Интервју со д-р Наташа Габер, Институт за социолошки и политичко правни истражувања
Сега е момент ромската заедница да направи нешто позначајно за себе
“Полека се кристализира една значајна дистинкција во јавноста и на заинтересираните им станува јасно дека Декадата за Ромите претставува еден процес, а изработката на Националната стратегија за интеграција на Ромите во македонското општество е друг процес. Станува збор за два мошне важни, паралелни и комплементарни процеси” - потенцира д-р Наташа Габер - Дамјановска, која интензивно работи на изработката на Националната стратегија за интеграција на Ромите, документ кој има исклучителна важност за ромската заедница и за општеството во целина.
Во што е, сепак, разликата меѓу Декадата за Ромите и Националната стратегија? Декадата за Ромите содржи четири приоритетни теми: образование, домување, здравство и човекови права, надоградени со акциски планови. Нивната изработка е координирана преку владите на земјите на Централна и Источна Европа, а се специфицирани од страна на секоја држава одделно. Нивната имплементација треба да се одвива од 2005 до 2015 година. За разлика од тоа, Националната стратегија за интеграција на Ромите е многу посеопфатна, бидејќи вклучува и други области, освен наведените со Декадата, определува приоритети во секоја од нив и предвидува индикатори за следење на ефектот на предложените мерки. Самото донесување на овој документ е исто така процес, на кој јас, назначена од Министерството за труд и социјална политика, работам како контрактор. Моја задача беше да ги соберам сите истражувања, искуства, постоечката легална рамка и другите елементи кои може да помогнат во изработката на документот и на определените области опфатени во него. Министерството за труд и социјална политика и јас како изработувач на нацрт-текстот сме во фаза на собирање мислења и сугестии од ресорните министерства, но и од претставниците на ромската заедница, политичките партии, граѓанските организации, странски организации и агенции и сл. Процесот на донесување на Националната стратегија е фацилитиран од американската организација “Проект за етнички релации”, која има соодветни познавања и експертиза, како и претходно искуство во регионот на ЦЕИ, инволвирајки се во припремање на бројни извештаи за ситуацијата на Ромите по различни прашања, поддржувајќи регулатива која во иднина би требало да важи и за земјите на ЕУ (почитување и овозможување определени стандарди на сите граѓани, вклучително и Ромите).
Кој е генералниот пристап во нејзината изработка? Генералниот пристап се темели врз по-стојните права на Ромите во Македонија, кои извираат од домашната и меѓународната легислатива ратификувана од нашата држава. Јасно е дека Ромите како граѓани на Македонија имаат одредени права кои треба да ги уживаат. При остварувањето на тие права (слично како и во други држави, во кои спаѓаат и новите членки на ЕУ и земјите-кандидатки) е констатирано дека поради спецификите на заедницата и на моменти поради нефлексибилноста на државата, се создава ситуација во која Ромите немаат можност да ги надминат своите проблеми: државјанскиот статус, огромните проблеми во домувањето, мошне лимитираните можности за вработување, употребата на сила врз нив, невклученоста во процесот на образованието, нееднаков пристап кон здравствените услуги, остварувањето на социјалните права, социјалната помош и др. Посебно прашање претставува дискриминацијата, но таа во Македонија споредена со други држави не се прикажува во својата најдиректна форма. Сепак, пожелно е Република Македонија, освен оние одредби во Кривичниот закон кои се однесуваат на дискриминацијата сторена од страна на службено лице, вклучително и уставните одредби, да донесе и посебен закон против дискриминацијата. Ова е затоа што постојат определени димензии на дискриминација кои с$ уште не се покриени со регулатива, како: дистинкцијата и казнивоста на индиректната, еднакво како и на директната дискриминација; дискриминацијата на лица од приватниот сектор, еднакво како и од јавниот; дискриминација во однос на пристапноста на јавните услуги (здравство, образование и друго). Модерното европско законодавство тежнее своето влијание да го прошири и на овие домени, вклопувајќи ги овие одредби во тие нови области.
Меѓу стратешките приоритети се проблемите поврзани со посебниот статус на жената Ромка во ромското семејство и генерално во заедницата, чија еманципација треба да доведе до прогрес на заедницата и општеството.
Што во нацрт-стратегијата се смета за приоритет во надминувањето на напластените проблеми кај Ромите во државава? Условите на живеење, домувањето, вработувањето, образованието, здравството, социјалната помош и заштита, заштитата на човековите права и прашањата за дискриминацијата, културата, медиумите, жената Ромка и нејзините специфични проблеми и политичката партиципација, се приоритетните области на кои треба да се работи. Секој од овие аспекти има правно-нормативна рамка, анализирана состојба и препорачани активности, како и директно разработен акциски план што би требало приоритетно да се направи.
Но, положбата на Ромите во Македонија има свои специфики, а тоа претпоставувам бара и посебен приод во изработка на стратегијата во однос на другите земји? Во многу приоритетни области, состојбата во Македонија во однос на другите земји во регионот, а и пошироко, може да се каже дека е идентична, но условите во кои одредени области можат да се реализираат се многу поповолни во однос на другите држави. Македонија има поголем степен на желба за општествена приемчивост на Ромите во однос на другите држави, а може да се потенцира и отворената поддршка на Владата во процесот за подобрување на положбата на Ромите во Македонија. Затоа сметам дека можеби не буквално во сите области, но во еден значителен дел од наведените, приоритетите ќе доживеат своја реализација.
Колку граѓанските организации во Македонија денес имаат капаци-тет да ја понесат имплементацијата на Националната стратегија? Нацрт-стратегијата е дистрибуирана до сите граѓански организации и во фаза сме на очекување на нивни забелеш- ки, кои можат да ги доставуваат до почетокот на декември. Потоа, врз база на су-гестиите, стратегијата ќе се коригира од страна на една мешовита работна група под покровителство на Министерството за труд и социјална политика. Најконкретно, се очекува ЗГ да одиграат голема улога во имплементацијата на Стратегијата, бидејќи без директно учество на самите Роми при имплементацијата на приоритетите во ромската заедница, процесот ќе биде отежнат. Се очекува Ромите во граѓанските организации да направат пионерски чекори, во смисла на борба против одредени навики и традиции кои се неминовни со трансформацијата на општественото живеење. Сепак, постои одредена загриженост околу тоа, во кој степен целиот сектор составен од ромски граѓански организации е способен на свој грб да ја понесе имплементацијата, бидејќи истата е повеќесекторска и носи голема одговорност. Впрочем, во овие напори би можеле да се вклучат и организации составени од нероми кои ги имаат квалификациите и способноста да одговорат на задачата, но се разбира повторно во соработка со самите Роми. Во прашање се одредени организациски капацитети кои не се развиени кај сите граѓански организации, па затоа се поставува прашањето на стратешко планирање на активностите во следниот десетгодишен период, особено на вклучување лица во одредени области, како и можност за целосна апсорпција на наменски средства, кои треба да се искористат тогаш кога навистина се на располагање.
Исто така, меѓу Ромите мора да постои поголемо чувство на алтруизам и желба за ангажман за помош на сопствената заедница, без разлика дали некои иницијативи и активности се придружени со паричен надомест или не. Ова затоа што сега е тој момент кога целата ромска заедница со здружени сили треба да направи нешто поголемо и позначајно за себе. Поради тоа, пошироката свест за помош на заедницата треба да преовладува над личните и групните интереси.
Каква улога треба да одиграат политичките партии во имплементирањето на Националната стратегија? Бидејќи Стратегијата се однесува на целата ромска заедница, пожелно би било за нејзините приоритети да покажат интерес сите ромски политички партии. Се подразбира дека политичките партии имаат задача приоритетите да ги реализираат преку партиските програми за да добијат поддршка од гласачите. Периодот што следува, ќе покаже која политичка опција и на кој начин ќе ги реализира прокламираните приоритети. Ова е така бидејќи тие се нешто што ќе ги надмине теснопартиските интереси и желбата за сопствена промоција.
Процесот на имплементација на Националната стратегија треба да се усогласи со процесот на децентрализација Со процесот на децентрализација одго-ворноста на имплементацијата на Стратегијата во голем дел се префрла на локалните власти, бидејќи надлежностите во голем дел се префрлаат на локално ниво. Овде би го нагласила приоритетот на домувањето, бидејќи, генерално, населбите на Ромите се надвор од урбанистичките планови и конкретна задача на идните локални власти е да се обидат да изнајдат решенија било по пат на легална урбанизација - внесување во деталниот урбанистички план или на друг начин да ги решат проблемите со ромските населби. Ова е особено важно прашање бидејќи условите на домување влијаат врз здравствените услови, врз образованието и др.
И на крајот, каде е Македонија на картата од земји кои веќе ја имаат изготвено или ја изготвуваат Националната стратегија? Временски доцниме во донесувањето на Стратегијата, Македонија е последна, но добро е што процесот коинцидира со процесот на донесувањето на Декадата на Ромите, но и што можеме да ги споредиме искуствата со земјите од регионот. Ние релативно брзо ја донесовме Стратегијата.
|