власт во 2002 година, тогашните први луѓе биле подготвени да го продадат ЕСМ дури и со непосредна спогодба. Но, останува фактот дека сегашната влада не сака да обелодени што ќе содржи купопродажниот договор што ќе го потпише со идниот сопственик на “Дистрибуција”, како и со која цена би била задоволна, но е подготвена да направи извесни отстапки во документот за којшто не кажува од каква важност е тој. Владата е со прикриени намери или пак опозицијата сака да внесе забуни кај граѓаните? А, сето ова, се разбира, се случува на неколку месеци пред изборите, така што обичните граѓани, на кои на крајот на краиштата им е најважно колкава ќе биде цената на струјата,  по секоја изјава, било на власта, било на опозицијата, остануваат збунети. Во меѓувреме жителите на Скопје се соочуваат со блокади на невладината организација “Глас за светлина”, која секојдневно ги блокира сообраќајниците на главниот град во знак на протест за продажбата на ЕСМ – попрецизно, за начинот на којшто се продава.  Некои граѓани ги поддржуваат протестите на “Глас за светлина”, на некои им е преку глава од блокади и сметаат дека на тој начин не може ништо да се реши, а прашањата коишто и понатаму се во воздухот се колку е транспарентен процесот на приватизација на ЕСМ, во што ќе бидат вложени добиените пари од продажбата, колкави сметки за струја ќе добиваме по продажбата на ЕСМ? Прашањата се бомбастични, а во меѓуврме имаше и подметнување бомба и вистинска експлозија пред “Електро - Скопје”. Приказната за продажбата на ЕСМ продолжува, но никој не знае во кој правец, само да се надеваме дека нема да н$ однесе во тотален мрак.

 

Влада и опозиција - како и секогаш, две крајности

“Процесот на приватизација на ЕСМ е најтранспарентниот процес на приватизација во Република Македонија. Оваа влада ја спроведе неопходната трансформација на ЕСМ и покажа доблест, прифаќајќи го мислењето на домашната јавност и на експертите за промена на моделот на приватизација... Други сегменти што треба да се дообјаснат се прашањата за монополот и на цената на струјата. По никоја логика не постои ризик од природен монопол, бидејќи тука е Регулаторната комисија, како и во секоја друга земја. Покрај тоа, со формирањето енергетска заедница на Југоисточна Европа, големите потрошувачи ќе имаат можност да избираат дали струјата ќе купуваат одовде или однадвор, а за неколку години ќе се основаат и други системски оператори на дистрибуцијата. Што се однесува до цената на струјата, мора да потенцирам дека таа воопшто не е дел од приватизацијата на ЕСМ”, напиша премиерот Владо Бучковски во својата колумна “Двоаршински висок напон” во дневниот весник “Утрински весник” во бројот од 11/12 февруари 2006 година.

Во истиот број на “Утрински весник” во паралелната колумна “Нетраспарентна транспарентност” за продажбата на ЕСМ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пишува: “Кога се продава најголемата компанија во Македонија, државна компанија, плус и монопол, не можеме, а да не го поставиме прашањето зошто се продава. На ова прашање има два одговора, кои ги пласира Владата. Првиот е дека сега имаме многу ниска наплата на струјата и вториот дека се потребни пари за инвестиции... Втората причина е уште потрагикомична. Имено, парите од продажбата на ЕСМ директно ќе одат во девизните резерви и ништо од нив нема да оди ниту во инвестиции за развој на ЕСМ, ниту во инвестиции за развој на земјата, во нејзината инфраструктура и слично (пруги, патишта, водоводи, училишта...). Обичниот македонски граѓанин нема речиси никакви официјални информации од Владата околу сето она што се случува во овој сектор и како ќе влијае тоа врз неговиот секојдневен живот и економијата на земјата..”


Помеѓу протести, страв и поддршка

Засега жителите на Скопје ги чувствуваат само блокадите, времето на своето враќање и одење од и кон дома го прилагодуваат според најавените протести, внимаваат каде се привремените постојки, многумина се нервозни.

“Мислам дека со блокади ништо не се добива. Само се создава хаос во сообраќајот, луѓето се исцрпени, доста им е од приказни, ако Владата наумила нешто, тоа и ќе го направи. Ние тука ништо не можеме, а некој уште го блокира и онака хаотичниот сообраќај во Скопје”, вели Славица С., средовечна скопјанка која ја сретнавме за време на блокадите на “Гласот на светлината” кога се обидуваше да дознае која е новата маршрута на автобусот што вози до нејзината населба.

