Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 30 Септември 2003  Тема

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ

Светски социјален форум: Поинаков свет е возможен

Патот кон Индија

Под мотото „Поинаков свет е возможен! Да го изградиме!“, патот од од Бразил води кон Мумбаи, Индија, каде во јануари идната година ќе се одржи Четвртиот Светски социјален Форум

Маријана Иванова

Светскиот социјален форум, кој годинава ќе се одржи по четврти пат, повторно ќе здружи илјадници луѓе кои се спротивставуваат на империјалистичките процеси, вклучувајќи и одредени глобализациски тенденции, а се залагаат, од друга страна, за свет кој нема да биде под доминацијата на „неговото височество доларот“ и на неолоберализмот воден од материјалниот интерес. Под мотото „Поинаков свет е возможен! Да го изградиме“ (Another World is Possible! Let’s Build It!патот од Порто Алегре во Бразил, каде Форумот се одржа минатата година, води кон Мумбаи во Индија, каде од 16 до 21 јануари 2004 година ќе се сретнат луѓето кои веруваат дега граѓанскиот потенцијал може да ја оствари таа порака.

Индискиот процес

Подготовките за Четвртиот светски социјален форум се одамна започнати - всушност, тие започнаа веднаш по завршувањето на Третиот форум (одржан од  23 до 28 јануари, во Порто Алегре во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул). Индискиот процес, кој ги опфаќа подготовките и организацијата на Форумот, веќе избра да се фокусира на: Империјалистичката глобализација; Патријархатот; Милитаризмот и мирот; Комунализмот (религиозното сектаријанство и фундаментализмот); и Кастизмот и расизмот (отпорите, исклучувањето и дискриминацијата базирана врз потеклото и работата). Врз основа на тие фокуси, формулирани се 10 главни, мошне провокативни теми (со уште 15-тина поттеми за секоја): 1. Милитаризам, војна и мир; 2. Медиумите, информацијата, знаењето и културата; 3. Демократијата, еколошката и економската безбедност; 4. Оддржлив и демократски развој; 5. Трудот и работата во продукцијата и социјалната репродукција; 6. Социјални сектори: храна, едукација, здравство и социјална сигурност; 7. Исклучување, дискриминација, достоинство, права и еднаквост; 8. Кастизам, расизам и други форми на исклучување врз основа на потеклото и работата; 9. Религија, култура и идентитети; 10. Патријархат, родови прашања и сексуалност.

Опозиција на Светскиот економски форум

Светскиот социјален форум започна како одговор на растечкиот неолиберализам и империјализам во светот. Тој првпат се одржа во Порто Алегре, во Бразил, во јануари 2001 година, како опозиција на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.  Бразил беше избрана како држава која е силно погодена од нео-либералистичките тенденции, а градот Порто Алегре и јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул поради своите про-левичарски ориентирани градоначалник и влада.

Светскиот социјален форум не е организација ниту обединета платформа, туку „отворено место за средби за демократска дебата и размена на идеи, за поврзување на граѓански групи и движења кои се против нео-либерализмот и доминацијата во форма на империјализам, и кои се посветени на градењето  планетарно општество во чиј центар е човековата личност“.

Форматот на Форумот е така осмислен што ќе овозможи поголем простор за самоиницијативно организирани активности. Се проценува дека на Форумот во Индија ќе присуствуваат околу 150.000 луѓе. Тие ќе присуствуваат на околу 200 семинари и работилници, покрај дискусиите, пленарните сесии, разните концерти, проекции, културни и други настани…

Со полни едра од Бразил

Организаторите на Светскиот социјален форум - Индија 2004 објавија Изјава на солидарност со Бразилскиот секретаријат на Форумот, во кој се вели дека „Едрата тргнаа од Латинска Америка, а бродот ќе ги спушти котвите во срцето на Азија“.

Светскиот социјален форум, всушност, годинава првпат се сели од Јужна Америка. Трите досегашни Форуми беа организирани од бразилски здруженија. Тие добиваа голема поддршка од меѓународните фондации и други донатори, а целиот процес, започнувајќи со 20.000 учесници, достигна учество од 125.000 луѓе годинава во Порто Алегре. Овој, последниов Форум, го следеа над 4.000 новинари од целиот свет.

На Форумот кој на почетокот на годинава се одржа во Порто Алегре во Бразил, директорот на МЦМС, г. Сашо Клековски, беше првиот претставник од Македонија кој се вклучи во овој светски процес. Тој своите искуства ги изнесе во февруарското издание на „Граѓански свет“, изразувајќи надеж дека во иднина, македонските граѓански организации ќе бидат позаинтересирани и дека директно или индиректно ќе ги следат овие настани. Целта на овој напис е токму тоа - да побуди интерес не само за Форумот што како настан се одржува неколку дена, со фокусирани активности, туку и за целиот процес што континуирано трае од еден до друг Форум - односно, непрекинато. Информации за наредниот, индискиот Форум, но и за сите досега одржани, можат да се најдат на веб-страницата: www.wsfindia.org. Преку неа можете да ги следите сите настани кои ќе уследат, и да го дадете својот придонес за поинаков, подобар свет, кој е возможен.

 

©MCMS - designed by KOMA