“Мислам дека сите се плашат од продажбата на ЕСМ, поточно од новата цена на струјата. Без телефон можете, но што ќе правите без струја или како ќе ги плаќате високите сметки со плата од одвај 200 евра којашто не е ниту редовна, а да не зборувам за пензионери кои не примаат ниту сто евра месечно. Точно е дека сега има хаос во сообраќајот поради протестите, но каков ќе биде хаосот кога ќе биде Скопје во мрак затоа што само одбраните ќе можат да си дозволат електрична енергија, а сите други поради неплатени сметки ќе тонат во темница. Да, би им се придружила на оние што протестираат, но не сум подготвена да ризикувам. Ниту можам да излезам од работа, ниту сакам некој да ме фотографира, па потоа да ме уценува, како што им се случи на некои”, го кажува своето мислење четириесетгодишната службеничка Весна, која сепак ниту сака да се фотографира, ниту сака да го каже своето презиме.

Од едната страна на спектарот Владата, од другата страна опозицијата, а меѓу нив жителите и невладините организации, мислења на експерти.

“Многу пати досега сме ги изразиле нашите забелешки во врска со продажбата на крвотокот на нашата држава, односно ЕСМ - Дистрибуција”, вели Ромео Јосифоски од невладината организација “Глас за светлина”. “Како прво, сметаме дека овој процес на приватизација ќе предизвика еден голем економски шок којшто најмногу ќе го почувствуваат пред с$ граѓаните на Македонија, а истиот ќе го почувствува и македонското стопанство. Сметаме дека со процесот на приватизација ќе се создаде приватен монопол, а со тоа ќе дојде и до зголемување на цената на електричната енергија, не земајќи ја предвид економската ситуација во којашто моментно се наоѓаат жителите на земјава. Сметаме дека процесот на приватизацијата се одвива премногу брзо, односно се носат закони по итна постапка, а воопшто не се знае како во пракса ќе функционираат тие закони. Меѓу другото, севкупната експертска јавност, како од областа на енергетиката, така и од областа на  економијата, упорно & укажуваат на Владата какви последици ќе сносат граѓаните по приватизацијата на ЕСМ-Дистрибуција. Оправдување на Владата дека ЕСМ се приватизира поради ниската наплата на сметките не е логична. Тогаш нека се смени менаџерскиот тим на компанијата и проблемот со наплатата ќе биде решен”, потенцира Јосифоски.

На прашањето зошто токму членовите на  “Глас за светлина”  се одлучиле за блокади, Јосифоски вели дека на сите начини се обиделе да го изразат својот револт од одлуката на Владата, а меѓу другите начини се и блокадите. Дека блокадите предизвикаа нервоза и кај власта, покажува и изјавата на министерот за финансии, Никола Поповски, кој изјави дека цената на ЕСМ ќе падне поради протестите и  блокадите, но Јосифоски оваа изјава на Поповски ја смета за гаф, кој нема да го коментира. (Поповски во една од изјавите најави дека цената нема да биде пониска од 80 до 100 милиони евра).

Иако “Глас за светлина” е невладина организација, се добива впечаток дека невладиниот сектор не е целосно застанат зад оваа невладина организација, но Јосифоски го негира тоа, велејќи дека многу организации од граѓанскиот сектор им дале поддршка, а многумина го имаат ставено и својот потпис на заедничката декларација против продажбата на ЕСМ. “Ние сме задоволни и од масовноста на протестите, а сметаме дека би биле и помасовни доколку власта не ги фотографираше регистрарските таблички на колите на оние кои протестираат и доколку не се вршат константни притисоци. Што се однесува до тоа дека не поврзуваат со одредена партија, тоа не е ништо ново. Не поврзуваа и со разузнавачки служби, па зошто да не н$ поврзуваат со партии од позицијата или од опозицијата. Впрочем, ова е изборна година и ова е за очекување” - вели тој.

 

Македонската сага продолжува

Владата, пак, смета дека долготрајните протести на “Глас за светлина” веќе влегуваат во сосема поинаква фаза, па така сметаат дека со блокадите го прекршуваат и стариот и изменетиот Закон за јавни собири со што од оваа невладина организација ќе биде побарана кривична одговорност. Но, членовите на оваа ГО сметаат дека сите собири се правени во согласност со Законот, така што нема основа за кривична пријава.

Протестите на “Глас за светлина” не прекинаа ниту на 17 февруари кога во Скопје пристигнаа европретставниците Оли Рен и Жозе Мануел Баросо. Протестантите им предадоа писмо на европретставниците дека протестот не е насочен против нив, туку против продажба на “ЕСМ-Дистрибуција.”

По сето ова, стигна најава и од компаниите коишто се заинтересирани за тендерот за продажба на ЕСМ дека сакаат да се одложи рокот за поднесување понуди за две недели. Премислување, собирање документација или нешто трето? Македонската сага за продажбата на ЕСМ продолжува.. Дали ќе н$ огрее европското сонце или ќе потонеме во балканскиот мрак, останува да се види!


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA